Полицијата соопшти дека поднела кривична пријава против 26-годишна жителка на Тетово, која нападнала полицаец во кафеана во гостиварско село, обидувајќи се да го спречи во вршењето на должноста.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“. На 12.01.2025 во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, пријавената физички нападнала полициски службеник додека извршувал службени дејствија“, велат од МВР.