8.8 C
Скопје
30/01/2025 07:52
МАКТЕЛ

   

Мицкоски му порача на Касами: Имиња на улици во Тетово нема да се менуваат без консензус

     

По реакцијата на тетовскиот сојуз на борци, на СДСМ, Левица и на ВМРО-ДПМНЕ, владејачката партија Беса, од која доаѓа тетовскиот градоначалник Билал Касами, ретерира дека ќе ги менува имињата на тетовските улици без консензус и Бадентерово мнозинство во Советот на Општината. Владејачката Беса ретерира дека ќе ги менува имињата на тетовските улици без консензус и Бадентерово мнозинство, откако борците од НОБ и македонскиот политички блок реагираа дека нема да дозволат улици да се именуваат по поранешни припадници на ОНА и на балисти. Претседателот на Комисијата за промена на имињата на улиците при Општина Тетово, Арѓенд Велиу, за „Слободен печат“ вели дека без консензус ќе нема промена на имиња на улици и дека не е точно дека веќе има изготвено список со нови имиња. Од Владата му порачаа на тетовскиот градоначалник и владин партнер Билал Касами дека предлогот нема да му помине. Опозициските СДСМ и Левица, како и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се децидни дека без Бадентерово мнозинство нема да се именува и да се преименува ниту една улица во Тетово.

Мицкоски и Касами против коцкањето/ Фото: МИА

Влада: Tоа не е дел од коалицискиот договор – Касами си тера своја агенда и тоа не е дел од коалицискиот договор. Таков предлог доколку дојде на владино разгледување, нема да биде прифатен – велат од Владата за „Слободен печат“. Велиу, иако неодамна за медиуми на албански јазик изјави дека од 297 улици само 81 имаат имиња, додека другите 216 се без имиња или имаат броеви, за „Слободен печат“ е крајно воздржан. – Допрва ќе се распише јавен повик, по што ќе има и јавна дебата за имињата на улиците. Не е точно дека има готов список со имиња. Од Сојузот на борци од НОБ зборуваат во ветер. Ништо не е одлучено и муабети од пазар се дека имињата се веќе утврдени. Не паѓајте на провокации, јасно е дека ќе се бара консензус за промена на улиците – ни изјави Велиу.

Совет на општина Тетово, Фото. Фејсбук Касами

   

Наспроти ова, советникот од Алтернатива Фатон Селами неодамна откри неколку предлози за имиња на улици, меѓу кои и Фадил Сулејмани, но и историски личности, како СкендербегИсмаил Ќемали, браќата Фрашери. Селмани вчера не ни одговори на телефонските повици. Според борците од НОБ, тетовскиот градоначалник Касами, најавил дека ќе бара консензус, но и дека ако тој не се постигне, односно ако македонските партии одбијат да бидат дел од процесот, тоа ќе го толкува како нивна согласност и дека за преименувањата не е потребно Бадентерово мнозинство.
По јавниот повик за нови имиња на улиците, ќе биде појасно дали Касами со вакви теми само се обидува да го крене рејтингот пред локалните избори, откако веќе потврди дека ќе атакува на втор мандат за градоначалник на Тетово, по што ќе ретерира затоа што му се потребни и македонски гласови. Тетовските советници од ВМРО-ДПМНЕ за „Слободен печат“ се категорични дека не прифаќаат преименување на улиците во Тетово. – Прифаќаме именување на 40 улици што се со броеви и имињата на тие улици да бидат пропорционално застапени, но не и преименување на улиците. Не прифаќаме имиња на улици според поранешни команданти на ОНА. Ако градоначалникот проектот го турка без Бадентерово мнозинство, тогаш нема да му помине на Влада – велат за „Слободен печат“ од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Сметките за струја нема каде да стигнат, улиците со броеви, куќите и без нив. Оттаму додаваат дека Касами именувањето на улиците сака да го протне како техничко прашање, бидејќи има улица под број 100, но куќите на таа улица немаат броеви, па сметки за струја, на пример, доаѓаат кај едно домаќинство, и тоа прави проблем. Според нив, ако преименувањата ги турка на сила, Касами на изборите не треба да се надева на македонски гласови.

Од СДСМ најавија дека нивните советници ќе се спротивстават на предлогот за преименување на улиците во Тетово по иницијатива на градоначалникот Касами. Социјалдемократите бараат власта да преземе мерки против идејата на нивниот коалициски партнер за промени на називите на инфраструктурните објекти во Тетово кои носат имиња од антифашистичкото минато. – На вредностите од НОБ и од антифашизмот почива современата македонска држава. Какво било бришење на најсветлите страници на македонската историја, значи удар врз темелот на кој почива државата. Значењето на партизанската борба и на нејзините идеали никој не смее да ги омаловажува, брише и пребришува – вели Андријана Томовска од СДСМ.

СДСМ побара премиерот Христијан Мицкоски да го повика Касами да се повлече од предлогот, а советниците на ВМРО-ДПМНЕ да бидат против.


Претседателот на СДСМ Венко Филипче изјави дека за именување улици, потребен е широк консензус. – Не може сериозни групи граѓани, како што е Сојузот на борци од Тетово, да се игнорираат. Не може, затоа што тие луѓе се вградиле во градењето на историјата на оваа земја. Не може некој тукутака, со гума, да ги избрише. Нека се отвори дебата, па ќе видиме што ќе биде резултат од таа дебата – рече Филипче. И Левица побара ВМРО-ДПМНЕ како коалициски партнер на Вреди да го спречи Касами да преименува „повеќе од 200 тетовски улици, со што се наметнува големоалбански шовинизам и се брише антифашистичката историја на македонската држава“. – Според неофицијални информации, меѓу имињата што се заменуваат се и имињата на истакнати македонски антифашисти, како Страшо ПинџурБлагоја Тоскоски Тоска и Радован Цониќ, кои сега се заменуваат со имиња на фашистички колаборатори. Потсетуваме дека ваквите тенденции се спротивни на Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, каде што јасно се наведува дека имињата не смеат да го нарушуваат угледот на Република Македонија, да навредуваат национални чувства на граѓаните или да го загрозуваат меѓуетничкиот соживот, јавниот морал и обичаите – велат од Левица.

Тетово Фото: Касами Фејсбук

По најавата за преименување на улиците, Општинската организација на Сојузот на борците од НОБ од Тетово остро реагираше и го предупредува градоначалникот Касами дека со најавената промена на имињата на улиците и отстранувањето на имињата на борците од НОБ и од антифашистичката војна, лесно може да ја отвори Пандорината кутија и да дојде до меѓунационална нетрпеливост. Борците од Тетово, но и граѓаните од македонска националност од Тетово, велат дека на списокот ќе се најдат имиња на Албанци што учествувале во конфликтот од 2001 година, како и имиња што немаат никаква поврзаност со Македонија и со Тетово. „Почитуван Билал Касами, како градоначалник на Општината, вие по Устав, закон и здрав разум, сте градоначалник во служба на сите граѓани што живеат во Општината, за која сте добиле чест и доверба да ја предводите. Определувањето имиња на улиците не е инструмент со кој можете политички да профитирате, туку е отворање на Пандорината кутија, од која може да излезат големи непријатности за сите“, се вели во писмото до Касами од борците од НОБ. Тие апелираат до членовите на Советот на Општина Тетово навреме и јавно да излезат со свој став против какво било преименување на улиците што носат имиња на национални дејци од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите, меѓувековните борби за државност, на нашите сојузници од антифашистичката коалиција, како и против какво било именување улици и инфраструктурни објекти со имиња на личности, настани и датуми што слават фашистичка, терористичка, милитаристичка или радикална личност, односно група.

 

Најново

ДУРИ 200 КОМПАНИИ ПОТПИШАА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ СКРАТЕНИ РАБОТНИ НЕДЕЛИ: Ова би важело за сите вработени, а 30 фирми веќе работат само 4 дена во неделата

Sase Ivanovski

Македонски државјанки, во договор со моден креатор кој престојува во Франција, се обиделе да шверцуваат 16 луксузни чанти

Sase Ivanovski

Кога Македонија ќе стане најбогата на Балканот

Sase Ivanovski

Украдени четири романски древни артефакти што биле позајмени на холандски музеј

Sase Ivanovski

ПОЧИНА СЛИКАРОТ И РЕЖИСЕР КОЛЕ МАНЕВ

Sase Ivanovski

Комеморативна седница за Коле Манев во Даут-пашин амам

Sase Ivanovski

Почина моќен саудиски принц

Sase Ivanovski

Мицкоски контра Камбовски: Нелогично е тој што избира да не може да отповика членови на Судскиот совет

Sase Ivanovski

Во Центар четири малолетнички тепале врсничка и снимале, па споделувале на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

ВО ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИМЕ ВО СИСТЕМОТ НА ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА Трошоците на банките ќе се намалат за 12 пати

Sase Ivanovski

НАМЕРНО НЕ РАСПИШАЛ ТЕНДЕР ЗА СЕРВИСИРАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИТЕ ВОЗИЛА Кривична пријава за екс помошник министер во МВР

Sase Ivanovski

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈОТ КАЈ КРИВА ПАЛАНКА-ДЕВЕ БАИР Расчистен е магистралниот пат А2

Sase Ivanovski

ГИ БЛОКИРАЛ СО 2 ВОЗИЛА ЗА ДА НЕ СВЕДОЧАТ ПРОТИВ НЕГО Уапсено лице од виничко Јакимово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МЕРИЛ СТРИП ДОЖИВЕАЛА ХОРОР БЕГАЈЌИ ОД ПОЖАРОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Актерката морала да исече огромна дупка во оградата за да си го спаси животот

Sase Ivanovski

СКОПЈАНКА ИЗМАМЕНА ЗА 3.200 ЕВРА Ѝ рекле дека мора да плати за ќерка ѝ да не оди во затвор

Sase Ivanovski

Чупеска: Работа на владата е да ги заштити граѓаните за да не дојде до бојкот

Sase Ivanovski

Чупеска: Советниците на премиерот Мицкоски значат уште поголемо влијание на Груевски во Владата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски најави контрола на работата на маркетите, Николоски во работна посета на Косово, „Македонско село” повторно е атракција, ќе се подобрува правната рамка за квалитет на воздухот

Sase Ivanovski

Димовски: Нова инвестициона ера, Македонија привлекува рекорден број на странски инвестиции

Sase Ivanovski

РУСИТЕ ГО ЗАЗЕДОА КЛУЧНИОТ ГРАД ВО ДОЊЕЦК? Украинците се истуркани во предградијата на Часив Јар

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ПРОЦЕНУВА МОЖНОСТА ЗА ГРАДЕЊЕ НА ПАТОТ ТЕТОВО-ПРИЗРЕН Николоски во Приштина разговараше за обнова на железничкото поврзување

Sase Ivanovski

СРБИТЕ ЖИВЕАТ ВО НЕВОЗМОЖНИ УСЛОВИ НА КОСОВО Вучиќ побарал разбирање од Лондон за ситуацијата

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Турција, Фуат Октај

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да шири демагогија и раскажува политички теории Чупеска нека си ги среди проблемите во СДС и нека почне да работи на консолидација

Sase Ivanovski

Илијанчо Гаговски за проектот за Ал Старгејт проценет на 500 милијарди долари

Sase Ivanovski

Шпанскиот премиер сака да ги направи „социјалните мрежи повторно одлични“

Sase Ivanovski

Дарко Костовски: КАМБАНАРИЈАТА НА СМИЛКОВСКО ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО ВЕЛИГДЕН !.

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче да си земе нови советници зошто не виделе дека вчера премиерот одговори за Додик

Sase Ivanovski

Морати за ТВ Н1: Српската влада нема капацитет да одговори на барањата, ЕУ без реакција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЛАДНО КУЧЕ НА ГАЗДАРИЦАТА И ЈА ТРЕСНА ОД ГЛАВА ПРАЗНАТА ЧИНИЈА

Sase Ivanovski

Брифинг за војната во Украина: Путин одбива директни преговори со Зеленски

Sase Ivanovski

Протестите за задржување на европскиот правец зачинети со антизападна пропаганда

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најавена најнадежната идна Soulslike RPG игра: Phanthom Blade Zero

Sase Ivanovski

Федерален судија привремено го блокира замрзнувањето на федералните грантови и заеми од администрацијата на Трамп

Sase Ivanovski

Новиот кинески модел за вештачка интелигенција DeepSeek е на радарот на националната безбедност на САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски до новинар: Ќе ве повикаат органите ако не кажете кои маркети ги зголемуваат маржите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГОСТУВАЊЕТО И НАСТАПОТ НА МИЛОРАД ДОДИЌ ВО СКОПЈЕ Е ХИБРИДЕН НАПАД ПРОТИВ ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

Ревизија на ПИОМ: Една третина од пензиите непокриени, податоците на граѓаните небезбедни

Sase Ivanovski

Анкета: 85 отсто од граѓаните на Гренланд не сакаат да бидат дел од САД

Sase Ivanovski

Десетици загинати во гужва и стампедо на фестивалот Кумб Мела во Индија

Sase Ivanovski

Од денеска најавени контроли во супермаркетите, трговците продолжуваат со високите цени

Sase Ivanovski

Олаф Шолц го одби повикот за реформа на германските гранични закони и го одбрани правото на азил

Sase Ivanovski

Министерството за дигитална трансформација организираше симулациска вежба за зајакнување на сајбер безбедноста

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОЧНА ДИКТАТУРАТА ВО АМЕРИКА: Новинарот Џим Акоста, главен критичар на Трамп доби отказ од ЦНН

Sase Ivanovski

Герасимовски: 120 хигиеничари активирани во чистењето на Центар, акцијата продолжува и утре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Додик во Скопје испрати опасни пораки, Владата молчи

Sase Ivanovski

Герасимовски: Телефонски пријави смет и дива депонија, нашите служби ќе се погрижат за хигиената

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каранфилова-Пановска: Бојкотот на маркетите е бунт на граѓаните поради пропаднатите политики на власта

Sase Ivanovski

„Пари, медиуми и избори“ – претставници на ИФЕС ги презентираа пред членови на КЕП наодите за државното финансирање во земјава

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ: Додека ние се расправаме за тоа кој е поголем македонски или албански патриот, ги оставаме нашите сограѓани полека да умираат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Мизрахи и ДПМНЕ се фатени со криење документи за Онкологија, обвинителството да постапи

Sase Ivanovski

Уште една нова градинка во Гостивар, се делат 10 нови вработувања

Sase Ivanovski

Лимани во посета на Гостивар: Соработката со општините е клучна, ги прошируваме капацитетите на градинките и обезбедуваме нови вработувања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Средбата на претседателот Гаши со новоименуваниот италијански амбасадор Палминтери.

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е Ами Ларсон Џаин

Sase Ivanovski

Жителите ќе се спасат од руината пред нивните домови, центарот на градот ќе се „збогати“ со уште една зграда

Sase Ivanovski

Лишени од слобода крадци во Пробиштип

Sase Ivanovski

ТОП ТЕМА: Дали власта одбра страна кога и ресорното министерство наместо мерки, праќа поддршка за бојкот?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата се фокусира на економски раст, 250 милиони евра за компаниите стануваат оперативни, рекорден откуп на тутун, се зајакнува системот на јавните набавки

Sase Ivanovski

Ивона Кузмановиќ: Прилеп нема мерни станици за да го измерат енормно загадениот воздух

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА НАПРАВИ ПЕТТА СМЕНА НА ДИРЕКТОР ВО КОМУНАЛНА: Новиот го подржува УЧК, им ги чкрта лицата на Стево и Гордана, бојкотира „КАМ“ и „СТОКОМАК“

Sase Ivanovski

Кенеди Џуниор ќе биде испрашуван во Сенатот за ставовите за вакцините и абортусот

Sase Ivanovski

Меѓународна канцеларија на ЛДП: Додик да се стави на црна листа во Македонија

Sase Ivanovski

Лекарот Игор Николов член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и советник на премиерот за здравство предложен за амбасадор во Франција

Sase Ivanovski

За Тинекс и Веро премиерот Мицковски најави ригорозна контрола

Sase Ivanovski

Кривична пријава против поранешен помошник министер и раководител во сектор за набавки во МВР за злоупотрена на службена положба

Sase Ivanovski

Републиканка во Конгресот предлага да се додаде портретот на Трамп на планината Рашмор

Sase Ivanovski

Касами: Не може во министерство да се прима човек кој е на црната листа на САД

Sase Ivanovski

Трамп: Маск наскоро тргнува по двајцата астронаути кои администрацијата на Бајден ги заборави на МВС

Sase Ivanovski

(ФОТО) Елмас во Италија да ја комплетира позајмицата во Торино

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ размислува за пензија: Татко ми ме поттикнува да ја завршам кариерата!

Sase Ivanovski

Силувано 12-годишно девојче во Валандовско, поведена истрага

Sase Ivanovski

ДУИ: Оставка од министерот за економија и итни мерки против растот на цените

Sase Ivanovski

Првата затворена спортска сала во Пинтија ќе биде готова до крајот на февруари

Sase Ivanovski

Левица поднесе Предлог – закон за укинување на двојазичните декларации на производите

Sase Ivanovski

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28. членка на ЕУ

Sase Ivanovski

Продолжен притворот на 10-те уапсени поради падот на настрешницата во Нови Сад

Sase Ivanovski

Голф на аеродромот во Берлин веќе една година е паркиран, сметката надмина 200.000 евра

Sase Ivanovski

Напад со дронови ја запали рафинеријата Лукоил-Нижегороднефтеоргсинтез во руската област Нижни Новгород

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Малку хумор-Доктор: 700е за живот се работи

Sase Ivanovski
Вчитувам....