фото: принтскрин, Само вистина
Секој што е подготвен, да седнеме и да разговараме на основа на вистински вредности и Копенхашки критериуми, јас сум подготвен да разговарам. Но никогаш нема да се доведам до таква ситуација, како сликата во авиончето, кога „го добија датумот“. Потребно да имаме партнер со кој ќе разговараме врз основа на Копенхашките критериуми – вели Мицкоски во ТВ Дуелот со Ковачевски.
„Тоа што се случи кога Ковачевски, Спасовски Пендаровски го прифатија беше тоа што граѓаните најмалку го очекуваа но и покрај се, се обидоа да манипулираат со интелигенцијата на граѓаните и како свесно да работеа за интересите на Бугарија. Ние како ВМРО – ДПМНЕ кажавме ова како што е вака конципирано не го прифаќаме и еве и сега на Ковачевски во очи му кажувам дека ова вака нема да го прифатиме и ова што јас го зборувам сега ќе го претопиме во иднина“, рече Мицкоски.