Заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов објави видео од потргата по дрвократци од посетата на Скопска Црна Гора и порача дека и покрај тоа што поднеле бројни пријави против кратците, кои се враќаат и продолжуваат со крадење дрва и они нема да се откажат и дека ќе продолжат да ги фаќаат со цел да го спречат пустошењето на планините. – Голема заедничка акција на Скопска Црна Гора на ЈП “Македонски Шуми”, шумската полиција и “Македонија Пат”.
Веќе неколку месеци, нашите служби овде, заеднички со шумската полиција, секојдневно се борат со шумската мафија. Но, и покрај тоа што сторителите многу добро ги знаеме и истите многупати ги имаме фаќано и им имаме поднесено по десетици пријави, судот не наоѓа начин трајно да ги осуди, т.е. отстрани туку повторно и повторно се оставени да пустошат по планините. За да го спречиме пустошењето на шумите, а со тоа и,загадувањето на Скопје, ќе ги преземеме сите неопходни дејства со сите институции во насока на целосно отстранување на ваквите проблеми – напиша Михаилов во објавата на видеото.
Тој укажа дека со оваа акција не се надмината проблемите, „но, ова е показател дека по ниту еден основ нема да отстапиме од борбата со шумската мафија“.