|
|
|
|
|
|
|
|
|
![]() Оваа влада ги реалоцира средствата од буџетот кон општините- кон сите општини- без разлика дали градоначалникот е од редовите на оваа влада, од опозицијата или е независен.Нови 15 милијарди денари, кога ќе се додадат на претходните 6 милијарди од првиот повик, значи вкупно 21 милијарда денари. Како што кажа и градоначалникот, тоа се предвидени средства за финансирање проекти во висина од околу 15 милиони евра — нешто што навистина претставува историска бројка.Ако на ова се додадат уште два многу значајни проекти за овој регион, ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите советници кои гласаа реконструкција на Кирил Пејчиновиќ, гимназијата, во вредност од прилика 50тина милиони денари, проект донација преку општествената одговорност на една фирма.Но, тука е и патниот правец којшто Тетово треба да го поврзе со Призрен. Веќе е формирана работна група од наша страна, од македонска страна, од косовска страна којашто ќе работи и на овој проект.Така што, важно е да се гради. Македонија да се гради, тоа е многу важно.За разлика од тоа како функционираше порано владата, кога Македонија се крадеше, оваа Влада функционира во насока на интерес на граѓаните, односно-да ја гради Македонија. Тоа е наша цел и тоа е приоритет.Уште еднаш, дозволете ми на крај да изразам огромна благодарност и честитки и до градоначалникот, и до советниците, и до администрацијата во Општина Тетово, до членовите на Владата, до пратениците коишто доаѓаат од Тетово и од Полошко и од регионот коишто направија не само овој проект, туку и сите други проекти, наскоро да станат реалност и да можат тетовчани и граѓаните од Полошкиот регион да ги користат.“ |