Вечерва во просториите на Владата се одржува состанок помеѓу премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претставници од коалицијата „Вреди“.
Иако засега нема официјални информации за точната агенда на средбата, таа се случува во контекст на најновите случувања во рамки на коалицијата, особено по изјавата на Арбен Таравари, лидер на едното крило од Алијансата за Албанците, дека неговата партија на следните локални избори ќе настапи самостојно. Оваа одлука претставува отстапување од претходно договорениот став коалицијата да настапи со заеднички кандидати и листи.
Очекувањата се дека на средбата ќе се разговара за идните чекори на коалициските партнери, стабилноста на парламентарното мнозинство и евентуалните импликации од можната самостојна кандидатура на Таравари.