Поради протекување на информации, се претпоставува дека HD Remake на Devil May Cry 3 е во изработка од Capcom. Актерот „Даниел Саутворт“ којшто го позајмува гласот за ликот „Vergil“ на прес конференција за аниме за серијалот – во изработка што треба да излезе на 3ти Април годинава на Netflix, изјави дека Capcom од него побарале да учествува на проект каде би го симулирал својот глас во помладата своја верзија и интонација. Гејмерите веднаш проверија до детал како се тоа кореспондира со игрите Devil May Cry и испадна дека тоа е случајот на третиот дел од играта. Devil May Cry 3 е играта што на серијалот своевремено му донесе светска слава во времето на PlayStation 2, што ги натера играчите да ги играат и кецот и двојката од серијалот. Но и сите можни бројни продолженија потоа. Ова е оригиналниот трејлер во старата верзија за Devil May Cry 3.
Devil May Cry серијалот изгледа дека „ќе експлодира во 2025 година“ и се чини дека Капком ќе го направи истото што го стори со „римејкот“ на Resident Evil серијалот, каде што не само што додадоа нова HD графика и преработки туку ја збогатија приказната со нови содржини и анимации.
Во Devil May Cry серијалот се очекува нормално покрај графиката дури и видоизменти борби (Combat) и се шпекулира за една многу важна карактеристика а тоа е додавање на нови сиутациски „camera angles“ – односно „преспективи на камерата“ од кој агол се гледа ликот и борбата. Нешто што беше фиксно во досегашните DMC (Devil May Cry) игри. Серијалот е металски со готик елементи, главниот лик Данте околу кој скоро секогаш гравитира приказната, користи меч и два пиштола слични на моделот на берета едната сребрена другата црна. Играта е динамична со многу супер борби па дури имплементира и Air Combo-a не само со мечот туку и со пиштолите. Секако серијалот трпи промени во комбатот и со цел варитет на оружја, а во најновиот дел имате и механичка сајберпанк рака на која модифицирате кибернетски додатоци за одредени мисии и ситоации. Можеби најинтересната пародија во целиот серијал е кога во DMC го изменија ликот на Данте да е помлад и со црна коса – наместо “иконичната првична Aниме – Брус Ли фризура со бела коса” што ја има Данте во другите игри и кога има “пародија на Кока-Кола” и други газирани пијалоци -каде Данте открива огромен одвратен демон во фабриката за пијалоци -чии телесни течности се продаваат како освежителен газиран пијалок со огромна популарност кој е многу рекламиран како енергетски пијалок во привлечни амбалажи.
Во поново време иако се излезени многу нови модерни верзии на Devil May Cry кои уште го држат задоволителното ниво на супер игри, има играчи кои користат емулатори за Play Station за да ги играат и постарите верзии и се натпреваруваат кој ќе ги достигне неверојатните “ачивменти” како на пример “да се заврши играта без појачувања со S -највиска оценка на сите мисии (што е над А оценка во повеќето игри)”. Секако има и потешки и полесни достигнувања, но својот успех го документираат во форма на “скриншотови” односно слики од екран дека е некоја поставена тешка цел остварена. Самата тешкотија на серијалот може да се менува во играта, но за вистински предизвик како што е наменета да се игра играта- мора да се игра на најтешко. Тоа и во иднина ќе биде потхрането и на глобално ниво особено со предвидениот тотален римејк на сите Devil May Cry игри и може да се очекува огромен камбек за серијалот каде стримери и јутубери – ќе се потрудат здраво да ја прикажат својата вештина во овој маркантен серијал а тие играчи што ги вежбале игрите досега(кои и не се воопшто малку) ќе им се исплатува трудот ако ништо друго да прикажат колку се слеано вешти. Секако ова и кажува дека се работи за игра правена со љубов и голема креативност и доста сериозен серијал( и покрај употребата на повремениот маркантен хумор карактеристичен за DMC игрите ) којшто на сите долгогодишни гејмери ширум светот веќе им е добро познат. Извор: Новинска агенција МЕТА