20-годишен турски државјанин доби кривична пријава откако на почетокот на месецов, полицијата во неговиот автомобил пронашла куршуми за автоматска пушка, соопшти МВР.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј.Б.(20) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 01.06.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал пријавениот, при што кај кого биле пронајдени и одземени куршуми калибар 7,62 мм“, велат од полицијата.