16.8 C
Скопје
19/05/2024 05:52
МАКТЕЛ

  

     

 

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

      



Салата во Берлинската филхармонија таа вечер беше исполнета речиси до последното место. Беа присутни луѓе од сите генерации, средовечни, млади, тинејџери, беа во групи, во двојки или сами, но најинтересни ми се чинеа повозрасните парови. Иако не постои некое особено правило на облекување, секој може да дојде на концерт во некоја секојдневна обична облека, сите повозрасни парови кои ги сретнав, што беше навистина впечатливо, беа дотерани баш како за на концерт. Како да ја носеа на своите лица таа душевна подготвеност да посведочат на едно мало волшепство. Секако, тие беа и оние кои најмногу ракоплескаа таа ноќ. Дрес код нема, но има други правила во филхармонијата. Во 20 часот се затвoраат вратите и концертот почнува. Кој е внатре во осум часот може да го проследи концертот, кој не е, ќе почека до паузата, ако има таква пауза. Снимање на кој било дел од изведбата на симфонискиот оркестар со мобилни телефони е забрането. Во моментот кога ќе го извадите телефонот да снимите кратко видео „за на Инста“, некој ќе ве прекори.

   

Таа ноќ во центарот на вниманието беше изведбата на „Ноктурно“ од Морфид Овен. Вратите се затворија точно во осум, а десетина секунди подоцна влегоа членовите на оркестарот. Кога по нив се појави јапонскиот диригент Казуки Јамада, следеше громогласен аплауз. На Јамада ова му беше прв настап заедно со Германскиот симфониски оркестар Берлин, иако повеќе години наназад настапува како диригент со симфонискиот оркестар на градот Бирмингем. Изведбата на ремек-делото на Овен беше дел од заложбата на Берлинската филхармонија – „Нема концерт без женски композитор“.

 

Животната приказна на Морфид Овен е завиена во генијалност, а нејзината смрт во мистерија. Родена е кон крајот на 19 век во гратчето Трифорест во јужен Велс. Пораснала во преубава девојка која уште од млади години го покажала својот раскошен талент за музика. Добила стипендија на Универзитетот во Кардиф, а подоцна се приклучила и на Кралската академија во Лондон. Но, една година откако се омажила за познатиот психо-аналитичар Д-р Ернест Џоунс, Морфид починала од воспаление на слепото црево. Имала само 26 години, а веќе креирала над 180 композиции. Била оперирана и починала како резултат на компликации по операцијата, која патем, била изведена во семејниот дом во близина на градот Свонси. Џоунс не дозволил да се изврши аутопсија. На надгробната плоча во нејзиното вечно почивалиште тој изгравирал цитат од „Фауст“ на Јохан Волфганг Гете и тоа во оригинал, на германски јазик: “Das Unbeschreibliche, hier ist’s getan” (Неописливото, се случи овде).

„Гласајте за мене, ќе си фатите девојка“

   

     

Во Берлин бевме во организација токму на Гете институтот, германска непрофитна организација кој го промовира германскиот јазик и културна размена со светот. Во групата имаше 15 новинари и претставници на граѓанскиот сектор од 15 земји од повеќе континенти. Од секоја земја по еден, вклучувајќи ги Македонија, Албанија, Романија, Молдавија, Турција, Казакстан, Чиле, Аргентина, Парагвај, Мјанмар, Нигерија, Гана, Јужна Африка, Либан и Јордан.

Целта на нашата посета таму беше да се запознаеме подетално со напорите на  германскиот граѓански сектор, но и на тамошните власти во справувањето со дезинформациите. Речиси сите со кои позборувавме без загрижени за состојбата со т.н. манипулирање со информации од надворешни актери, што најчесто значи Русија и Кина. Токму за време на нашето присуство во Германија беше уапсен еден од советниците на Максимилјан Крах, европски пратеник на крајно-десничарската партија Алтернарива за Германија (АфД). Неговиот советник Џиан Г. е осомничен дека бил ангажиран од кинеската тајна служба со која споделувал доверливи информации.

Крах е, секако, кандидат на АфД за европски пратеник на следните избори во јуни годинава. На овие избори, за прв пат во Германија ќе можат да гласаат и 16 и 17 годишните граѓани. Затоа политичарите масовно отвораат профили на популарната мрежа за млади ТикТок. Крах, на пример, стана популарен на оваа мрежа по неговото видео во кое вели нешто во смисла „Еден од тројца млади мажи никогаш немал девојка. Дали си еден од нив? Не гледај порно, не гласај за Зелените… и пред сè, не дозволувај некој да ти каже дека треба да си убав, мек, слаб и левичар. Вистинските мажи се десничари, вистинските мажи се патриоти. Гласај за АфД, ќе си фатиш девојка“.

Изборите не се најголемиот проблем

Но, изборите и лажните вести не се најголемиот проблем, велат претставниците на германското граѓанско општество. Најпрво затоа што постојат многу погрешни информации или т.н. мисинформации за самите дезинформации со што всушност се изобличува впечатокот на граѓаните за дезинформациските кампањи и за која цел се спроведуваат. Во германските или поточно во европските експертски кругови, повеќе ги преферираат изразите како: манипулации со информациите и мешање од странство или Foreign Information Manipulation and Interference (FIMI), односно нарушување на информацискиот интегритет, наместо дезинформации.

Она што за нив е позагрижувачко од изборните влијанија и лажните вести е странското влијание врз широк опсег на општествени фактори, од хибридното војување и засилувањето на постојните контроверзии во општеството, фокусот на радикализацијата и поделбите, нападите и малтретирањето на политички фигури и маргинализирани групи, преку влијанието врз медиумите, лажните тврдења за цензура, заплашувањето на истражувачите, до сеењето недоверба во институциите на системот.

Кога станува збор за технолошките фактори, голема грижа претставуваат алгоритмите на познатите социјални мрежи, поточно нивните системи за препорака на содржини и модерација на коментари.

Во справувањето со овие технички аспекти Германците, или подобро речено дел од нив, голема надеж полагаат во новиот европски закон кој неодамна почна да се применува наречен Закон за дигитални услуги или Digital Servies Act (ДСА). Со целосната примена на овој закон, на која се чека повеќе месеци, социјалните мрежи би требало да бидат поодговорни во однос на ширењето на манипулации со информациите. Во спротивно се соочуваат со казни до 6 отсто од годишниот обрт.

Братски бакнеж

Гостин на германскиот канцелар Олаф Шолц, додека ние бевме во Берлин, беше британскиот премиер Риши Сунак. Двајцата најавија драстично зголемување на државните вложувања во одбраната во наредните години. Воената поддршка на Украина за да се одбрани од безумната воена инвазија на Русија ќе продолжи сè додека е потребно, повторија тие речиси во еден глас. Сунак, меѓу останатото, како оправдување за зголемените вложувања во одбраната, рече дека светот не бил во полоша состојба уште од крајот на Студената војна.
Се чини дека нема град во светот каде што има повеќе сеќавања и споменици на ужасите од Студената војна од Берлин. Од една страна имавме среќа што програмата на оваа посета даваше можност за прошетка низ туристичките атракции на градот токму од овој период. Така, неизбежно беше да се види „Чек поинт Чарли“, односно контролната точка на границата меѓу Западен и Источен Берлин. На оваа крстосница, тенковите на Сојузниците во одредени моменти биле директно соочени со руските тенкови на само неколку метри оддалеченост.

Уште подраматична е Галеријата на источната страна, каде сè уште стојат познатите ремек-дела од графити и мурали на остатоците од Берлинскиот ѕид. Меѓу нив е и „Татковинскиот бакнеж“ или „Братскиот бакнеж“ (Bruderkuss). Всушност станува збор за интерпретација на фотографија од тогашниот Генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот сојуз, Леонид Брежнев и лидерот на Германската демократска република (Источна Германија), Ерих Хонекер. Инаку, „братскиот бакнеж“ бил практикуван од страна на тогашните комунистички лидери како специфичен начин на поздравување. Се состоел од прегратка и три бакнежи во образ. Во одделни случаи, кога постоела голема блискост меѓу двајцата лидери што се поздравуваат, тие се бакнувале во уста. Така, и Брежнев и Хонекер, на фотографијата која е интерпретирана на овој графит, навистина се бакнуваат во уста. Самото дело, кое го насликал источно-германскиот уметник Дмитри Врубел во 1990 година, е насловено „Господи, помогни ми да ја преживеам оваа убиствена војна“. Оригиналната фотографија од овој бакнеж е направена во 1979 година, на прославата на 30 годишнината од основањето на Германската демократска република.

Фирербункер

„Треба да научиме да разговараме едни со други. Тоа значи дека не треба само да го повторуваме своето мислење, туку и да слушнеме што мислат другите. Не треба само да потврдуваме, туку и да размислуваме за контекстот, да ги сослушаме причините и да бидеме подготвени на нови гледишта. Треба во себе, повеќе да се обидеме да ги согледаме нештата од туѓ агол, отколку да бараме спротивставени ставови од нашите. Пронаоѓањето на заедничкото и спротивставеното е поважно од фиксирањето на взаемно исклучивите гледишта, со што разговорот се прекинува како безнадежен“.
Ова е цитат од студијата на германскиот филозоф и психијатар Карл Јасперс, со наслов „Прашањето на вината“ која е објавена во 1946 година во атмосфера на воено опустошена и духовно уништена Германија како резултат на 12 годишното владеење на Третиот Рајх.

Недалеку од Бранденбуршката порта во Берлин се наоѓа Меморијалот на Холокаустот, или како што оригинално се нарекува Меморијалот на убиените Евреи од Европа. Отворен е во 2005 година, а во него се претставени 2711 сиви мермерни плочи во форма на вечни почивалишта со различна големина. Под нив се наоѓа и информативен центар каде може да се научи повеќе за злосторствата на нацистичкиот режим кон Евреите. Недалеку, пак, од Меморијалот на Холокаустот се наоѓа и бункерот на фирерот Адолф Хитлер, каде тој ги поминал последните денови од својот живот и извршил самоубиство пред војниците од Црвената Армија да пробијат внатре. Неговото тело е запалено, а на местото на бункерот сега има паркинг и мала табла која ја прикажува структурата на подземната градба.

Покрај справувањето со дезинформациите, темата која сама по себе се наметна на средбите со претставниците на германските институции беше израелско-палестинскиот конфликт. Колегите од Либан, Јордан, Јужна Африка и Гана беа меѓу најревносните и најемотивните во прашањата за страдањето на Палестинците. Во нападот на милитантната екстремистичка палестинска организација Хамас на 7 октомври минатата година беа убиени околу 1200 Евреи, а 250 беа киднапирани и станаа заложници на Хамас. Воениот одговор на крајно десничарската влада на Бенјамин Нетанјаху е уште покрвав. Се смета дека до сега за овие седум месеци напади во Појасот Газа загинале над 34.000 Палестинци меѓу кои илјадници деца.

Објаснувањата на германските претставници дека тамошните власти имаат емпатија кон страдањето на Палестинците, но дека и Израел претрпе голем терор на 7 октомври не наидуваа на разбирање. Но, се поставува прашањето, зар е можно Германија како држава во својата надворешна политика да се постави против Евреите. Наместо тоа, Германија се чини дека се обидува да се постави колку што е можно по неутрално во однос на војната во Газа. Германците како да се држат до препораките на Јасперс по Втората светска војна: да разговараме еден со друг и да слушнеме што мислат другите, да размислиме околу контекстот.

Вечерта по концертот на Германскиот симфониски оркестар Берлин не заспав до доцна во ноќта. Го преслушував „Ноктурно“ на Морфид Овен повеќе пати, барем единствената снимка што можев да ја најдам на Јутјуб, читав написи и слушав подкасти за нејзиниот живот и дело. Зар е можно еден таков гениј да почине на само 26 годишна возраст од слепо црево.

Размислував и за целокупното искуство во Берлинската филхармонија, за германската култура, прецизност, дисциплина и точност, но и за повозрасните германски парови кои дотерано и свечено ја впиваа уметноста таа ноќ. Сигурен сум дека поголем дел од нив лично ги искусиле трагедиите на Студената војна и поделбата на германското општество. Инаку, во Германија биле изградени два ѕида во тоа време, еден меѓу Источен и Западен Берлин и уште еден кој ги делел Источна и Западна Германија. Исто така, сигурен сум дека некои од нив ги искусиле и ужасите на Холокаустот и Третиот Рајх. Мора да е навистина неописливо да се живее на тој начин.

Се враќам во Македонија меѓу нашите „sидови“ кои нè делат. Можеме ли да ги срушиме. Карл Јасперс одамна напишал дека е можно ако слушнеме што мислат другите, но прво треба да научиме да разговараме едни со други, да го бараме заедничкото, а не исклучивите спротивставени гледишта, со што разговорот станува безнадежен.

    

Најново

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид

Sase Ivanovski

Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет

Sase Ivanovski

Град Скопје: Фирма без дозвола поставува панорамско тркало во Карпош, институциите да постапат во најкус период

Sase Ivanovski

Божинов и Момировски првите луѓе во кабинетот на Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Sase Ivanovski

Напаѓачот на Фицо призна вина

Sase Ivanovski

(Видео) Ордановски- Во врвот на ВМРО ДПМНЕ се шокирани од однесувањето на Мицковски и Силјановска околу Преспа договорот

Sase Ivanovski

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Sase Ivanovski

(Видео) Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Sase Ivanovski

Променливо облачно и топло време, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Азески за милијардата: Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари

Sase Ivanovski

Мисовски и Зајкова демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз

Sase Ivanovski

„Њујорк тајмс“: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили

Sase Ivanovski

Управен ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачко место во Крушево

Sase Ivanovski

Европски фронт: Скандалозен јавен политички притисок врз Управниот суд од страна на поразените

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви

Sase Ivanovski

Судир на два воза во Белград

Sase Ivanovski

Членовите на ДИК се жалат на притисоци, стравуваат за својата сигурност

Sase Ivanovski

(Видео) Мециновиќ: Левица е создадена за да биде власт, ќе го замениме СДСМ во левиот блок

Sase Ivanovski

Денеска е меѓународен ден против хомофобија, бифобија и трансфобија

Sase Ivanovski

Продолжуваат средбите на работните групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ – ВРЕДИ

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

Sase Ivanovski

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Sase Ivanovski

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА – таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

Sase Ivanovski

Стара измама – нова жртва, прилепчанка останала без 6.000 евра

Sase Ivanovski

Работите не изгледаат добро – грчки аналитичари за новиот спор за името

Sase Ivanovski

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“

Sase Ivanovski

Претрес во Струмица, приведен дилер

Sase Ivanovski

„Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост, на културната сцена во шест градови

Sase Ivanovski

Соопштение за јавност: ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО СТОПАНСКИ ДВОР

Sase Ivanovski

Отстранети знамињата на ЕУ и НАТО од Кабинетот на претседателот? Eве што велат од таму

Sase Ivanovski

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција и со Европа

Sase Ivanovski

Во среда ќе има прегласување на седум изборни места, ДИК ги разреши претседателите и изборните членови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОРДАНОВСКИ: НЕ ОЧЕКУВАВ ТОЛКУ ЖЕСТОК СТАРТ НА СИЉАНОВСКА И МИЦКОВСКИ, ЗА САМО 2 ДЕНА НАПРАВИЈА БУРА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОРДАНОВСКИ: ПО СЕ ИЗГЛЕДА, БУДИМПЕШТА ЌЕ БИДЕ НОВИОТ БРИСЕЛ ЗА НАС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ: ВО ВЛЕН СЕ МНОГУ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОВСКИ И СИЉАНОВСКА КОН ГРЦИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ: ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ГО УНИШТИ ВЛЕН КАКО ШТО ДУИ ГО УНИШТИ СДСМ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕРО КАМИКАЗА: БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ РАБОТЕШЕ КАКО ЛУД НА РАБОТНИТЕ АКЦИИ ВО ЕКС ЈУ, НА БРАНАТА ЃЕРДАП МЕСТЕШЕ ПО 50 БЛОКОВИ НА СААТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕРО КАМИКАЗА: 1990-TA ТРЕБАШЕ ДА БИДАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЛАДИНА НА ЈУГОСЛАВИЈА НА ПРЕДЛОГ НА НОВИНАРКАТА ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕРО КАМИКАЗА РАСПАЛИ ПО ДАНЕЛА, ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ, МИЛЧИН, РАСКАЖА СЛУЧКИ СО БРЕГОВИЌ, БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ

Sase Ivanovski

ПРВ УСПЕХ НА ВМРО ДПМНЕ: ПАК НЕ ИМА НА ББЦ И ЦНН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА: ВМРО ДПМНЕ 5 ДЕНА ЈА ПРОВОЦИРА ГРЦИЈА И НЕ ПРАВИ СИТЕ БУДАЛИ

Sase Ivanovski

БУЈАР ОСМАНИ: ВЛАДА СО НЕЛЕГИТИМНИ АЛБАНЦИ Е ИСТО КАКО ВЛАДА БЕЗ АЛБАНЦИ

Sase Ivanovski

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

Sase Ivanovski
Вчитувам....