Премиерот Христијан Мицкоски рече дека владата континуирано ја следи состојбата во Кочани и ги решава нивните проблеми, па како пример кажа дека владата го решила проблемот на повредените деца кои не можеле да се вратат од лекување од Турција. случувањата во Кочани тука да немате дилема. Еве конкретно ќе ви кажам дечињата кои се враќаа пред два три дена од Анкара што имаа непријатна ситуација на аеродромот во Истанбул лично разговарав со еден од родителите со тие од најблиското опкружување и лично со претседателот Ердоган и се среди цела работа. Дечињата дојдоа тука, организиравме транспорт од аеродромот во болницата „Осми септември“ беа прифатени. На нивна одговорност не останаа на еднодневно мониторинг лекување излегоа од таму, така ќе биде и во периодот којшто следи. Оваа работа Ќе трае со години, оваа работа нема да биде работа која завршува“, рече Мицкоски.
Тој најави дека лично ќе се сретне и ќе разговара со родителите на загинатите и повредените.