31.8 C
Скопје
26/06/2025 08:15
МАКТЕЛ

   

Мицкоски: Од уназадена и обезличена Македонија креираме Македонија која е повторно ваша, порача Мицкоски од Прилеп и најави две нови економски мерки

      

Драги прилепчани добрa вечер,Добрa вечер за градот херој, за луѓето кои секогаш биле на страната на Македонија.Еве не на една година од нашиот мандат. Не се затворивме во канцеларии, макадамот не го заменивме со дебелите килими и удобните фотелји. Таа врска со народот на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе трае. И ќе ви кажам искрено, секогаш е подобро помеѓу својот народ. Помеѓу луѓето на Македонија кои најдобро чувствуваат, кои знаат да прекорат, но и знаат кој е за што, кој искрено се бори и како вистински стојат работите.

   

И во оваа година што помина минавме заедно низ многу премрежја. Не почнавме од нула, веќе слушнавте,  почнавме од минус. Тој минус значеше да исплаќаме заостанати плати, заостанати субвенции, да се бориме, да застанеме на нозе, да ги исправиме работите.

И знам дека секој почеток е тежок. Секој нов почеток е уште потежок, затоа што наследуваш веќе стекната состојба и како што народот вели, не почнуваш од нула, туку од минус. И повторно градиш темели, одново поставуваш столбови и ги засилуваш носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за тебе и твојата иднина. Тие темели треба да го донесат времето на Македонија, време кое допрва доаѓа. Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме, заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на просперитет, ред, развој, почит, човечност, вредности. Земја со која ќе се гордееме, земја која ќе биде на вистинскиот пат, повторно твоја и ќе работи за тебе.

1 година од новиот почеток,1 година повторно градење темели,Оваа година година беше за тебе, беше за сите нас!Кога ќе погледнам во очите на луѓето кои секојдневно ги среќавам, знам дека морам да направам сè што можам за да имаат подобар живот. Така и ја гледам Македонија – со љубов и одговорност. За тебе, за твоето семејство, за иднината што ја градиме заедно, за надежите кои не смеат да бидат изневерени.

Промените не се случуваат преку ноќ, но секој ден што вложуваме е чекор поблиску до Македонија со која ќе се гордееме. Не ветувам совршенства и чуда, туку ветувам искреност и упорност во секој чекор и борба за тебе и иднината каква што ја заслужувате.

И каква иронија. За опозицијата повторно Македонија била понижена, тоа е нивната слика и нивната идеја, тоа е нивниот слоган. За нас пак, Македонија секогаш била света работа,  горда, исправена и нашата борба е таа да биде повторно ваша.Нивната понуда е хаос, насилие, безидејност. Нашата е работа, упорност и непоколеблива волја да покажеме дека најдоброто допрва доаѓа.

Јасно  е дека разликата е голема.Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа за да денес имаме раст на БДП од 3.2% во првиот квартал од оваа година и да бидме  4та економија во Европа според тој раст на БДП.Од последни во Европа по директни странски инвестиции, до први во Европа со 1 милијарда и двесте педесет и пет милиони евра што е најдобар резултат од независноста до денес.

Од двоцифрена инфлација до ниска од 2.7% за месец март. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците од 9 до 10 проценти на годишно ниво. Од индустриското производство коешто  беше минус 2%, до раст на истото тоа индустриско производство во март од 5.2%. Од автопат Кичево-Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов. Од купување на трговски центри, соравии, до работа на експресен пат за Прилеп и автопат за Битола. Затоа што нема повеќе тендери во 4 очи и денес има одговорност.

Од руинирани и запустени студентски домови, до студентски домови кои се градат и осовременуваат.Од срамни и штетни договори до стратешко партнерство со Обединетото Кралство и Северна Ирска.Од одземена и обезличена Македонија до Македонија која е повторно ваша, и кажува што сака и за што се бори. И затоа велиме дека времето на Македонија допрва доаѓа!

Драги пријатели,Денес темата на денешната трибина е економија и дигитализација, и овде слушнавте направивме многу за една година во тешки условите услови во кои работевме.Обезбедивме над 500 милиони евра поддршка за компаниите за реализација на инвестиции и за поддршка на општините за реализација на капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните. Тоа кое што го зборувавме во опозицијата тоа го работиме и кога ја преземавме Владата.

Обезбедивме раст од тие 3,2% за кои што зборувавме. По седум години намален е јавниот долг, и  заклучно со март 2025 година има намалување 4,7 процентни поени во однос на БДП. Буџетскиот дефицит е намален на ниво од 4%.Платите растат, повисоки плати за администрацијата, здравството, образованието, полицијата, културата.

Целосно е отплатена ,  како што слушнавте, таа Еврообврзница која што тогашната влада на СДСМ и ДУИ, предводена од зоран заев ја зема во 2018 година од точно половина милијарда евра. Намалување на царинските стапки за 67 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија и целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД како наш стратешки партнер.120 нови услуги за граѓаните на националниот портал uslugi.gov.mk.

Признавање на електронските документи како целосно валидни.Државата за прв пат добива Закон за безбедност на мрежи и информациски системи.Се подготвува издавање во електронска форма личната карта и возачка дозвола. Се спроведе забраната за 226 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.И она што е важно за Прилеп, обезбедивме и исплативме над 9 милијарди денари заостанати  субвенции за земјоделците.

По претходно спроведена постапка, обезбедени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 2.700 хектари.Откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа за минатата  година, а исто така Владата ја  зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм.

Ќе направиме, почитувани прилепчани уште многу работи заедно. Свесен сум дека се живее тешко и нашата желба е тоа да го смениме.Затоа во наредниот период ќе бидат објавени две мерки.

Првата, во рамки на мерката за поддршка за самовработување, предвидуваме 7.000 евра по лице, за самовработување на младо лице до 29 години предвидуваме неповратна поддршка од 10.000 евра, додека за здружување на корисници до две лица да основаат бизнис, висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 до 20.000 евра при што 20.000 евра се однесуваат на содружници кои се до 29 години. Ова е многу важно за младите претприемачи кои што сакаат да почнат бизнис.

На овој начин  обезбедуваме поддршка на приватната иницијатива и поттикнуваме што повеќе луѓе ова да го користат.Втората мерка, Вработување и раст на правни субјекти каде предвидуваме да се опфатат 1720 лица, иако како што кажа министерката за финансии досега се отворени нови речиси 15000 работни места, откако оваа Влада е избрана.

На овој начин ќе се олесни процесот на вработување и придвижување на процесите.Наследивме систем што се кршеше и паѓаше, институции што изгубија доверба, луѓе што изгубија верба.Но, не се предадовме. Не го оставивме својот дом во рацете на минатото.Ги ставивме првите тули на новите темели, со посветеност и љубов кон секој човек, секоја заедница, секој сон. Ги поставивме столбовите што ќе го издржат товарот на иднината. Ги засиливме носечките што ќе ја држат оваа земја исправена и горда.

Овие темели не се само тули, или камења и бетон. Тие се секој наш збор, секој наша капка пот и секој чекор што го правиме за тебе, за твоето семејство, за твојата иднина.Овие темели се твојата доверба, твојата борба, твојата вера дека Македонија заслужува повеќе – заслужува правда, ред, развој и почит.Тие темели се почеток на новата ера. Време кога Македонија повторно ќе биде твоја – земја на можности, земја на човечност и вредности, земја во која секој ќе може да се гордее.

Ние не ветуваме брзи решенија, затоа што знаеме дека вистинските промени бараат време, трпение и упорност. Но, знаеме и дека секој ден на напредок е ден на победа.Секој ден е борба за достоинство, за иднината што ја заслужуваме. За децата што ќе растат во безбедна и чесна земја. За сите нас што веруваме дека можеме и мораме подобро.

Оваа година беше година на напорна работа, на посветеност и враќање на доверба, консолидирање на состојбата и стабилизација. Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат на Македонија, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидирање кое ќе донесе раст.

Затоа, дрги прилепчани,  денес гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на Македонија допрва доаѓа!Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога Македонија ќе се издигне посилна и посветла од кога било.Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе постојат како нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна и заложби.

1 година од новиот почеток, 1 година градење темели, 1 година посветена на тебе.Заедно сме силни, заедно ја создаваме Македонија што ја сакаме и ја заслужуваме.Времето на Македонија допрва доаѓа – и ја градиме тврдината на довербата, земјата на развојот, го градиме секој чекор, секој поединечен сон.Да сте живи и здрави.Бог да го благослови Прилеп, и Бог да ни ја благослови нашата Македонија.Ви благодарам.

   

Најново

ВМРО ДПМНЕ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, над 1 милијарда и 255 милиони евра странски инвестиции за поквалитетен живот на граѓаните

Sase Ivanovski

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена и уназадена

Sase Ivanovski

ТРАМП СО ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ОД НАТО САМИТОТ Им се заблагодари на Холанѓаните и ја пофали американската армија

Sase Ivanovski

НАТО БАРА, НИЕ ДОСТАВУВАМЕ Македонија ќе вложува повеќе за појака Армија, вели Мисајловски

Sase Ivanovski

Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково

Sase Ivanovski

Tesla со пад од 40,5% во продажбата на електрични возила во ЕУ споредбено со лани

Sase Ivanovski

Лицето и опачината на дипломатијата

Sase Ivanovski

Велешанец тешко повреден при пад од мопед

Sase Ivanovski

Уапсени шест лица осомничени за планирање насилна промена на власта во Србија

Sase Ivanovski

Адвокатот на таткото на Вања вечерва откри: Александар е убеден дека Палчо е лицето кое ја убило неговата ќерка

Sase Ivanovski

Момче од Македонија се удави на Халкидики

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Со задолжувањето од Унгарија заштедивме многу пари, бидејќи е со исклучително ниска каматна стапка

Sase Ivanovski

Вчера имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: ТЕЗАТА на бугарскиот претседател Радев, дека постоењето на вековен македонски јазик и идентитет е навредливо за над 2 милиони Македонци во Бугарија и останати етнички заедници во Македонија, колку е налудничава, толку е точна!

Sase Ivanovski

Потпишан е договорот за формирање на Специјалниот трибунал против Русија

Sase Ivanovski

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен Балкан за уште една година, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Момче од Македонија се удави на Халкидики

Sase Ivanovski

На денешен ден – 26 јуни: Починал Жозеф Моголфие, кој го конструирал првиот аеростат-воздушен балон наполнет со топол воздух

Sase Ivanovski

Адвокатот на таткото на Вања откри: Александар е убеден дека ова е лицето кое ја убило неговата ќерка

Sase Ivanovski

Бред Пит проговори за своето сексуално искуство со мажи: Малку доцнам…

Sase Ivanovski

(ФОТО) Каде ќе летуваат Македонците летово?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево и многу топло, температурата ќе достигне 41 степен

Sase Ivanovski

Иранската „монструозна ракета“ ја открива Ахиловата пета на Израел

Sase Ivanovski

Зеленски: Му ја објаснив ситуацијата на бојното поле на Трамп, Путин дефинитивно не победува

Sase Ivanovski

Змија касна жена во Словенија, починала пред да стигне во болница

Sase Ivanovski

Руте: Ништо не е променето, НАТО останува посветен на Западниот Балкан

Sase Ivanovski

РУСИЈА ОФИЦИЈАЛНО ИМА ГРАНИЧНО ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ЛИЧНОСТА – БПД: Медведев: ЕУ се претвори во вистински непријател на Русија

Sase Ivanovski

Во Грција уапсени 39 лица за трговија со антиквитети

Sase Ivanovski

ИМАЛО КУРТУЛ Пеколно уште некој ден, најавено невреме со заладување

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Sase Ivanovski

Бојковски: Скопје се дави во ѓубре и тоа е поважна тема од јавниот линч што го правите против претседателот на Управен одбор на Комунална Хигиена

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛЦИТЕ СЕ ОПАСНИ: Иран со најмалку 627 загинати и 4.870 повредени во 12-дневниот конфликт со Израел

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ОХРИД ИМА БРАТ БЛИЗНАК – КАВАЛА ВО ГРЦИЈА

Sase Ivanovski

ТЕШКО НА СВЕТОТ АКО РАШИСТИТЕ ТРЕБАШЕ ДА ГО СПАСУВААТ ОД ВОЈНА – ЧАСОВНИКОТ НА СУДНИОТ ДЕН ОТЧУКУВА, А РУСИЈА СЕ ОБИДУВА ДА ГО ВРАТИ ВРЕМЕТО Кремљ сака да спречи нуклеарна катастрофа, вели Лавров

Sase Ivanovski

НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГОГА Е НА ТАПЕТ

Sase Ivanovski

ЛАЈКА: Се зголемува бројот на напуштени кучиња на територија на гробиштата Бутел – неодговорното сопствеништво создава сериозни последици

Sase Ivanovski

Чим Мелони не превртува со очи значи добро им оди муабетот, Тимчо за нив двете е Шекил Онил

Sase Ivanovski

ТУРЦИТЕ ЈА ПРЕГАЗИЈА И ИТАЛИЈА И СЕ НА ПАТ ДА НАМЛАТАТ МНОГУ ПАРИ: Турција е на четврто место во светот според број на туристи

Sase Ivanovski

Иран: Најмалку 627 луѓе загинаа во израелските напади за време на 12-дневниот конфликт

Sase Ivanovski

ЕУ гарантира дека ќе овозможи кредити од 60 милиони евра за одржлив раст на малите бизниси во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во Хаг оствари средби со претседателот на Чешка и со премиерите на Естонија и Белгија

Sase Ivanovski

НЕМИРНА НОЌ ВО ОХРИД Нов земјотрес ги разбуди охриѓани

Sase Ivanovski

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ТРУЕЊЕ СО ХРАНА НА ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ? Агенцијата за храна апелира во жешките денови да се внимава на животните и милениците

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување на ЕУ

Sase Ivanovski

Руте: Новиот инвестициски план на НАТО ќе поттикне квантен скок во колективната одбрана

Sase Ivanovski

Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте

Sase Ivanovski

Видео: Гаф на Сиљановска потпретседателот на САД наместо Џеј Ди Венс го нарече Диџеј Венс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ РАСПАЛИ: Тоа што Русија и го прави на Украина, тоа Бугарија ни го прави на нас!

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши од Желино: Нова енергија и 40 милиони евра за локалната економија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЛИУ: Докторите се радуваат што ќе се паркираат во Лимак затоа што имаа скапи коли и никој нема да им ги изгребе

Sase Ivanovski

Мицкоски: Очекуваме до милион и пол туристи во Македонија, туризмот го движи економскиот раст 

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Реализирани се 11 проекти во Клиниката за детски болести во делот на инфраструктурата и набавка на модерна медицинска апаратура

Sase Ivanovski

ПОЛСКАТА ВЛАДА ДОНИРАШЕ 29.000 ЕВРА ЗА НОВИ СЕДИШТА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Sase Ivanovski

СДК: ИЗВРШИТЕЛИ ВЛЕГОА ВО КУМАНОВСКА „ЧИСТОТА“ ПОРАДИ ДОЛГ ОД 200.000 ЕВРА КОН ВРАБОТЕНИТЕ, ПОПИШАНО И БИРОТО НА ДИРЕКТОРОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА: Трамп беше импресиониран од мојата забелешка дека тој е новиот Џон Ф Кенеди, ЏД Венс вети дека ќе ја посети Македонија

Sase Ivanovski

Во тек е постапката за купување на 110 електрични автобуси

Sase Ivanovski

Секој петок средба на Алиу со граѓани – закажувањето ќе се врши преку веб-страницата на Министерството за здравство

Sase Ivanovski

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИСТРАЖИ ДАЛИ ПАЛЧО И ОСТАНАТИТЕ ИМАЛЕ ЛОГИСТИКА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ Туфегџиќ повтори дека не е одговорено клучното прашање – зошто е убиена Вања

Sase Ivanovski

Мицкоски: Законот за правична застапеност можеби уште денеска ќе биде испратен до Венецијанската комисија

Sase Ivanovski

Тошковски: Работниот однос на полицајците опфатени со истрагата за „Пулс“ е во мирување

Sase Ivanovski

Владата не се откажува од Вардарска долина, а знае дека не може да гради хидроцентрали каде што ќе минува брза пруга

Sase Ivanovski

„Фордо“ во Иран е 90 метри под планина, масивните бомби на САД продираат до 60 метри во подземни мети – стручњаци сметаат дека напад на локацијата во Иран би можел да биде фијаско

Sase Ivanovski

Макрон: Апсурдно е да се бара од Европа да троши повеќе додека е во трговска војна

Sase Ivanovski

Мисајловски: Одлуката за зголемување на инвестициите во одбраната ќе значи нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни војници

Sase Ivanovski

Порастот на температурите ги зголемува ризиците од труење со храна, да се направи правилен избор при нејзина набавка

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: На Самитот во Хаг потенцирав дека верувам во збогум оружје и во насушната потреба од траен мир

Sase Ivanovski

Во Скопје ќе се суди за пожарот во „Пулс“, одлучи Врховен суд

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани и ректорот на ИБУ проф. д-р Сунар, потпишаа Меморандум за соработка во контекст на евроинтеграциите

Sase Ivanovski

Канзуров: Кандидатот на СДС во Аеродром – Александар Трајановски е новата маска на старите, поразени политики

Sase Ivanovski

Димитров: Нашите транс сестри и браќа не се вашиот проблем. Едниот процент кој е вашиот проблем се богаташите кои ве цедат, тоа се корумпирани партии и алчни политичари

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ: Денес доаѓаме со понуда до банките, Народната банка да го направи првиот чекор со намалување на надоместоците што ги плаќаат банките за користење на услугите во МИПС

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ ГИ ВИКНА БАНКАРИТЕ НА РАПОРТ: Tреба да се укинат надоместоците за користење на електронско и мобилно банкарство како и надоместоците за плаќања со платни налози во рамки на иста банка.

Sase Ivanovski

Села со критики кон власта: Законот за правична застапеност е нетранспарентен и не решава ништо

Sase Ivanovski

БРАВО: Гувернерот Славески побара банките да ги намалат надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите

Sase Ivanovski

Утре не излегувајте без потреба: Наместа температурата ќе надмине 40 степени

Sase Ivanovski

Мицкоски: Седум години неправдата стануваше навика, почнавме од темели кои беа пепел и прав

Sase Ivanovski

Божиновска: „Вардарска долина“ ќе се гради, а ХЕЦ Чебрен ќе стане реалност

Sase Ivanovski

НЕ СУМ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА МИЦКОСКИ Томас Вајц тврди дека неговиот извештај за Македонија е објективен

Sase Ivanovski
Вчитувам....