Премиерот Христијан Мицкоски вечерва упати честитки до германската партија ЦДУ, која освои најмногу гласови на изборите за Бундестагот.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија. Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.
ЦДУ, според првичните излезни анкети објавени од медиумите, освои 28,6 отсто од гласовите, пред ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД), која освои околу 20 отсто. Лидерот на германските конзервативци Фридрих Мерц, кој е фаворит за следен канцелар на Германија, изрази надеж дека брзо ќе се формира одржлива влада.