Премиерот Христијан Мицкоски со емотивен статус и видео на Фејсбук, уште еднаш потсети на минатите времиња, додавајќи дека „Македонија е реалност што ја градиме“.
„Колку долго може човек да чека? Седум години во кои тишината стануваше правило, а неправдата навика, во кои вистината беше затворена, а гласот на народот пригушен.
И не оставија со единствен избор: или да се откажеме, или да почнеме одново. Не почнавме од нула. Почнавме од минус. Од темелите што не беа темели, туку пепел и прав.
И пак, решивме: ќе почнеме. Ќе градиме. Ќе веруваме. Ќе се исправиме.
Ги поставивме темелите. Темелите на една поинаква Македонија. Не Македонија од памфлети, туку Македонија на срце. Година на враќање – на достоинството, на правдата, на грижата. Година што ќе ја паметиме – како првата, кога почна новото време.Македонија не е мит. Македонија не е ветување. Македонија е реалност што ја градиме. Сега. Со тебе. Со нас. За сите. Доаѓа Времето на Македонија. Ги градиме темелите на промените!“, напиша Мицкоски.