10.8 C
Скопје
24/05/2025 22:38
МАКТЕЛ

     

Мицкоски на прославата за Свети Кирил и Методиј, повика на единство: Обединети, не само што ќе опстанеме, само така и ќе победуваме

      

„Почитувана ректорка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана Ангелова,
Почитуван поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Јустинијана Прима г.г. Стефан, Драги колеги, почитувани екселенции, уважени гости и пријатели, Денес го празнуваме споменот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нашите првоучители, светилници на словенската писменост и темелот на нашата духовна и културна самобитност. Овие двајца браќа, благородни по срце и ум, ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет. А да не заборавиме дека најголемите потоа ја опишуваа вредноста која овие браќа ни ја оставија и еве повеќе од еден милениум е нашиот светилник низ сите бури, низ сите предизвици и животни стрмнини кои ги искачуваме. „Јазикот е темел на вредноста, јазикот е вистински темел на народноста. Без свој литературен јазик, еден народ е како човек без душа“, велеше големиот Мисирков. „Без јазик нема народ“, говореше Блаже Конески. А јазикот, нашето слово, започнува токму со нив.

Свети Кирил, со духовна проникливост, ја создаде глаголицата, првото словенско писмо, кое подоцна, со трудот на учениците, ќе се развие во кирилицата — нашето писмо. Неговиот брат, Свети Методиј, како мудар учител, се бореше тоа слово да добие место меѓу јазиците на богослужбата — рамо до рамо со латинскиот, грчкиот и еврејскиот. „Словото Божјо треба да биде разбрано од сите народи, во нивниот мајчин јазик“, велеа светите браќа. Таа борба за право на свој глас, право на своја духовност, е основата на нашата вековна борба за самостојност, идентитет, и национално достоинство. Нивната мисија продолжува преку секој ученик што учи да чита, секој писател што твори, секој наставник што пренесува знаење. Тие не се само минато, тие се вековен мост кон иднината. Денес, кога нашиот народ стои пред нови предизвици, кога светот се обидува да нè дефинира и објаснува, токму нивната мисија нè потсетува кои сме.

   

„Не плашете се од вистината, таа е светлина која не се гаси“, велеше Свети Кирил. И таа светлина не згаснала. Таа гори во срцето на секој Македонец што го сака својот јазик, својата култура, и својата татковина Македонија. И за време на ваквите денови вообичаено во одредени кругови следи, би рекол една простодушна дебата за тоа кои се Светите браќа, чии се, на кому му припаѓаат, и притоа без исклучок се пропушта да се види големата слика, без да се помисли за тоа колку на овој начин и со таква дебата се гази по нивното дело, се заборава нивната улога, и колку е безначајно прашањето чии се, во споредба со прашањето дали и колку ги применуваме нивните пораки, зборови и завети кои ни ги оставија. И никогаш нема да навлезам во таквата несуштествена реторика, затоа што ние самите не смееме да се поткопуваме себеси и најдобро знаеме кои сме, и од што сме создадени. Може ли да се одреди една шума со многу родови од која билка почнала да се создава. Може ли да се одреди кое зрно песок било првото, тоа семе на мудроста и светлината беше посеана од Светите Кирил и Методиј низ целиот словенски род, а Македонија доби слово, писменост и духовна мудрост низ вековите. Од тоа семе кое е наш „светилник низ вековите и за иднината“ изникнаа и најдобрите нивни ученици Свети Климент, Свети Наум, Горазд, Сава, Ангелариј. Така се роди и нашата света Македонска православна црква, со многувековен континуитет, чиј директни темели се светата Охридска архиепископија кој е идентична со поранешната Архиепископија Јустинијана Прима.

И овој мој говор и оваа наша свеченост се случува во Црквата Света Софија која беше и историски соборна црква на славната Охридска Архиепископија, и токму меѓу овие ѕидови, фрески се славеше многувековно Бога, но и се раѓаше и негуваше нашата култура, нашиот идентитет и засилуваше нашето постоење. И затоа нашата Македонска православна црква е еден од најсилните бедеми на нашиот народ. Таа е мајката на нашиот духовен раст низ вековите, нашето засолниште и најсилен доказ за нашето постоење. Секој удар по нашата црква е удар по Македонија, по нашето постоење и битисување. Треба секој од нас да ја чува црквата, да ја почитува и да се бориме да придонесеме што повеќе со единство и знаење да победуваме на темите важни за нашата иднина. И ова однесување треба да биде подеднакво и внатре и надвор, и за оние во врвката и надвор од нејзе.
Така треба да се однесуваме и кон сите наши огништа кои се потврдата за нашето постоење. И кон најстариот Универзитет Свети Кирил и Методиј и кон нашата Македонска Академија на науките и уметностите која била и продолжува да соединува многу мудри и достоинствени умови, синови и ќерки на нашиот народ и држава. Затоа што не сме премногу да се двоиме, и не сме пресилни за да се разединуваме.

Гане Тодоровски пишуваше: „Малцичка сме ли ете па што, малцичка божем а веќе со векови, по стопати по севезден нè пребројуваат, но ние сме како што сте како што се . И покрај сè и покрај сè,
колку сме толку сме токму сме!“ Драги пријатели, Сакам да се осврнам на две теми кои се суштествено важни за нашето постоење. Првата се надворешните напади, блокади и негирања со кои еве 30 години како држава се соочуваме. Тие се насочени кон разјадување на темелите на нашето постоење. Нашето знаме, народ, химна, јазик, култура. Мора да бидеме свесни дека многумина нашето битисување на овие простори не ги прави среќни. После сите негирања, кочења, напади многумина може да го донесат заклучокот, „добро дали постои нешто што не негираат?“. Пред да го дадам одговорот на ова прашање, морам да кажам дека како човек и како претседател на Владата сум многу спокоен, затоа што знам кој сум, знам кои сме и што сме. И не треба да не вознемируваат таквите негирања, затоа што во глобалниот свет на поголеми и помали, на посилни и послаби, тоа е природен процес на докажувања. На помалите народи им преостанува да играат мудро и стабилно. А во однос на негирањата одговорот ќе го добијат одговор и тие и сите други во оригиналните списи кои во оваа прилика се изложени на десетина метри од местото на овој мој говор. Со оригиналните ракописи на еден од многуте „големи“ за нашиот народ.

Ѓоргија Пулевски еден од најзначајните личности во македонската историја, борец за национална самобитност, писател, револуционер и еден од првите што го истакнуваат постоењето на македонската нација и јазик, пред два века напиша: „Јас сум по народност Македонец, Македонците се народ, а не племе, и да сакаме да имаме свои книги, свој јазик и своја многу вековна историја.“
Свети Кирил и Методиј во деветтиот век создадоа глаголицата и го преведоа Светото Писмо на старословенскиот јазик. Пулевски, девет века подоцна, го продолжува нивното дело но во нов контекст – борба за национален јазик и идентитет на Македонците. Тој настојува македонскиот јазик да добие литературна и национална легитимност во време кога тој не беше официјално признат. И Кирил и Методиј и Пулевски го користат јазикот како средство за еманципација – едните духовна, другиот национална. Веднаш до тие ракописи, стојат оригиналите од пишувањата на Крсте Петков Мисирков кој велеше: „Секој народ има право да создаде свој литературен јазик, и тоа право им припаѓа и на Македонците. Денес треба да се определиме – дали сакаме да бидеме народ со своја посебност или ќе се изгубиме во туѓите народи.“

Овие грамадни големи ни се паметници за нашето постоење, но и тие ракописи се порака кон нас самите. Ниту една наша отстапка на наша штета овие триесет години не ќе беше возможна доколку не наидоа на пукнатини во нашите редови, ќе повторам ниту една отстапка да биде возможна доколку не наидоа на пукнатини во нашите редови, доколку не направеа процеп на наша штета. На излегување ве молам добро да ги видите и прочитате. И запаметете сите ние сме онолку силни, колку што е силна најслабата алка во синџирот. Втората тема на којашто сакам да се осврнам се токму тие наши домашни превирања, внатре државни сопки кои ги правиме пред очигледните притисоци однадвор. Замислете позиција каде ќе бидеме единствени, едногласни за најважните прашања, нешто што реално не се случуваше овие повеќе од 30 години. Замислете позиција каде нема да се делиме пред надворешните фактори, нема да паѓаме во нивните очи преку математиката на броење на прозападни и происточни крвна зрнца, каде ќе ги искористуваме сите шанси кои ни ги дава историјата за приклучок кон големите процеси на европско и светско ниво. Замислете позиција каде власта и опозицијата ќе делуваат единствено, нема да имаме внатрешни процепи, каде секој политички чинител, своите слабости и не поддршка од народот нема да ја надополнува преку попустливост пред оние предизвици коишто доаѓаат од надвор. Притоа морам да кажам дека судбината и шансата на малубројните народи е да се пронајде на мудар начин во интересите на големите играчи на политичката сцена. Тоа е единствениот начин на кој можеме да опстоиме. И ова добро мора да го запаметат и оние од опозицијата кога го напаѓаат договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, па кажуваат дека долгот ќе се зголемел поради инвестициите, па лагата дека мигранти ќе се носеле, само за да издејствуваат некој политички поен за себе. Едноставно, и во историска и во секоја друга смисла не вреди таквата реторика, и се прави штета на државата.

Замислете каде ќе бевме сега доколку пред повеќе од 30 години направевме силни пактови со нашите стратешки партнери, западни сојузници, доколку тогаш и во сите години потоа не се делевме, не се каравме за стратешките цели и склучувавме пријателства од кој бенефит ќе имаа сите граѓани. Не одете подалеку, погледнете неколку од нашето соседство, кои имаа таков пристап, тие отидоа и подалеку и посилно, затоа што ги фатија и приграбија историските шанси.мА да не заборавиме, додека сите тука заедно седиме во удобни одела, и меки седишта, во ниту еден момент не заборавајте дека народот живее тешко, мачно и некои процеси како иселувањето се многу болни и штетни. И ова не се случи од вчера, туку ова тивко умирање е најглавниот предизвик со кој мораме да се соочиме. Ова се проблемите со кои заспивам и се будам. Но воедно ова се проблемите за чие решавање треба сите заедно да работиме.,За да направиме квантни скокови потребно ни е градење на државно и национално единство. Подавање на рака, и клучна согласност за најважните прашања за татковината. Не барам јас единство за секое, туку за најважните прашања. Единството не значи да бидеме исти, туку да бидеме заедно во нашите разлики. Моите напори како човек кој ја има одговорноста да ја предводи Владата е да решам што е можно повеќе проблеми заедно со луѓето коишто се мои соработници, но и да постигнам единство важно за државата. Мојата порака е за мобилизација на секој креативен потенцијал во функција на заедничката иднина, да постапуваме мудро и со голема енергија за промени. Да ја препознаеме важноста на моментумот, да имаме договор и консензус за иднината на државата.

Во минатото народот постојано чекаше да помине нечие време. Му велеа почекај треба да помине времето на транзицијата, потоа почекај време е сега за поинакви воени конфликти, па време на економски должнички кризи, па мора да се помине времето на преговори за големите алијанси, уставни кризи и на што уште не помина овој народ. Но јас ви велам дека нема време за чекање и дека доаѓа сега единственото време, а тоа е времето за Македонија. Мојата среќа лична е целосна неважна, доколку народот е несреќен. Што сме ние во однос на прашањето и предизвикот да победиме за Македонија, конечно после повеќе од 30 години да дојде не моето, туку да се избориме за времето за Македонија. А за да имаме прогрес мора да веруваме и цврсто да се држиме до принципи. Разликата со многумина е што едни на политичката сцена живеат од државата, а други за државата. Мора да постигнеме одговорност и никогаш, ниту до сега, ниту од сега нема да потклекнам на притисоци ниту ќе правам пакт со криминал и оние кои имаат намера да ја осиромашат државата или да случат пактови на штета на идентитетот на граѓаните на Македонија. Не заборавајте дека најдоброто од нашата историја е пишувано со жртва, доблест и единство.

Махатма Ганди велеше дека: „Вистинскиот патриот е тој што ја сака својата земја доволно за да ја подобрува, а не слепо да ја следи.“ Денес, повеќе од кога било, сме исправени пред предизвикот да ја зацврстиме најголемата вредност што една нација може да ја има, а тоа е единството. Тоа значи да разбереме дека различноста не е слабост, туку сила. Силна е таа земја чии граѓани стојат еден покрај друг, не поради страв, туку поради заедничка надеж. Не затоа што мораат, туку затоа што веруваат во таа нивна заедничката иднина. Нашата историја е сведоштво за тоа што можеме да постигнеме кога сме обединети. Во најтешките времиња кога сме биле притиснати, поделени, па дури и кога ни било одземено правото да зборуваме со свој глас секогаш сме се издигнувале преку заедништвото. Денес, единството не се бара само на барикадите или во одбраната туку во секојдневието. Во начинот на кој разговараме, на кој решаваме проблеми, на кој ја градиме нашата држава. Да бидеме нација кој не се плаши од разлика, туку која прегрнува. Народ кој знае дека само со заеднички чекори може да оди напред. Да не заборавиме: Нема поголем патриотизам од тоа да се обединиме за доброто на сите. Не за поединци, не за партии, туку за нашата татковина. Нема западна или источна, нема држава на оваа или онаа партија, туку само единствена Македонија.

И затоа, и затоа, денес не зборуваме само за минатото туку ја славиме нашата истрајност, нашата решителност, нашите победи. Потребни ни се победи. Победи кои не секогаш се мерат со фанфари или со наслови на весници, туку со секојдневната борба за обичниот човек, за трудот на работникот, за знаењето на учениците, за вербата на младите, и за мудроста на нашите постари. Ние сме народ кој многупати бил потценет, но никогаш покорен. Народ кој чекори исправено. Нашите победи се тивки, но длабоки. Не се само за нас тие се порака до светот. Ние сме земја можеби мала по територија, но голема по срце и затоа, кога ќе погледнеме напред, да не се плашиме туку да се гордееме. Да веруваме во тоа што сме, и уште повеќе во тоа што можеме да бидеме. Обединети, ние не само што ќе опстанеме ние само така ќе победуваме. Да живее нашата заедничка татковина и Бог да ја благослови Македонија!“

   

Најново

(ВИДЕО) Најголемиот настан досега во Среќа Бар… се случи!

Sase Ivanovski

Ракија со кафенцето наутро е рецептот за убав почеток на денот на Здравко Чолиќ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “Пратеници голема (не)благодарност за поддршката” и “Системот убива” се двата транспаренти кои испраќаат порака до народните избраници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Потресни сцени на маршот во Кочани: солзи и лелеци по загинатите деца

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Слободен печат“ направи анкета во која ги прашуваше туристите како им се допаѓа Македонија, како дознале за нашата држава и што ги привлекло да ја посетат

Sase Ivanovski

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Sase Ivanovski

Препорака за нова бесплатна игра за мобилни телефони – Game of Thrones: Kingsroad

Sase Ivanovski

„Правфонд“ финансирал руска пропаганда во Европа и на Балканот, открива меѓународно истражување

Sase Ivanovski

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Sase Ivanovski

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Sase Ivanovski

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Sase Ivanovski

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Sase Ivanovski

Основнотото јaвно обвинителство ја обжали одлуката за куќен притвор за Васев и за Нухи

Sase Ivanovski

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Sase Ivanovski

Зеленски повика на дополнителни санкции врз Русија по најновиот напад врз Киев

Sase Ivanovski

Тренинг-програма за родова еднаквост: Од учење до акција преку критичко размислување за родовите прашања

Sase Ivanovski

Војници од Израел и Палестина предупредуваат за широка употреба на жив штит во Газа

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Sase Ivanovski

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Sase Ivanovski

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Директор на ЈП КХС: Се чувствувам должен да ви се обратам за една сериозна ситуација што се случува во Општина Чаир

Sase Ivanovski

Активното учество на Собраниска делегација на Марaкeшкиот форум како потврда за посветеноста на економски развој на Медитеранот

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ ги подготвува советничките листи, Герасимовски и Христовски сигурни кандидати за нов мандат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Конструктивни сме кога е во интерес државата, в понеделник ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

Sase Ivanovski

Филипче: Владата воведе данок на иднината а под хипотека се неколку идни генерации

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПС НА МЕДИТЕРАНОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Данела Арсовска: И денес продолжува “филозофирањето” на МВР и претседателот на Владата кој не ги знаеше надлежностите на Градот Скопје

Sase Ivanovski

Оркестарот на АРМ утре со едночасовен концерт во Скопје

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Поради одржување на атлетска трка утре (недела) во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова ја посети базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Sase Ivanovski

Средба на претседателот Гаши со претседателот на Горниот Дом на Парламентот на Мароко, Мохамед Олд Ерашид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Случајот Онкологија може и мора повторно да се отвори, сите знаат за одговорноста на Венко Менгеле

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко не го разбира поимот грабеж, грабеж е кога газда Венко и газда Филипче мора да ќарат на тендер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: ОЈО да ја провери улогата на Филипче во случајот Онкологија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Филипче зборува за идентитет и јазик е како криминалец да се колне на чесност

Sase Ivanovski

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, просветниот кадар го добива заслуженото, до сега платите зголемени за 12%, а следува раст од 46 до 60 отсто

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре (недела) од Средно Водно до манастирот Св.Пантелејмон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богојески: Треба амнестија на украденото за да се вратат сите милиони и да се извадат од под перница и да се оданочат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО Е ЗАТВОРЕН, СЕ ПРЕВРТЕ КАМИОН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија директно надвор од National Geographic

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРИЗМА: ВЕРСКИ ИМОТ ПОД ЛУПА

Sase Ivanovski

Започнува новата авиолинија Скопје-Ларнака Кипар

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МАКЕДОНСКА МОБИЛНОСТ НА ОМРАЗА – БОГОЈЕСКИ, АТАНАСОВА – СТАДИОН НА КАНАЛ77

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „УБИВАМЕ ВЕДНАШ, НЕМА ЗАТВОРЕНИЦИ“ Единицата „Ахмат“ со остра порака до странските платеници што се борат за Украина

Sase Ivanovski

МИГРАНТИ ПУКАЛЕ КОН СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА Едно лице е убиено, четворица се уапсени кај Шид

Sase Ivanovski

(ФОТО) ОКО ЗА ОКО, ЗАБ ЗА ЗАБ – РУСИЈА ИЗВРШИ БРУТАЛЕН НАПАД ВРЗ КИЕВ Главниот град на Украина во пламен, паѓале делови од дронови насекаде

Sase Ivanovski

Европскиот пат: Уцени наместо принципи?

Sase Ivanovski

ГРМЕЖИ, ПОРОЕН ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР Утре особено ќе биде опасно во источните и јужните делови

Sase Ivanovski

Познат идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка во Скопје

Sase Ivanovski

„Сите за Кочани – трчаме заедно“: Хуманитарна трка во седум македонски градови

Sase Ivanovski

Голем пад на превозот на стока во камиони во првото тримесечје од 2025

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Дали градежната дозвола за хотелот на Мијалкови е законска – не се спровела оцена за влијание врз животната средина?!

Sase Ivanovski

Трамп се закани со воведување 50 отсто царини за ЕУ

Sase Ivanovski

Русија ќе му достави на Киев нацрт-договор за прекин на огнот по размената на затвореници

Sase Ivanovski

Филипче во Штип: Од луѓето слушнав дека тешко се живее

Sase Ivanovski

Таравари: Вратата за тие што заминаа засекогаш е затворена, тие секогаш беа сателити

Sase Ivanovski

Семејствата на жртвите од Кочани ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Sase Ivanovski

Лишено лице од демирхисарско за предизвикување на општа опасност

Sase Ivanovski

СДММ: Сергеј Попов без кацига на мотор, ќе го казни ли Тошковски?

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, пронајдена дрога,лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери просветните работници и учениците, ништо од ветеното не исполни!

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалозен тендер на Тошковски од 4 милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

Sase Ivanovski

Претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пронајдени оружје и муниција, лишени од слобода четири лица

Sase Ivanovski

Честитка од Африм Гаши за 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Sase Ivanovski

СВР Штип – ОВР Свети Николе расчистија повеќе кривични дела, поднесени кривични пријави против две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство значи инвестиции и сигурна реализација на капитални проекти, СДС ја задолжуваше државата, а парите завршуваа во приватни џебови

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ и Мизрахи не успеаја со криење документи да го обвинат Филипче за Онкологија – треба да се извинат

Sase Ivanovski

„Мит и стварност“ – нова книга од Паскал Гилевски

Sase Ivanovski

Филипче: Светите Кирил и Методиј се темелот на нашиот македонски јазик, идентитет и култура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Делото на Кирил и Методиј – наследство кое описменува генерации и служи како вечен патоказ за негување на јазикот

Sase Ivanovski

Филипче од Штип: Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе овозможи изградба на брза железница на Коридорот 10, уште еден колосек на пругата од Табановце до Гевгелија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Судиите и обвинителите клиентелисти на СДС ги штитат политичките криминалци, зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија?

Sase Ivanovski

Министерката за образование и наука Весна Јаневска упати честитка по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Кирил и Методиј не познава граници, тоа живее и денес, тие го поставија темелот на писменоста, образованието и културниот идентитет

Sase Ivanovski

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Sase Ivanovski

Мицкоски: На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нивната благородна мисија обединува и денес

Sase Ivanovski

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СОСТАНОКОТ СО ЧЛЕНОВИТЕ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ВО ВРСКА СО ФАКТУРИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ ОД ЈАПОНИЈА: Благодарност до Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија која ја овозможи оваа посета покривајки ги сите трошоци, вклучително и авио билетите и хотелското сместување

Sase Ivanovski
Вчитувам....