Како малоброен народ сакаме да потврдиме дека она кое што за нас е важно, е да во деновите кои што овде ќе разговараме за важните прашања ги донесеме најзначајните одлуки, кои што ќе ја моделираат иднината на човештвото во следните декади.И ние ќе го дадеме својот придонес, Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите како македонска влада сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и македонските граѓани.
Она кое што исто така сакам да го потврдам, е дека остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минимум 2 проценти од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата Армија, нешто кое што е многу важно, бидејќи само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата Светска одбранбена Алијанса која што некогаш постоела.“