Најпрвин ќе ми дозволите да му честитам на директорот, на медицинскиот персонал на оваа клиника, на директорот на Фондот за здравство, на сите оние коишто изминативе месеци допринесоа да се случат овие 11 чекори, за коишто претходно директорот нè запозна. И во една неформална дискусија разговаравме и си кажавме дека некогаш треба работите за малку пари да ги движиме, за да изгледаат добро. А некогаш не се ни потребни пари за да земете и го изметите дворот и да ја подобрите хигиената, тоа и не чини милиони.
Ова што е направено навистина заслужува пофалби и јас можам само уште една да изразам моја огромна благодарност за тоа што се грижат за овој објект, бидејќи овој објект треба да се грижи за здравјето на нашите најмлади, а тоа се дечињата.Од друга страна знам дека министерот влегува многу амбициозно во целата оваа работа и убеден сум дека голем дел од проектите кои што стоеја, ќе бидат задвижени. Но, бидејќи ние веќе имаме неколку средби и разговараме за иднината, убеден сум дека ќе има многу убави и пријатни изненадувања за граѓаните, за вработените во Клиничкиот центар и оние пациенти кои што ги користат услугите на Клиничкиот центар тука но, и генерално за здравството низ цела Македонија. Доаѓа време кое што ќе биде многу подобро, би рекол, најдобро за граѓаните.