29-годишен српски државјанин вчера се обидел да влезе во Македонија од Албанија, преку граничниот премин „Стење“, со автомобил „БМВ“ кој бил на туѓо име и без сообраќајна дозвола, соопшти МВР.„На 18.02.2025 во 17.30 часот на Граничниот премин Стење, за влез во државата, полициски службеници го привеле Х.С.(29) од Република Србија затоа тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека не поседувал целосна документација за патничкото возило „бмв“ со германски национални ознаки, кое го управувал, а било сопственост на друго лице.
При претрес во возилото биле пронајдени и одземени документи кои биле на туѓо име, а тој не поседувал оригинална сообраќајна дозвола за возилото. Тој бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Ресен за понатамошна постапка“, пишува во полициското соопштение.