МАКТЕЛ

     

Мицкоски: Тоа што сме различни по етничката или верска припадност нѐ не прави различни по потребите и приоритетите, а главна потреба на сите нас е подобриот живот

      

                              „Почитувани членови на Влада,  Драги гости, Ќе ми дозволите сега јас кратко да се обратам и да кажам неколку работи којшто мислам дека е многу важно да ги потенцираме за иднината но исто така ова се исклучително важни моменти кога после дена дистанца од 23 години од склучувањето на Рамковниот договор можеме да ги погледнеме работите со доза на објективност и да зборуваме за аспектите и придонесот на овој договор, но и предизвиците кои стојат пред нас.

 

   

Треба да се биде реален и да се каже дека донесувањето на овој договор во тоа време никоја од страните потписнички не ги направи до крај среќни и задоволни, но сепак  Рамковниот договор го донесе тоа што во тој момент беше најпотребно и најбарано, а тоа е мирот. Од овој аспект мора да се разбере дека  ова е заедничка татковина за сите, и дека заедничкиот патриотизам единствено значи градење на живот под еден ист кров, на права но и обврски и  борба за подобар живот под исто небо.

Тоа што  сме различни по етничката можеби и по верска припадност нѐ не прави различни по потребите и приоритетите, а главна потреба на сите нас е подобриот живот. Имаме исти заеднички проблеми и затоа треба заеднички да нудиме решенија и да ги и да ги решаваме тие проблеми. Не можам да кажам дека сите придонесуваат можеби подеднакво во овој процес. Но вистинското прашање е зошто тоа е така и кои се мотивите?
Многу долго одредени политички елити Рамковниот договор, но и етничките права воопшто како такви ги користат како прекривка за прикривање на своите лични и најчесто лукративни интереси, но и фактот дека предолго и преинтензивно етничките теми се злоупотребуваат, се градат кариери во тоа име додека реалниот живот, животот на оние кои подеднакво го делат секојдневието како и сите останати граѓани е се потежок и се понесреќен. За одредени политички партии Рамковниот договор е најдобар и се спроведува само под услов кога истите тие се на власт, веднаш потоа откако ќе бидат опозициска смислуваат критики и креативни решенија на негово надополнување но и различно читање во правата и обврските кои произлегуваат од него.
Притоа заборавајќи колку е скапа цената на тој договор и дека тој договор меѓу другото е напишан и со многу страдања и жртви од сите страни и во извесна мера тоа е и непочит кон тие жртви кои ги има, ќе повторам од сите страни. Кон темата меѓуетнички односи се однесуваат неодговорно затоа што најмалку внимание посветуваат на ова, колку што беа предани и фокусирани кон личните интереси, бизниси, тендери. Ова го користат како платформа за себе промоција, градење на кариери и бизнис коалиции. Тие наместо градители на меѓуетничките односи стануваат профитери од истите тие прашања.
И кога зборат за европски вредности, знаете дека тогаш ги кршат највеќе. Колку пати овие луѓе сте ги забележале на терен кај реалниот човек да помогнат и да се запознаат со вистинскиот живот?Вистинското прашање колку е денес задоволен обичниот Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак, и сите останати граѓани. Одбивам да навлегувам во етничките перипетии на поединци, ајде заедно да се мериме по тоа колку ќе го подобриме животот на граѓаните, и колку ќе понудиме решенија на тие проблеми.
Денес патриотизмот не се мери по тоа колку знамиња ќе развиориме, колку статуси на социјални медиуми ќе напишеме или колку често ќе зборите за етнички теми или дилеми ќе наметнете, туку колку проблеми ќе решиме на терен и како ќе го подобриме животот. Охридскиот рамковен договор е дел од македонските закони и Устав, но она што не е завршено и што мораме да се работиме тоа се  реалните проблеми на нашите сограѓани. Јавноста не треба да паѓа во замката на нови и нови бесконечни етнички барања на партите кои сега се опозиција.
Тие ја имаа својата шанса и времето го потрошија на лично богатење, и наместо да бидат посветени на борбата да победуваат за подобар живот на граѓаните, посилно образование, економија, повеќе пари за граѓаните, тие одлучија да градат за себе дворци, хациенди, да купуваат трговски центри, да злоупотребуваат сѐ што може да се злоупотреби. Често пати ме прашуваат што е Христијан, за тебе патриотизам. Патриотизам е кога ќе донесеме за еден месец три нови инвестиции, повеќе од половина милијарда евра за нашите сограѓани и тука нема етничка припадност ниту верска, ниту политичка.
Патриотизам е кога ќе исплатиме повеќе од една милијарда денари од Буџетот  заробени субвенции за нашите земјоделци. Патриотизам е кога ќе обезбедиме 350 милиони денари за оние вработени Национални шуми, во Водостопанство на Македонија пари за плати коишто изминативе четири месеци па и повеќе тие претходните коишто се денеска во опозиција заборавиле да им ги исплатат на овие луѓе. Патриотизам е кога ќе издвоите од Буџетот годишно 15 милијарди денари за инвестиции во инфраструктура во општините, и во сите општини.
И тука нема само општини ВМРО-ДПМНЕ, нема општини коишто се дел од Коалицијата Влен, туку тука има и општини каде што има градоначалници и од другите политички партии или пак има градоначалници кои што се независни, односно се избрани од група на граѓани. И кога ќе направите нов водовод ќе, ќе направите нова канализација, кога ќе асфалтирате улица, кога ќе реновирате, училиште, градинка, кога ќе ги намалите листите за чекање во тие општини.

 

Зошто е ова  важно, тоа е важно затоа што болката на семејствата кога си одат нивите најблиски е голема и тука подеднакво боли солзата и на мајката Македонка, Албанка и на Ромка и на Турчинка и на Србинка и на Влаинка и на Босанка и на сите останати кои што се збогуваат од своите чеда. Таа солза  и таа болка е подеднаква кај сите. Зошто? Затоа што тие тука едноставно не гледаат перспектива и не гледаат иднина и таа е нашата задача и таа е нашата цел. И тоа се современите и модерни патриоти кои што оваа болка и солза ќе ја намалат, односно таа нема да постои.

 

Изминативе 20 години некои од експертите добивам информации дека  повеќе од  100 илјади Албанци се иселени од државата. Зошто ова го споменувам? Затоа што ако на тие 100 илјади Албанци додадете и стотици илјади други наши сограѓани тогаш ќе дојдете до дефиницијата што се случуваше изминативе 20 и повеќе години. Од оној оптимизам  којшто го имавме во раните деведесетти ние денеска за жал полека но сигурно се претворивме во земја каде што граѓаните се разочарани од политичките елити.

 

Оваа наша генерација, оваа наша Влада има ја има таа можност да тоа чувство го исправи да покажеме дека сме подготвени да одговориме на тој предизвик сите заедно и дека ќе одговориме позитивно, односно сета онаа фрустрација, сета онаа болка којашто е насобрана кај македонските граѓани без разлика на нивната политичка, етничка или верска припадност ќе исчезне после нашата жртва и работа во оваа наша заедничка Влада во којашто се составен дел Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ , Коалицијата Вреди или Влен и политичката партија ЗНАМ.

 

Да се обединиме околу темите и прашањата кои се заеднички и кои обединуваат. Гордоста и среќата е заедничка категорија за сите. Пред некој ден излезе податок дека Македонија има најбрз Интернет во регионот и меѓу најдобрите во Европа, и  тоа е заедничка придобивка на сите нас без разлика на етничката, партиската и верска припадност. Успесите на поединци се успеси на сите. Сите го паметиме и се радувавме на оној прекрасен  гол од корнер на Шакири, на прекрасните игри на Енис Барди и на останатите репрезентативци, без разлика од која етничка и верска припадност се тие.

Тие се борат да победи македонската репрезентација без разлика во кој спорт, во која дисциплина тие се натпреваруваат. Ова е наша заедничка татковина, на сите нас и дом кој заедно треба да го градиме. Да работиме на довербата едни кон други и сигурен сум дека ќе успееме да направиме повеќе за секој еден човек. Меѓуетничките односи се столб на нашето заедничко општество. Тие не се само правни обврски или политички договори; тие се жив процес кој постојано бара наша посветеност и ангажираност. Влогот во добрите меѓуетнички односи никогаш нема крај.
Тоа е како возење велосипед – ако престанеме велосипедот ќе застане и патникот ќе падне. За да продолжиме напред, мораме да продолжиме да ги градиме и зајакнуваме тие односи, секој ден, без прекин. Ова е задача за сите нас.Како што рече Мартин Лутер Кинг: „Неправдата на кое било место е закана за правдата насекаде.“ Ова ни напоменува дека правдата и мирот не можат да бидат остварени само со договори на хартија, туку преку нашата постојана работа за правата и достоинството на сите луѓе. Ќе повторам нашата постојана работа за правата и достоинството на сите луѓе.   Бог да ја благослови Македонија.
Ви благодарам.“

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....