18.8 C
Скопје
18/05/2024 10:12
МАКТЕЛ

  

     

 

МОК на чело со Димевски врти 1,5 милион евра годишно и влече екстра приходи од „Јане Сандански“!

      

Македонскиот олимписки комитет ја зел под закуп салата „Јане Сандански“ од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој го препуштил спортскиот комплекс проценет на 30 милиони евра на период од 26 години за нецели 50 илјади евра, иако стопанисувањето со салата донело приливи од 325.000 евра за една година.

   

екстот е објавен на 15 февруари 2024 година во неделникот Фокус со број 1.480.. Јавното обвинителство поднесе обвинение за злоупотреба на службена положба и несовесно работење при доделување на спортски ваучери против 12 лица, меѓу кои се актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, неговиот претходник и актуелен пратеник Дарко Каевски, моменталниот претседател на Македонскиот олимписки комитет и поранешен владин советник за спорт Даниел Димевски… Додека траеше истрагата, „Фокус“ пишуваше за спорното финансирање во спортот преку ваучерски систем, но и за закупот на фирми поврзани со Димевски на дел од СРЦ „Кале“, како и за закупот на МОК на салата „Јане Сандански“, чие стопанисување носи милионски приходи.

 

Инаку, МОК ја зел под закуп салата „Јане Сандански“ од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој го препуштил спортскиот комплекс проценет на 30 милиони евра на период од 26 години за нецели 50 илјади евра, иако стопанисувањето со салата донело приливи од 325.000 евра за една година. На тој начин, се зголемил и буџетот на Комитетот, кој лани достигнал речиси 1,5 милион евра.

   

     

Што покажуваат податоците и сознанијата до кои дојдовме?

Пишува: Влатко СТОЈАНОВСКИ

Иако голем број спортски федерации и работници бараа смена на Даниел Димевски од челната позиција на Македонскиот олимписки комитет, сепак, тој успеа да се избори за втор последователен мандат, откако на Годишното собрание пред неколку дена доби поддршка од 45 делегати, додека само 8 од вкупно 55 присутни гласаа „против“.

Всушност, тоа може да се смета за очекуван епилог, откако 2 дена претходно пропадна обидот на противниците на Димевски да го симнат од тронот.

Имено, тие свикаа Вонредно изборно собрание, со цел смена на актуелниот и избор на нов претседател на МОК, меѓутоа немаше ниту расправа за оваа точка, од причина што не беше обезбеден кворум.

Колку за потсетување, иницијаторите за промени обелоденија дека 26 федерации и 5 индивидуални членови од 61-членото Собрание поднесоа барање за свикување Вонредно собрание, чија цел е промена на Димевски и на Управниот одбор на МОК.

Притоа, на барањето беа потпишани боксерската, фудбалската, ракометната, боречката, голф, хокеарската, стрелачката, тениската, скијачката, пливачката, џудо, веслачката, коњичката, карате и други федерации, како и 5 индивидуалци – Гордана Нацева, Тодор Гечевски, Калач Руждија, Ѓоко Динески и Наталија Тодоровска.

Од иницијативниот одбор велеа дека на нивна страна застанале сите федерации, со исклучок на гимнастичарската, мечувалечката, триатлон, кикбокс и стреличката.

Дури, тие имале пикирано и наследник на Димевски како преодно решение, кој требало да се избира меѓу првите луѓе на кошаркарската и одбојкарската федерација – Перо Антиќ и Перо Јовановски.

Во таква ситуација, веруваа во позитивно сценарио на Вонредното собрание, и покрај тоа што беа свесни дека некои федерации може да им свртат грб во 5 до 12, особено оние што бркаат настап на претстојните олимписки игри во Париз, чекајќи т.н. вајлд-карта.

На крајот, тоа и се случи, бидејќи многу федерации, наместо на Вонредното собрание, се појавија на Редовното собрание и го поддржаа Димевски.

За волја на вистината, голем удел за ваквата разврска имаше Интернационалниот олимписки комитет, кој испрати писмо, во кое се наведува дека за нив легитимно е само редовното Изборно собрание свикано на 8.2.2024 година.

Во лиферуваното писмо потпишано од Џејмс Маклиод и Жером Поиве, директори за односи меѓу националните олимписки комитети и за правни прашања, стои:

Се очекува членките на вашиот национален олимписки комитет да присуствуваат на редовното Изборно собрание на 8 февруари 2024 година и да не се поврзуваат со некаков паралелен состанок или иницијатива…“.

Сепак, иницијаторите за промени не се откажуваат, со оглед дека најавуваат кривична пријава против Димевски, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски, и членовите на Верификационата комисија, заради, како што посочуваат, фалсификат и обезбедување противправна корист и владеење на институција од национален интерес и за лажно претставување на овластено лице во име на правен субјект од национален интерес.

Во тој контекст, од таму ги посочуваат Горан Стојаноски и Наум Јанакиев, кои настапиле во име на Пливачката федерација и Голф федерацијата, истовремено потенцирајќи дека национални спортски федерации се примени за полноправни членки на МОК без решение за вршење дејност спорт издадено од Агенцијата за млади и спорт.

Меѓу нив ги наведуваат Скејтинг федерација, Модерен пентатлон, Стреличарска федерација, Боди билдинг и Фитнес.

Како и да е, Димевски доби нов четиригодишен мандат и се етаблираше на чело на комитетот, непосредно пред одржувањето на Олимписките игри летово во Париз.

Па, може да се каже дека тој ја доби битката, но времето ќе покаже дали ја добил војната, особено со институциите, кои истражуваат повеќе сегменти.

За што станува збор?

СПОРЕН ЗАКУП

Неделникот „Фокус“ веќе го истражуваше спорниот закуп на дел од Спортско-рекреативниот центар „Кале“ од страна на Димевски, додека уште тој беше советник за спорт на експремиерот Зоран Заев.

Како што е познато, тој станува владин советник во 2017 година или 2 години откако се повлече од претседателската функција во Кошаркарската федерација, со која „владееше“ цели 10 години (2005-2015). И, остана на оваа позиција сѐ до 2020 година, кога впрочем го наследи Васил Тупурковски во МОК.

За време на овој 3-годишен период, негова фирма добива под закуп делови од „Кале“, односно склучува договор што бездруго го става во привилегирана положба.

Поради тоа, реагира и Државната комисија за спречување корупција, која оценила дека со тоа што стекнал својство на закупец на СРЦ „Кале“, Димевски остварил приватни интереси и го оштетил буџетот.

Станува збор за друштвото „ТУРД Олимпик“, каде што Димевски бил управител и содружник. Официјално, ова друштво основано во 2000 година со дејност „објекти за фитнес“, е избришано ланската година на 16 јуни поради статус на неактивен субјект во период од 3 години.

Поточно, тековната состојба на веќе непостоечкиот субјект открива дека Управата за јавни приходи утврдила дека друштвото немало никаква активност во 2016, 2017 и во 2018 година, што е основа за бришење од трговскиот регистар.

Сепак, по 3 години, без никаква активност, оваа компанија во 2019 година, т.е. на 16 јули склучила договор со Јавното претпријатие за стопанисување со објекти од спортот, во сопственост на државата, тогаш управувано од покојниот Шпенди Хајредин, за закуп делови од „Кале“, во период од 30 години (2019-2049), за сума од околу 600 евра месечно.

Конкретно, во Членот 1 од договорот стои дека се работи за парцелите со број 5514, 5515, 5516, 5517 и 5518, дуќан (деловен простор) во СРЦ „Кале“ од 85 квадратни метри и паркинг-простор што се наоѓа на парцелата 5530/1, сите во КО Центар 1.

Во Членот 2, пак, стои дека на локацијата се наоѓа „запуштен и руиниран отворен базен, со придружни мали базени, скокалница, соблекувални и други помошни простории, сите вон функција и неупотребливи…“.

Понатаму, според овој договор, закуподавачот, односно Јавното претпријатие, се обврзал да го предаде во владение предвидениот државен имот. Но, многу побитно, претпријатието изразило согласност „сите запуштени и руинирани содржини да се пренаменат во други содржини, кои се во согласност во Деталниот урбанистички план“.

Во овој контекст, особено важен е и Членот 7, кој предвидува дека закупувачот е согласен да ја користи локацијата за намената определена во ДУП-от, но доколку настанат какви било промени на планот, тогаш овој договор претставува согласност на закуподавачот за пренамена на дејноста.

Патем, договорот му дава согласност на закупувачот да врши и инвестициони вложувања и да ангажира коинвеститори по сопствен избор.

Евентуално изградени објекти од траен карактер по истек на овој договор (2049) ќе бидат проценети од страна на овластен проценител и ќе бидат поделени на двете договорни страни во сооднос 25 отсто на ЈПСОС и 75 отсто на ТУРД Олимпик. Во случај на продажба на предметната локација, закуподавачот му признава предимствено право на купување на закупувачот согласно официјален ценовник“, стои во договорот.

Оттука произлегува дека договорот го фаворизирал закупувачот „ТУРД Олимпик“ на Димевски да го купи имотот во случај на продажба, му дава право врз 3 четвртини од евентуално изградени објекти по истек на договорот и му овозможува автоматска согласност за пренамена на содржините согласно урбанистичкиот план.

Затоа, логично се поставува прашањето што предвидува ДУП-от за овој простор?

НАДГРАДЕН ДОГОВОР

Според информациите што ги добивме од Општина Центар, закупениот простор од страна на „ТУРД Олимпик“ е опфатен со 2 урбанистички плана, кои моментално се во сила.

Паркингот со кој Димевски добил право да стопанисува е регулиран со „Кале“ Градска Четврт ЦС 14 и тука нема ништо специфично, од причина што планот предвидува паркинг, идентично каква што е фактичката состојба на терен.

Она што е поинтересно, закупениот дел околу запуштениот базен, порано познат како „Плаја виста“, е регулиран со „Француски гробишта“ ЦС 01.

Овој план, кој сѐ уште е во сила, на таа локација предвидува изградба на објект во висина од 16,5 метри во еден дел и 6 метри во друг дел, со намена Д3 – спорт и рекреација, каде што спаѓаат сите видови активности за спорт, рекреација или забава на отворено или затворено како спортско рекреативни сали и базени за пливање без трибини, рекреативни езера, забавни паркови, тематски паркови…

Меѓутоа, вo крајна фаза на носење е нов ДУП, според кој, на истата локација е предвиден објект со висина од 16,5 метри во целост, но со намален габарит, бидејќи, според објаснувањето што го добивме, претходно не било почитувано доволно растојание од цевка за фекална канализација што минува на таа линија.

Има уште една разлика, а тоа е дека овој објект е со намена Б6 – простори за собири, каде што влегуваат стадиони, повеќенаменски сали, саеми…

Па, освен што му дозволувал на „ТУРД Олимпик“ да стопанисува со паркинг, договорот за закуп му овозможил да полага право и врз катастарски парцели што влегуваат во една градежна парцела, со намена спорт и рекреација. И, засега од таквата намена не може да се отстапи, зашто тоа го налага повисокиот Генерален урбанистички план.

Што се случува во меѓувреме?

На 10.4.2020 година, Антикорупциската комисија одлучи да оформи предмет во врска со наводи за сомневање на незаконско постапување на Димевски.

Додека тој за „Фокус“ тврди дека „иницијативата била отфрлена поради непостоење штета“, веќе поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска ни изјави дека тој не смеел да го склучи договорот за закуп, бидејќи како советник имал можност да добие пристап до информација за огласениот имот и да се подготви во однос на потенцијалната конкуренција!

Своевремено, се огласи и опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку претседателот на партиската комисија за спорт Влатко Неделковски, кој го спомена Членот 6 од договорот, кој предвидува дека „закуподавачот и закупувачот се согласни плаќањето да се врши со компензација на меѓусебни побарувања по основ на извршна судска пресуда бр.16 ТС-3613/07 од 15.7.2013 година, донесена од Основен суд Скопје 2“.

Во такви околности, кога опозицијата бара одговорност, а антикорупционерите постапуваат, ценејќи дека Димевски го оштетил буџетот, Јавното претпријатие управувано од Хајредин и приватната компанија управувана од Димевски го раскинуваат договорот за закуп.

Спогодбата за раскинување на договорот е склучена на 3.6.2020 година. Само неколку дена подоцна, или на 10.6.2020 година, претпријатието на чело со истиот директор – Хајредин, склучува нов договор за закуп за истиот имот, плус дополнителни парцели, ама со друга компанија.

Тоа е друштвото „Г3-Фуд“, регистрирано за трговија со метални и метални руди, основано во 2017 година. Според Централниот регистар, оваа компанија е во сопственост на Мартин Глишиќ.

Иако се обративме и до „Г3-Фуд“ и до Димевски, со прашање какви деловни односи имале „Г3-Фуд“ и „ТУРД Олимпик“, како и дали е точно дека меѓу првите луѓе на фирмите има персонална кумска релација, сепак, до затворањето на овој број на весникот не добивме одговор.

ПРЕБИВАЊЕ ПРЕКУ ЦЕСИЈА

За разлика од договорот со „ТУРД Олимпик“, кој беше склучен на период од 30 години за месечна закупнина од 600 евра, договорот со „Г3-Фуд“ е склучен на период од 10 години, а месечната закупнина е 1.100 евра.

Меѓутоа, со вториот договор, покрај базенот, придружните објекти и паркингот, опфатен е и деловен простор во рамки на околните објекти, кои претходно не беа опфатени со договорот со „ТУРД Олимпик“.

Впрочем, со овој договор „Г3-Фуд“ закупува деловен простор од 483, 23 и 57 квадрати во објект на КП 5520 – соседната парцела каде што имаше угостителски објекти, а денес под закуп работат работилници.

Дополнително, „Г3-Фуд“ закупила уште 2 деловни простории, од кои една од 76 квадрати на КП 5526, која ја опфаќа спортската сала „Кале“, дадена на користење на КФМ.

Каде е тука проблемот?

Новиот закупувач „Г3-Фуд“ никогаш не платил закупнина, бидејќи во игра, пак, влегла судската пресуда спомената во претходниот договор.

Се работи за пресуда со која „ТУРД Олимпик“ судски го добива Јавното претпријатие поради стопанисување со простор во Олимписки базен. Врз основа на оваа пресуда, друштвото има потврдено побарување кон ЈП во износ од 123 илјади евра, плус казнена камата.

Така, кога Јавното претпријатие склучува договор со „Г3-Фуд“, трите страни склучуваат т.н. договор за цесија.

На тој начин, обврските на новиот закупец „Г3-Фуд“ кон ЈП ги покрива стариот закупец „ТУРД Олимпик“ преку пребивање на судски потврдениот долг што го има јавното претпријатие кон „ТУРД Олимпик“.

Односно, ЈП му издава фактура на закупецот „Г3-Фуд“ од околу 9 милиони денари, колку што чини закупот за договорените 10 години, а „ТУРД Олимпик“ има побарување од ЈП врз основа на судска пресуда за долг од 2003 година. Преку побарувањето на „ТУРД Олимпик“ се плаќа договорениот закуп, бидејќи, од друга страна, „Г3-Фуд“ има побарување од „ТУРД Олимпик“, а долг кон ЈПСОС.

Тука клучна е фактурата меѓу „Г3-Фуд“ и „ТУРД Олимпик“ за овие 9 милиони денари. Едноставно, оваа фактура ја нема во архивата на јавното претпријатие.

Единствено, според нашите сознанија, кога таму доаѓа нов директор, закупецот доставил фотокопија од фактурата меѓу претпријатието и компанијата, со која располагаме и ние, но недостига фактурата меѓу двете компании.

На крајот, поради неплаќање на закупнина, ЈП на 10.11.2022 година носи одлука за раскинување и поништување на договорот со „Г3-Фуд“ за закуп на делови од „Кале“, а истиот ден носи одлука за ништовност и на договорот со „ТУРД Олимпик“, иако тој веќе претходно бил спогодбено раскинат?!

Но, дознаваме дека претпријатието тогаш добило одговор од другата страна дека не можат да поништуваат склучен договор, туку тоа може да го направи само судот. Арно ама, досега не е покрената судска постапка за одлуката за раскинување на договорот.

Во меѓувреме, „ТУРД Олимпик“ згаснува, па се поставува прашањето што се случи со нивното побарување кон ЈП за спортски објекти, поради кое не ја плаќаше и онака ниската закупнина?

Податоците што ги обезбедивме покажуваат дека денес „Македонска куќа“, уште една компанија на Димевски, е меѓу доверителите на Јавното претпријатие, имајќи предвид дека има 2 извршни решенија со вкупен износ од 43.160.897 денари, плус казнена камата.

Конечно, со договорите за закуп и цесија се наплаќа барем делумно побарувањето преку неплаќање закупнина, но така се изигруваат останатите доверители со побарувања кон јавното претпријатие, бидејќи еден доверител наоѓа начин да наплати дел од долгот на страничен и посреден начин, додека другите чекаат ред и веројатно никогаш немаат да го дочекаат, ако се знае дека претпријатието е со години со блокирана сметка.

СПОРТСКИ ВАУЧЕРИ

„Фокус“ поседува обемна документација за претходно изнесените наводи, која е предмет на проверки и од страна на истражни органи. Во посочените субјекти, контрола била извршена од УЈП, документација прибирала и Финансиската полиција, а Јавното обвинителство води предистражна постапка.

Нашите проверени информации говорат дека надлежните влегле во ЈП за спортски објекти и во „Г3-Фуд“, каде што го проверувале финансиското работење и деловните односи. Изготвени се записници и издадени се налози.

Што се однесува до „ТУРД Олимпик“, тоа не го сториле токму од причина дека е згасната, но тоа може да се направи со наредба со обвинителство. Упатените со кои разговаравме велат дека постои законска обврска да се чува документацијата 5 години по згаснувањето.

Меѓу другото, се проверувале договорите за закуп што ги склучувало јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти за време на директорувањето на починатиот Хајредин. Отежителна околност е што голем дел од документацијата е уништена.

Исто така, се „чешлале“ и договорите за подзакуп. Во таа насока, се испитува како закупците на блиски луѓе им реиздавале простор за месечна закупнина од 100 денари, додека од друга страна склучувале и реални договор за подзакуп од кои профитирале, како на пример со една позната скопска дискотека на таа локација.

Во однос на закупот на дел од Кале, се обративме и до МОК и до претседателот Димевски, кој за овој случај кусо вели дека „посочениот простор и ден денес не е во функција“ и додаде дека нелогично му било зошто сме му поставиле прашање за Кале во пакет со прашања за случувањата во МОК.

Нејсе, додека е советник на премиерот, Димевски е креатор и на концептот за т.н. спортски ваучери, па дури и неколку години е претседател на Комисијата што врши селекција.

Првично, оваа комисија функционира во рамки на Агенцијата за млади и спорт, а потоа Димевски ја повлекува во Владата, поради лоша кохабитација меѓу него и првите луѓе на АМС.

Вреди да се потсети дека Антикорупциската комисија изрази сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот на финансирање фондации и спортски клубови, што, исто така, е дел од предметот во ЈО. Според анализите на ДКСК, годишно на овој начин се трошат околу една милијарда денари без никаква отчетност.

– Не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер-системот постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти што не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало – изјави антикорупционерот Владимир Георгиев.

Според Комисијата, постои сомневање дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 2021 и во 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.

За време на периодот кога Димевски е на чело на оваа комисија, во неа членува и веќе споменатиот Поповски, генерален секретар на МОК, чија основна цел и мисија е развој и ширење на олимпизмот.

Покрај другото, нашите потврдени сознанија говорат дека Комисијата тогаш му доделила ваучер и на МОК, кој нема дејност спорт, а плус бил и со блокирана сметка.

ЗГОЛЕМЕН БУЏЕТ

Во исчекување на епилогот од постапувањето на надлежните институции за спортските ваучери, закупот на дел од СРЦ „Кале“ и издавање простории на подзакуп, Димевски продолжува да го води Олимпискиот комитет.

Притоа, тој успева во период од неколку години драстично да го подобри финансиското работење на Комитетот и да го зголеми приливот на средства. Но, не само што собира донации, туку прибира средства и по пат на стопанска дејност, што е нетипична практика на едно здружение на граѓани.

„Фокус“ од Централниот регистар ги обезбеди финансиските извештаи на ова здружение на граѓани за последните неколку години. Што покажуваат тие?

Во 2018 година, МОК имал обрт од 36.155.579 денари, а во 2019 година, приходите паѓаат на 27.496.048 денари. Во следната 2020 година, повторно се забележува раст, односно стабилизација на нивото на приходи, кои изнесуваат 38.984.279 денари. Тоа е безмалку исто како и во следната 2021 година, кога здружението имало приливи од 39.983.934 денари.

Тоа се последните години кога на чело на МОК е Тупурковски и првата година откако претседател веќе е Димевски. Тој доаѓа на оваа позиција во 2020 година, но на крајот на годината, па не може нему да му се припише финансиското работење за оваа година. Негова прва целосна година е 2021, кога се бележи пораст на приходите, но тоа е минимален и незначителен раст.

Но, целосно поинаква е сликата веќе во 2022 година, кога МОК бележи приходи од 75.577.696 денари, што претставува двојно повеќе во однос на 2021 година.

Кога ќе се навлезе во структурата на приходи, може да се види дека доминираат трансфери од европски олимписки комитети (38,3 отсто), по што следува Европска комисија – Еразмус (19,2 отсто), Комерцијална банка (6,2 отсто), Кигили Турција (3,8 отсто)… На оваа листа со помало учество уште се Стопанска банка, Горска…

Што се однесува до расходната страна, пак, најмногу средства се потрошени по основ на стипендии за спортисти и уплати кон национални спортски федерации во износ од 27.179.825 денари.

Потоа, за договори на дело и ангажирање на хонорарни работници потрошени се 9.240.057 денари, за спортска опрема 7.655.417 денари, за патувања 5.159.389 денари, за спортски настани 4.826.846 денари

Патем речено, основниот буџет на друштвото уште повеќе се зголемил ланската 2023 година, кога тој изнесувал 88.260.492 денари, што претставува раст од 320 проценти во споредба со 2019 година.

Мора да напоменеме и дека МОК за многу НСФ и спортисти обезбеди донации од соодветните Меѓународни спортски федерации. МОК обезбеди и реализира партнерски договори во износ од 400.000 евра, но во противуслуги, а не во пари. Тоа се услуги од строго наменски карактер, а се добиени како потреба за спортистите…

Посебно е значајна донацијата од ИОК и ЕОК за формирање на Лабораторијата за високи спортски перформанси, во износ од 300.000 долари. Оваа лабораторија ќе биде основа за сите истражување на најдобрите македонски спортисти, за следење и унапредување на нивните антропометриски, моторички и физиолошки перформанси…

Секако значајна е и финансиската помош од државните институции преку програмата „ваучер“ на Владата во износ од 6.000.000 денари, износ наменет за подготовки на спортисти…“, стои во финансискиот извештај на МОК.

Дополнително, во него се наведува дека периодов во МОК се извршени 2 финансиски контроли, од кои една на УЈП за периодот 2021-2022 година, при што утврдено е дека нема неправилности во финансиското и административното работење, како и дека даночните извештаи и книжења, и дека сите даноци и придонеси се целосно исплатени.

„ЗЛАТНА КОКОШКА“

Инаку, треба да се има предвид дека во 2022 година, МОК остварил дополнителни приходи од 20.261.859 денари преку стопанска дејност поврзана со салата „Јане Сандански“, така што вкупните приходи за таа година достигнале вкупно 95.893.55 денари.

Поточно, Друштвото за спорт и рекреација „Јане Сандански“, во сопственост на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, на 8.1.2013 година склучило договор за јавно-приватно партнерство со Општина Аеродром, тогаш на чело со градоначалникот Ивица Коневски.

Согласно овој договор, приватниот партнер го изградил спортскиот комплекс во пакет со хотелот „Русија“. Како носител на сопственоста на салата фигурира Аеродром, но приватниот партнер добил право со него да стопанисува 35 години.

Меѓутоа, Самсоненко го искористил ова право само нецели 10 години, бидејќи на 6.7.2021 година склучува договор за закуп со МОК.

Според овој договор, со кој располага „Фокус“, се регулираат правата и обврските над деловите од комплексот дадени под закуп, како што се малата и големата спортска сала, деловен простор, паркинг-простор, како и дел од содржините околу паркингот.

Конкретно, просторот што се изнајмува е опфатен со геодетски елаборат за интерна физичка делба за внатрешен простор, од кој произлегува дека на закупецот ќе му бидат дадени под закуп 20.217 од 23.811 квадратни метри.

Како што стои во договорот, закупот се склучува за период од 26,5 години, односно од 2021 до 2048 година, а вкупната закупнина изнесува 3 милиони денари, во што е пресметан и ДДВ.

Договорните страни се согласни недвижниот имот да се користи за сите компатибилни намени за економско стопанисување со спортските сали, без ограничување и без писмена согласност од закуподавачот“, стои во договорот, каде што уште се наведува дека закупецот може да врши адаптација, реновирање и санација на просторот.

Во отчетот за сработеното за периодот 2020-2024, Димевски го става на листата на успеси и постигнувања и спортскиот комплекс „Јане Сандански“, чија проценета вредност е 30 милиони евра.

Значи, МОК на чело со Димевски обезбедил милионски спортски комплекс на период од 26 години за закупнина од нецели 50 илјади евра, што е нецели 2.000 евра годишно. Да биде уште почудно, овој комплекс му обезбедил на МОК приходи од 20 милиони денари или 325 илјади евра само во една година (2022)?!

Тоа е резултат на стопанисување со содржините во комплексот, каде што МОК вложил 180.000 евра за реновирање на двете спортски сали, теретаната и канцеларискиот простор, 40.000 евра за нови спортски содржини за одбојка, кошарка, пинг-понг маси, а изграден е спортски медицински центар за 300.000 евра.

Врз основа на сето тоа, може да се заклучи дека додека обвинителството го истражува делењето на спортски ваучери, закупот на дел од Кале и давањето на подзакуп на дел од објектите, Димевски непречено оперира со МОК, притоа зголемувајќи го буџетот од година во година, така што само ланската година изнесувал над 1,4 милиони евра.

Згора на тоа, остварува дополнителни приходи преку стопанисување со салата „Јане Сандански“, која ја закупил на 26 години за нецели 50.000 евра.

Во врска со „Јане Сандански“, Димевски ни одговори дека стопанисувањето се врши врз основа на договор со претходниот стопанисувач, кој е партнер со Општина Аеродром.

Кога ја презентираше програмата за следниот период, тој истакна дека во следните 4 години предвидена е изградба и на нова спортска инфраструктура, која ќе биде лоцирана во „Јане Сандански“ во вкупна вредност од 340.000 долари, т.е. изградба на тренинг-центар за боречки спортови, болдер карпа, голф симулатор, тренинг центар за стреличарство, покриен скијачки тренинг-центар, мини лизгалиште…

Истовремено, најави и бенефиции за сите репрезентации и национални спортски федерации во „Јане Сандански“, што подразбира бесплатно користење на теретаната и специјалната лабораторија за тестирање на спортските перформанси, бесплатно користење на конгресната сала, видеосалата и канцелариите, попуст за организација на меѓународни и државни првенства…

 

Даниел Димевски, претседател на МОК
ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ Е ДЕТАЛНО ОБРАЗЛОЖЕНО!

Терминот за одржување на Изборното собрание е согласно Статутот и Деловникот на МОК, финансиското работење на МОК е детално образложено во редовно усвојуваните финансиски извештаи на секое годишно собрание без забелешки, стои во кусиот одговор што го добивме од Даниел Димевски, претседател на МОК.

МОК не произведува електрична енергија, иако има намера во блиска иднина да постави фотоволтаици на кровот од салата“, гласи одговорот што го добивме на прашањето зошто МОК како здружение на граѓани одлучило да основа/поседува приватна компанија за производство на струја и дали тоа е компатибилно со статутарните цели?

Потоа, упативме дополнителни прашања во врска со закупот на дел од „Кале“, за бришењето на „ТУРД Олимпик“, за релацијата со „Г3-Фуд“, за побарувањата кон ЈП за спортски објекти. Но, не добивме одговор.

 

Случајно или не
САМСОНЕНКО СЕ ОТКАЖАЛ ОД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“, ОТКАКО ПРОДОЛЖИ ДА ГРАДИ ХОТЕЛ НА ПЛОШТАД!

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко се откажал од спортскиот комплекс „Јане Сандански“ во корист на Македонскиот олимписки комитет, отстапувајќи го на период од 26 години за нецели 50 илјади евра, само половина година откако компанија на Самсоненко успева да се извлече од стечајна постапка и веднаш потоа да продолжи да го гради „Офицерски дом“ на скопскиот плоштад, што беше во неколкугодишен застој.

Поточно, Друштвото за спорт и рекреација „Јане Сандански“, во сопственост на Самсоненко на 08.01.2013 година склучило договор за јавно-приватно партнерство со Општина Аеродром, тогаш на чело со градоначалникот Ивица Коневски. Така, приватниот партнер го изградил спортскиот комплекс, со право со него да стопанисува 35 години.

Меѓутоа, Самсоненко го искористил ова право само нецели 10 години, бидејќи на 06.07.2021 година склучува договор за закуп со МОК. Според овој договор, со кој располага „Фокус“, се регулираат правата и обврските над деловите од комплексот дадени под закуп, како што се малата и големата спортска сала, деловен простор, паркинг-простор, како и дел од содржините околу паркингот.

Конкретно, просторот што се изнајмува е опфатен со геодетски елаборат за интерна физичка делба за внатрешен простор, од кој произлегува дека на закупецот ќе му бидат дадени под закуп 20.217 од 23.811 квадратни метри. Како што стои во договорот, закупот се склучува за период од 26,5 години, односно од 2021 до 2048 година, а вкупната закупнина изнесува 3 милиони денари, во што е пресметан и ДДВ.

Салата се стопанисува врз основа на Договор со предходниот стопанисувач, кој е партнер со Општина Аеродром – ни изјави Димевски, прв човек на МОК, кому овој комплекс му донел приходи од 20 милиони денари или 325 илјади евра само во една година (2022), како резултат на стопанисување со содржините во кои Комитетот вложувал и сопствени средства за изградба и реновирање.

Инаку, овој договор меѓу Димевски, поранешен претседател на Кошаркарската федерација и советник на спорт на експремиерот Зоран Заев, од една страна, и Самсоненко, од друга страна, е склучен неколку месеци откако компанија на рускиот бизнисмен и поранешен почесен конзул на Русија во земјава – „СИС Инвест Груп“, излезе од стечај и веднаш продолжи со изградба на „Офицерскиот дом“ на скопскиот плоштад.

На 18.02.2019 година е отворена е претстечајна постапка за „СИС Инвест Груп“, додека на 16.09.2019 година е отворена стечајна постапка. Оваа постапка трае повеќе од една година, или сè до 19.12.2020 година, кога прекинала по согласност на доверителите. Судското решение за затворање на стечајот, пак, станало правосилно на 18.02.2021 година.

Тоа значи дека половина година по прекинувањето на стечајната постапка на „СИС Инвест Груп“ и само 4 месеци откако судското решение станало правосилно, што му овозможи на Самсоненко да го догради атрактивниот објект во строгиот центар на главниот град, тој склучува договор со МОК, со кој практично за незначителни 50 илјади евра се откажува од правото да стопанисува со спортскиот комплекс во следниот 26 години.

Претходно, рускиот бизнисмен ги обвинуваше Ратко Капушевски и Миле Младеновски дека се дел од злосторничко здружување што сака да му го земе хотелот на скопскиот плоштад. Меѓутоа, Самсоненко ја загуби правната битка против некогашните соработници, бидејќи неговите кривични пријави беа отфрлени. Сепак, успеа да ја спаси фирмата од стечај и да продолжи со изградба на атрактивниот објект, што се одвива со засилена динамика.

    

Најново

ЛУДО ВИДЕО: СРБИН КУПУВА БИГ МЕК ОД МАКЕДОНЕЦ ВО ГЕРМАНСКИ МЕКДОНАЛДС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ПАГАНИНИ НА ГИТАРАТА“ ЈА ВООДУШЕВИ БЕЛГРАДСКАТА ПУБЛИКА Младиот Марцин го покажа својот раскошен талент

Sase Ivanovski

Средба на раководството на СВР Скопје со претставниците на мисијата на ОБСЕ

Sase Ivanovski

РЕДОВНИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ Превентивните прегледи се важни и од финансиски аспект

Sase Ivanovski

РАБОТЕЊЕТО ОД ДОМА Е ПОДОБРО ЗА ЗДРАВЈЕТО Германска студија ги покажала предностите на онлајн работата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТРЕСНА СЦЕНА ЈА ТРОГНА ХРВАТСКА Пожарникари спасија исплашено куче, сопственикот плачеше

Sase Ivanovski

ПОТРЕБЕН НИ Е 5% РАСТ, ТОГАШ МОЖЕБИ БИ СЕ ВРАТИЛА И ДИЈАСПОРАТА Комората и Македонија2025 договориле конкретна соработка

Sase Ivanovski

ДИРЕКТОРУВАЛЕ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ Поднесени две обвиненија за директори на училишта во струшко

Sase Ivanovski

НОВИ 44 СЛУЧАИ НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА Вкупната бројка на заболени достигна 597

Sase Ivanovski

ЌЕ ГО ПОДДРЖИМЕ МИЦКОСКИ АКО СЕ ПОДОБРУВА ДОГОВОРОТ ЗА АВТОПАТОТ, ВЕЛИ АЗЕСКИ „Бехтел и Енка“ се зачлениле во Стопанската комора

Sase Ivanovski

ГО ФАТИЛ ДЕТЕТО ЗА УВО И ГО ТЕГНЕЛ, А СОПРУГАТА ЈА ДРЖЕЛА НАСТАВНИЧКАТА Детали за инцидентот во битолското училиште

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАДНА КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР НА УКРАИНА КАЈ ХАРКОВ? „Не планираме да го освоиме градот“

Sase Ivanovski

ТОМИСЛАВ НИКОЛИЌ ИМАЛ СООБРАЌАЈКА Поранешниот претседател на Србија не е повреден

Sase Ivanovski

Отворен првиот „Саем на средни училишта на Град Скопје “ на плоштад Македонија

Sase Ivanovski

Пентагон: Проектот за пристаништето Газа е завршен, помошта наскоро ќе дојде

Sase Ivanovski

Сообраќајка кај „Џамбо“: Автомобил се заби во бандера

Sase Ivanovski

Фанта-финта со Преспанскиот

Sase Ivanovski

Уште две обвиненија за Рамиз Мерко за незаконско назначување директори на училишта

Sase Ivanovski

Заслужен пораз и незаслужена победа

Sase Ivanovski

Ахмети е доволно возрасен за да ја води конститутивната седница која е планирана за 27 мај

Sase Ivanovski

Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Sase Ivanovski

Словачките политичари повикуваат на смиреност на политичките тензии во државата: Да се намали и со кампањата за изборите за Европскиот парламент

Sase Ivanovski

(ФОТО) Османи со бројни билатерални средби во Стразбур

Sase Ivanovski

Калинак: Состојбата на Фицо по новата операција е стабилна, но многу тешка

Sase Ivanovski

Aнализа: Дали Нетанјаху има план за „ден по“ војната во Газа?

Sase Ivanovski

Словачка на работ од граѓанска војна: политичарите повикуваат на смиреност

Sase Ivanovski

Генерално чистење на дивите депонии во Битола

Sase Ivanovski

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта, се молиме за него

Sase Ivanovski

Водачот на Хутите: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

Sase Ivanovski

Зеленски признава дека ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“

Sase Ivanovski

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на ДИК

Sase Ivanovski

Нов критички одглас за романот на годината од Димковска – критички осврт на Мојсова-Чепишевска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Силно невреме го зафати Хјустон: има загинати, а градот е во мрак

Sase Ivanovski

Здружението на судии апелира реформата на судството да биде аргументирана, а третата власт да биде вклучена

Sase Ivanovski

Путин вели дека Русија создава тампон зона крај Харков и не планира освојување на градот

Sase Ivanovski

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Sase Ivanovski

Бербок вели дека на Украина ѝ треба оружје со долг дострел за да го одбрани Харков

Sase Ivanovski

,,Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Sase Ivanovski

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

Sase Ivanovski

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Sase Ivanovski

Екстрадиран Бесим Красниќи 

Sase Ivanovski

Еди Рама распали по Бугарија на настан во Тирана организиран од „Солуција“ и Рокфелер

Sase Ivanovski

КОИ СЕ ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА?

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Sase Ivanovski

МАКРАДУЛИ: „На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите“

Sase Ivanovski

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski
Вчитувам....