14.8 C
Скопје
23/05/2025 05:54
МАКТЕЛ

     

Молк во костуми

      

Одамна стана повеќе од очигледно дека корпоративната култура и елитизмот се главни карактеристики на голем дел од самопрогласените прогресивни организации на граѓанското општество (ОГО или НВО, како и да ги наречете). Овие ентитети често функционираат изолирано, создаваат резултати со слаб ефект и ограничена јавна вредност. Тие се далеку од тоа да бидат мултипликатори на демократска енергија, не се трудат да вклучат пошироки граѓански мрежи, ниту овозможуваат другите да ја засилат нивната работа. Нивниот раст се темели не на легитимитет од база или општествена релевантност, туку на способноста да им се умилкуваат на донаторите, а многу од нив се, всушност, нивни спиноф проекти. Создадени од донаторски иницијативи, тие еволуираа во тромави бирократски машини дизајнирани да ги исполнуваат административните барања и да апсорбираат големи финансиски средства – често со малку или без никаков ефект врз реалниот свет.

Критиката не може и не смее да застане само кај невладинит. Истиот образец се среќаваат и кај широкиот спектар од актери кои тврдат дека ја унапредуваат демократијата, било да се нарекуваат прогресивци, демократи или умерени, сеедно. Политичките партии кои ги носат демократските вредности како свој бренд, често функционираат како елитистички клубови, каде што вештините за наметнување на пораките (messaging) ја заменува мобилизацијата, а лидерството се разминува со својата база, наместо да зборува со неа. Многу тинк-тенкови штанцаат фино полирани документи полни со „стручен“ жаргон и метрики, но остануваат далеку од реалните животни искуства на луѓето, а најмалку нудат решенија засновани на реалноста. Дури и проверувачите на факти често ја сведуваат вистината на техничка процедура, лишена од социјален и политички контекст, морална јаснотија и системска критика.

   

Една од клучните причини зошто овие структури не успеваат да ја стекнат довербата на јавноста е тоа што не функционираат како вистински јавен ресурс за градење демократска отпорност. Немаат интерес да градат односи со граѓаните кои тврдат дека ги претставуваат. Комуникацијата со јавноста е еднонасочна, стерилна и трансакциска – без дијалог, скромност или солидарност. Најголемиот дел немаат никаква реална база – ни заедница, ни активно членство, ни соработка со формални или неформални граѓански иницијативи. Наместо тоа, тие го одразуваат однесувањето на самите институции што треба да ги земат на одговорност – хиерархиски и нетранспарентни. Нивните активности се темелат на бирократски шаблони без душа, контекст или значење за заедницата. Дури и јавната комуникација им е ладна и формализирана, ограничена на крути формати што повеќе наликуваат на корпоративен бренд, отколку на граѓански ангажман. Механизмите за повратна информација, кога постојат, само симулираат учество преку ограничени и стерилизирани алатки, дизајнирани за заштита на угледот, а не за промена и раст.

Понатаму, страдаат од празен академизам – методолошки прецизни на хартија, но без морална храброст, без реална поврзаност со светот и без визија што носи промени. Нивниот јазик е преполн со технички термини и стерилен формализам, дизајниран повеќе за да импресионира донатори и партнери (или самите себе), отколку да ги ангажира заедниците или да го предизвика системот на неправда. На крајот, тие репродуцираат стерилна интелектуална култура која го става институционалното преживување над јавниот интерес, и метриките над суштината. Нивниот одговор на горливи предизвици – војни, воени злосторства и грубо кршење на човековите права – е често внимателен, слаб или исплакнат, детачиран. Тие се селективни при изборот чии права да ги бранат, давајќи приоритет на оние во нивниот близок круг или во политички безбедни зони, наместо да им помогнат на најранливите. Нивното застапување е селективно и премногу претпазливо, со крајна грижа да не навредат моќни институции, влади или медиумски корпорации – дури и кога молчењето значи соучесништво.

Кога самите стануваат мета на говор на омраза или јавна критика, нивната реакција ретко е принципиелна. Наместо тоа, прибегнуваат кон корпоративен модел на контрола на штетата: умилкување, повлекување или нејасни изјави што треба да го ублажат ударот и да избегнат понатамошни напади или јавна проверка на нивната работа. Во најголем дел, тие ефективно се помируваат со центрите на моќ наместо да ги предизвикаат – зајакнувајќи ги токму тие наративи кои ги дискредитираат граѓанските и прогресивните иницијативи. Повеќе внимаваат да не предизвикаат некаков вид одмазда, отколку што ја вреднуваат вистината, а одржувањето на брендот им е поважно од моралната позиција. Во поглед на изградбата, одбраната и прифаќањето на демократските вредности, демократските актери покажуваат разочарувачки резултати – особено кога станува збор за различноста, инклузијата и универзалната примена на човековите права. Тие зборуваат во флоскули – празни фрази и помодарски зборови. Прават сè за да ги избегнат непријатните вистини и не реагираат со храброст или интегритет на клучните и моралните прашања на нашето време.

Со сето тоа, тие оставаат празнина – лесно и брзо исполнета од авторитарни центри на моќ кои виреат врз основа на популистичката реторика и нудат заводливи, поедноставени одговори на комплексни општествени проблеми. Додека демократските актери цупкаат во место и се самоцензурираат – послушниците, националистите и милитантите газат и громогласно врескаат. Во меѓувреме, светот се урива – од агресијата на Русија врз Украина, ужасот на етничкото чистење во Газа, масовното кршење на човековите права низ Јужна Америка и крвавите конфликти низ Африка. А над сето тоа, светот се тресе од грмотевиците на растечкиот авторитаризам. Овие самопрогласени бранители на демократијата, пак, само шепотат – повлекувајќи се во суета, процедурализам и елитизам, додека светот е во грч, во недостаток од храброст на клучни места.
Отсуството на содржина, солидарност и храброст кај овие елитистички структури не ги прави само неефикасни, туку ги прави дел од проблемот. Тоа ја предизвикува ерозијата на доверба, ја ослабува демократијата и ги остава општествата ранливи на манипулација, страв и авторитарна контрола.

Би сакал да не сум во право. (civilmedia)

Џабир Дерала

   

Најново

Рамофоса дојде подготвен во Белата куќа и го изненади Трамп…

Sase Ivanovski

Одисеј во Македонија?!

Sase Ivanovski

Сочувствуваме со трагедијата на мигрантите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во болница во Велика Британија, евакуирани се бремени жени

Sase Ivanovski

Милчо Манчевски со реакција по веста дека му е поднесена кривична за потрошени државни пари

Sase Ivanovski

На повредените од пожарот во Кочани, на кои им е, или ќе им биде трансплантирана кожа, им се потребни силиконски гел листови

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп го блокира Харвард во запишување на странски студенти, се заканува и со поширока акција…

Sase Ivanovski

Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски за попречување на правдата

Sase Ivanovski

Зеленски ги осуди ракетните напади од Русија

Sase Ivanovski

Охриѓанец му ја кршел шофершајбната на друг возач по судир

Sase Ivanovski

Коцевски: За десетина дена треба да заврши истрагата за случајот во Кочани, распрашани над 300 лица

Sase Ivanovski

Дурмиши: Саудиска Арабија изрази подготвеност за економска соработка

Sase Ivanovski

Се урна таванот во средно училиште во Србија, ученичка е полесно повредена

Sase Ivanovski

Путин не сака мир затоа што победува…

Sase Ivanovski

„Политиканти“ со Бранимир Јовановиќ, Борјан и Сашо, сезона 3, епизода 23

Sase Ivanovski

Арсовска до Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Sase Ivanovski

Османи: Претходната влада на Мицкоски му остави одличен маневарски простор за одмрзнување на процесот со ЕУ

Sase Ivanovski

Меџити по потпишувањето на договорот со Британија: Ова е историски ден за државата

Sase Ivanovski

Ердоган: Повеќе нема да се кандидирам за претседател

Sase Ivanovski

Министерот за култура Зоран Љутков добитник на меѓународна награда „Да за уметноста“

Sase Ivanovski

ЗНМ и СМС со заеднички проекти и обуки до унапредување на соработката на судиите и новинарите

Sase Ivanovski

Путин: Ќе создадеме тампон зона по долж границата меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Калас: ЕУ почна да ги укинува мерките против Косово

Sase Ivanovski

Свечена културна манифестација посветена на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, која по 11-ти пат традиционално ќе се одржи на 24 мај 2025 г, во црквата „Св. Софија“ во Охрид

Sase Ivanovski

Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти

Sase Ivanovski

Путин: Ќе создадеме тампон зона по долж границата меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Пожар во болница во Велика Британија, евакуирани се бремени жени

Sase Ivanovski

Судија ја блокираше наредбата на Трамп за распуштање на Министерството за образование и отпуштање вработени

Sase Ivanovski

Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори, Вучиќ и Мацут поканети лично да ја примат

Sase Ivanovski

Милчо Манчевски со реакција по веста дека му е поднесена кривична за потрошени државни пари

Sase Ivanovski

На повредените од пожарот во Кочани, на кои им е, или ќе им биде трансплантирана кожа, им се потребни силиконски гел листови

Sase Ivanovski

Закерберг сега е втор најбогат човек на светот, го престигна Безос

Sase Ivanovski

Момче избодено во основно училиште во Берлин, неговиот соученик што го нападна е во бегство

Sase Ivanovski

Шпанската полиција осомничи три лица вмешани во убиството на поранешниот советник на Јанукович

Sase Ivanovski

Насилник од Аеродром двапати ја нападнал сопругата, натепал и минувач кој сакал да ја одбрани

Sase Ivanovski

Владиката Пимен се сретна со новиот Папа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Само Интервју” со Фатмир Битиќи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Битиќи: Разговарав со Ролс Ројс да направaт мини нуклеарна централна во Македонија!

Sase Ivanovski

Претседателот на Собранието, Гаши: Владата да седне заедно со опозицијата, да донесеме заеднички Закон за Кочани

Sase Ivanovski

Филипче од Желино: Дали се однапред договорени фирмите блиски до власта кои ќе работат на проектите од заемот?

Sase Ivanovski

Борел: Израелската влада има геноцидни намери во Појасот Газа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Телма: „Класифицирани информации“ – одговор на МВР за полициските контроли во кабарето „Пулс“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Две обвиненија за онкологија против двајца поранешни директори и тројца онколози

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најава 360° (22 5 2025) Униформи за спец. полиција од модно студио од Битола и тазе фирма од Скопје

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка

Sase Ivanovski

Вицепремиерот Николоски во Лондон се сретнал со претставници на британскиот инструмент за надворешно финансирање

Sase Ivanovski

Двајца вработени во израелската амбасада во САД убиени во престрелка пред Еврејскиот музеј во Вашингтон

Sase Ivanovski

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Sase Ivanovski

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Sase Ivanovski

Скенирајте ги вашите зеници и докажете дека сте човек – новата дигитална борба за идентитет

Sase Ivanovski

Претставничкиот дом на САД го усвои сеопфатниот закон за намалување на даноците предложен од Трамп

Sase Ivanovski

Летната сцена „Славиша Кајевски – Млади за млади“ оваа година со хуманитарна цел

Sase Ivanovski

Новиот став на Трамп за војната во Украина: Тоа не е мој проблем

Sase Ivanovski

Екс директорите на Онкологија Васев и Нухи, обвинети за злоупотреба, измама и проневера

Sase Ivanovski

11 лица приведени за примање поткуп и примање награда

Sase Ivanovski

Малолетничка раскинала со дечко ѝ, а тој објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина

Sase Ivanovski

Каја Калас утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

МТСП: Министерот Лимани оствари средба со Амбасадорот на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал- Хајарин

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет, државата ќе беше веќе во ЕУ

Sase Ivanovski

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

Sase Ivanovski

(ФОТО) Осврт од вчерашното отворање на ретроспективната изложба на Анета Светиева во Даут пашиниот амам

Sase Ivanovski

Производите на Витаминка на престижниот China-CEEC Expo 2025 во Кина

Sase Ivanovski

Менаџмент консалтинг асоцијацијата: МКА 2000 го зацврстува менаџмент консалтингот – 25 години професионализација и иновации

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска на средба во СКСМ – Намалуваме царини на 70 производи, ќе се зголеми производството и извозот

Sase Ivanovski

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас во посета на Балканските медицински наменски сили

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со Зеленски

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Бендевска – Џоу: Односите со Кина се базираат на меѓусебна почит и заемна поддршка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КХС: Масовно незаконско одлагање отпад во Општина Аеродром

Sase Ivanovski

„Замисли“ на дебата со штипјани: партизацијата и корупцијата ја испразнија источна Македонија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС заборава дека претседател на политичка партија претходник на нивната беше назначен за гувернер

Sase Ivanovski

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија предлага закон со кој прагот за регистрираните земјоделци како даночни обврзнициќе се зголеми од два на четири милиони денари

Sase Ivanovski

Средба на министерот Дурмиши со заменик-гувернерот на ГАФТ: Саудиска Арабија изрази подготвеност за економска соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено, следува пријава

Sase Ivanovski

Групата за соработка со пратеници од различни партии, но со ист став за зајакнето пријателство со Кина

Sase Ivanovski

Министерство за економија и труд: Заменик-министерот Ристески ја предводи македонската делегација на Четвртиот China-CEEC Expo 2025 во Нингбо

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славевски за Гувернер

Sase Ivanovski
Вчитувам....