-За една иста средба за која и самите рекоа дека е неуспешна, тие излегуваат и велат дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило безусловно уставни измени. Граѓаните, медиумите, експертите знаат дека не е така, а лудо настојчиво лажат за нешто што е очигледно – дека уставни измени под бугарски диктат ниту сум прифатил, ниту некогаш ќе прифатам. Лажат затоа што друго немаат што да прават, рече Мицкоски.Нагласи дека се дегутантни аукциите и лицитациите кои секој ден се случуваат координирано од ДУИ и СДСМ за нови функции за ВМРО-ДПМНЕ.
-Мене ниту ми е до позиции, ниту на ВМРО-ДПМНЕ му е до функции особено не кога е загрозена Македонија и кога народот е под блокада и нема иднина. Доста беше поткусурување со идентитетот и блокада на интеграциите. Измените на Уставот може да поминат само со заштитен идентитет, обезбедена иднина и целосна и непречена карта за влез во Европската Унија. Благодарение на пратениците, на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои се вистинскиот бедем во македонскиот парламент, уставни измени под бугарски диктат нема да има, рече Мицкоски.
Порача дека нивниот став останува ист – промена на околностите и заштита на идентитетот и додаде дека не очекува позитивен одговор од власта. Потенцираше дека се дадени два предлози до власта кои, како што кажа, се јасни и бидејќи оттаму има молк и лаги го повика премиерот Димитар Ковачевски на дуел пред јавноста за сите да ја видат вистината.
-Тие се оние што ги менуваат ставовите. Пред да излезе францускиот предлог Ковачевски велеше дека тој не е прифатлив. Потоа волшебно, иако од предлогот не се промени буквално ништо, тој го смени мислењето и денес е главната скала на сопнување. Воедно она што претставува лицемерна политика е тврдењето на министерот за надворешни работи дека сепак Бугарите биле обесправени со сегашниот Устав. Како министер кој 20 години е актуелен на политичката сцена, чудно е навистина што токму сега му засмета Уставот и односот кон Бугарите, а не претходно, посочи Мицкоски.Истакна дека токму корупцијата и криминалот, кои се тема на денешната трибина се најтешката дијагноза на нашето општество.
-Корупцијата е раширена и во најситните порни од општеството. Ја претворија Македонија во територија на мафијашки кланови, каде точно се знае кој од власта кој тендер го добива, и колку проценти треба да и врати на партијата на власт. Имате преку ноќ креирани бизнис магнати кои се богатат на трудот на народот, рече Мицкоски.