Да му честитам на градоначалникот, ќе ми дозволите, најпрвин за сето она кое што го прави изминатиов период за жителите во Општина Бутел. Мислам дека Општината со сите оние проекти коишто се реализираа и овие коишто ќе се реализираат или се во фаза на реализација, доживува навистина еден период на препород. Да се заблагодарам на поддршката којашто Општина Бутел ја добива и од страна на пратеничката во македонското Собрание, советниците, администрацијата во Општина Бутел, на ресорните министри, затоа што мора сето ова хармонично да функционира ако сакаме да имаме успех ваков каков што имаме овде во Општина Бутел.
Јас можам да им посакам уште многу проекти коишто ќе значат поквалитетен живот на граѓаните овде во Општина Бутел, а ние како Влада ќе продолжиме сето тоа да го поддржуваме без дилема.
Така што, да заклучам, честитки за постигнатото. Нè чека уште многу работа, уште многу работи треба да се изградат. За разлика од тие коишто во минатото уништуваа и крадеа, оваа Влада заедно со оваа локална самоуправа има амбиција да гради и така ќе продолжи и во иднина.