Голема привилегија е да се обратам пред вас денес на Конгресот на ЕПП – меѓу колегите лидери кои се посветени на вредностите на слободата, демократијата и одговорното владеење. Нашиот собир ја нагласува заедничката визија: Европа обединета со принципи, зајакната со солидарност и водена од заслуги, рече македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Тој рече „Мојата Влада останува длабоко посветена на конзервативните вредности: вредностите на семејството, одговорноста, економската слобода и почитувањето на владеењето на правото. Од овие принципи сме водени дома и го инспирираат нашиот ангажман со Европа. Замислуваме заедничка европска иднина, цврсто стоиме на овие трајни вредности“.
„Јасно да кажеме: интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија не е само чин на добротворност – тоа е стратешки императив. Тоа обезбедува мир, стабилност и безбедност не само за нашиот регион, туку и за цела Европа. Процесот на пристапување мора да остане заснован на заслуги, воден од јасни критериуми и транспарентни проценки. Ова не е услуга што се дава произволно, туку е праведно признание за напорите и реформите. Цврсто верувам дека нашата колективна иднина лежи во обединето европско семејство. Наша заедничка одговорност е да го поддржуваме интегритетот на овој процес, потврдувајќи ја нашата посветеност на правичност и еднаквост. Македонскиот народ заслужува да види дека неговата посветеност и жртви вистински се почитуваат и се признаваат. Заедно, да ја обновиме нашата посветеност: Европа силна и обединета, изградена на вредности, доследност и меѓусебно почитување“ подвлече тој.