Почитувани колеги, претставници на институциите, почитувани гости, Секој народ има моменти кога мора да избере: ќе остане во удобната стагнација или ќе се соочи со потребата од длабоки и храбри промени. Државата е токму во еден таков момент – на раскрсницата помеѓу стариот систем и новата европска иднина. Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција. Таа е инструмент за оздравување на нашето општество. Интеграциите и растот се наш компас, но реформите мора да бидат наши одлуки, наши политики, наше национално зреење. Корупцијата е системски проблем, не индивидуална девијација. Да бидеме отворени и искрени – корупцијата кај нас не е само појава, таа е дел од начинот на функционирање на одредени делови од општеството. Таа е систем кој се штити сам себе. Ако сакаме во Европската Унија, ако сакаме раст мора да го урнеме тој систем. Имаме наследени ситуации во кои граѓанинот се чувствува понижен, беспомошен, принуден да „плати за да добие“ – било тоа лекарска помош, правна заштита или некаква административна услуга. Таква држава не може да напредува.
А уште позагрижувачки е што институциите кои треба да се борат против корупцијата – обвинителството и судството – често пати се неми, неефикасни или пак, под политичко влијание. Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни. Нема европско општество ако: Нашата одговорност, како политичари, е да создадеме услови за: Ниту една држава не се развива само со институции – потребна е економија што функционира. Затоа Реформската агенда и Планот за раст мора да оди рака под рака со поддршката на домашните претприемачи, привлекување на странски инвестиции, но и фер пазар каде нема да има монополи, нема фаворизирани играчи и нема административни бариери за реалниот човек. Време е да носиме одлуки, не да одложуваме. Владата која ја предводам е свесна дека без отворен дијалог и вистинско партнерство со граѓанскиот сектор, не може да постигнеме трајни и инклузивни реформи. Затоа, нашата заложба е да ја продлабочиме соработката, преку: Граѓанскиот сектор ни помага да ги чуеме гласовите кои понекогаш не стигнуваат до институциите – гласот на маргинализираните, гласот на младите, гласот на локалните заедници. Токму затоа, сакаме да изградиме однос којшто ќе се темели на доверба, почит и заедничка визија за подобро утре. Почитувани, Историјата нема да не суди по тоа што сме го кажале, туку по тоа што сме го направиле. Не ни треба нас дополнителни стратегии, ветувања. Ни треба искреност, доследност и спроведување. Ни треба нов однос кон правдата, кон правото, кон државата. Нека нè води мислата на Робер Шуман: |
Најново
Манасиевски: СДС повикуваше да го смениме Уставот за да се гордееме, со објаснување дека нема да има нови блокади – ќе се извинат ли сега?
ВМРО-ДПМНЕ: Преку реализација на капитални проекти, директни странски инвестиции и раст на економијата, на одржлив начин ќе продолжат да растат сите плати
До кога ќе молчат Заев и Филипче за тоа дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи?
Директорот на Центар за култура во Охрид заработи кривична – издал фактура за сместување на 72 лица, а биле запишани 48
(ФОТО) Конференција за значењето на парламентарниот надзор во промоција на човековите права: Одговорност на законодавната власт е да ги штити слободата и гласот на граѓаните
Средба на претседателот Гаши со коизвесителите на ПССЕ за постмониторинг дијалогот со Северна Македонија
Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата
СЕ АПСАТ ДОКТОРИ И ДРУГИ ЛИЦА ЗА ДАВАЊЕ ЛАЖНИ ДИЈАГНОЗИ СО ЦЕЛ ИСПЛАЌАЊЕ НА ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ И ТУЃА НЕГА
Муцунски: Ми беше особена чест денеска да се обратам на панел-дискусијата на тема „Улогата на Франкофонијата во светот и регионот“
Министерство за внатрешни работи: Работна средба на државниот секретар Петрушевски со амбасадорот на Босна и Херцеговина
МОН: Бизнис заедницата помага во подобрување на условите во високото образование, донирана модерна индустриска опрема на Машинскиот факултет во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што СДС конечно ги тргна розевите очила и виде во каква состојба ја оставија државата, Владата контиуирано ги зголемува платите
Герасимовски: На 8 мај ја отвораме градинката „Пролет“, со тимот зад мене и сработеното, верувам дека заслужуваме уште еден мандат
Реформите не се услов, туку обврска кон граѓаните, министерот Муртезани на тркалезна маса за Реформската Агенда
Министерство за здравство: Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти
„Гоу Грин“ Скопје: Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија – Денот на Кралот
(ВИДЕО) Општина Карпош: Градежни неправилности во Карпош, ќе се бара објаснување од инвеститорите и од надзорот
Швајцарскиот производител на лекови Рош се приклонува кон формулата за царини на Трамп со ветување од 50 милијарди долари дека ќе инвестира во САД
Европејците на САД им ги истакнаа прашањата за кои не може да се преговара за мировниот договор меѓу Украина и Русија
Данска ќе потроши околу четири милијарди круни (околу 614 милиони американски долари) за поголема безбедност на Балтичко Море
Бислимовски: Директорите на јавните претпријатија да работат по економски, а не по политички принципи
Со реорганизацијата на Стејт департментот предвидено е укинување на 132 канцеларии и 700 работни места
Левица: Љутков ги повикал сметководителите надвор од работно време да изготвуваат плата, спротивно на Колективниот договор
Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго: Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија
Трамп, Зеленски, Гутереш, Макрон, Фон дер Лајен, принцот Вилијам – кој се ќе дојде на погребот на папата?
СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност
Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго – Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија и домашни и странски компании и компании основани од иселениците
ВМРО-ДПМНЕ: Армијата се модернизира, се работи на враќање на Скопски саем, нов мобилен оператор во Македонија
Вчитувам....