Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Свети Николе рече дека физибилити студија нарачана од претходната власт покажала дека паркингот во клиничкиот центар „Мајка тереза“ треба да биде менаџиран од приватен оператор.
„Јас би внимавал со заклучоците и не би се сложил со тоа. Уредувачката политика на некои медиуми има за цел да растури пердуви со невистини и конструкции Одлука се носи врз основа на физибилити-студиа, таа така кажала. Распишан е оглас, се јавила само една компанија. Ништо не е потпишано, ништо не е завршено. Ако јавноста не е задоволна, не значи дека ќе биде потпишан договор. Одлука на Влада нема, ако јавноста вели не сакаме, нема да потпишеме“, рече Мицкоски. Премиерот смета дека актуелниот сопственик на паркингот – Градски паркинг – Скопје нема капацитет да воведе ред со метежот што се создава со паркирањето кај комплексот клиники.
„Ние сакавме како Влада гужвата да ја организираме. Таму стоипанисува Градски паркинг – Скопје, еве тие нека направат ред, ние немаме против, само нека се реши гужвата и тие од Свети Николе кога ќе дојдат да имаат пристојни услови нормално да функционираат. Физибилити студијата од претходната влада самата така вели“, смета Мицкоски. Приватниот оператор од Албанија „Ѓока Констракшн“ е единствена компанија која се јавила на повикот за јавно-приватно партнерство. Ако го добие договорот, ќе биде обврзана да инвестира во катни гаражи, но ќе може да наплаќа паркирање по цена од 50 наместо 30 денари од час, а за возврат на државата ќе треба да и префрли само 1 отсто од годишните приходи.