16.8 C
Скопје
15/06/2025 23:43
МАКТЕЛ

   

КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања 2024–2028, наоди од првата година

      

Finance Think, во партнерство во Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво- Здружение за интерсекторска соработка и Младинскиот образовен форум, ја претставува надградената мониторинг рамка КОМПАС за системско следење на реализацијата на владините ветувања за периодот 2024–2028. Оваа рамка ја надградува претходната верзија која го мапираше економскиот напредок во периодот 2020–2024.

Платформата „КОМПАС“ (https://kompas.financethink.mk) ја следи реализацијата на вкупно 139 ветувања, распоредени во пет приоритетни области: социо-економија, образование, здравство, млади и родова еднаквост.

   

Вкупен напредок: умерено исполнување со значајни разлики по области

Од вкупните ветувања, досега се целосно реализирани 18 мерки (13%), додека 51 мерка (37%) се во фаза на реализација. Најголем напредок е постигнат во областа на образованието, каде 24% од мерките се исполнети, а 70% се во тек. Зад него следат социо-економските политики и политиките за млади, со по 9% реализирани мерки. Реализацијата во здравство има поумерена динамика, три мерки се реализирани и 5 во насока на исполнување. Најмал прогрес е забележан во областа на родовата еднаквост, каде што нема ниту една активна или реализирана мерка (График 1).

Графк 1: Исполнетост по области

Социо-економски политики: Делумен напредок, но со потенцијални ризици

Од 43 мапирани ветувања, 4 се исполнети, а 12 се во фаза на реализација. Реализираните вклучуваат: непроменети даночните стапки на личен доход и добивка, реинвестирана добивка без оданочување и зголемување на пензиите за 5000 денари. Во насока на реализација, најголем дел се од областа стабилни финансии кои придонесуваат кон макроекономска стаблност како раст на БДП, контрола на инфлацијата, намалување на јавниот долг и невработеноста, зголемени инвестиции и креирање на нови работни места.

Од аспект на исполнетост, иако бројот на целосно исполнети ветувања е релативно мал, мерките кои се во фаза на исполнување се задоволителни. Поголема причина за загриженост се ветувањата чија реализација се движи во спротивна насока од првичните цели, особено затоа што тие претставуваат клучни структурни реформи. Станува збор за ветувањата поврзани со намалување на буџетскиот дефицит под 3% од БДП, намалување на сивата економија, зголемување на продуктивноста, поддршка на извозот и умерен пораст на платите во јавниот сектор.

Дополнителен предизвик претставува усогласеноста на владините приоритети со реалните потреби и очекувања на граѓаните. Според последното истражување „Што е клучно за подобрување на квалитетот на живот?“, граѓаните идентификуваат дека услугите за грижа на стари лица и деца (старски домови и детски градинки), се оценети како недовлно достапни, а често и скапи. Додека квалитетот на патната инфраструктура и јавниот транспорт се оценети со најлош квалитет. Истовремено, највисока поддршка добиваат ветувањата за отворање нови работни места, капитални инвестиции и проширување на капацитетите за детска грижа. Од друга страна, поддршката за зголемување на платите во јавната администрација е ниска, дури и со голем процент на негативен став по однос на зголемувањето на платите, а зголемувањето од 16,8% во 2024 е дури и над даденото ветување за пораст согласно растот на економијата.

Во наредниот период, неопходно е да се задржи фокусот врз мерките кои се веќе започнати, со цел тие да се довршат во разумен рок. Особено внимание треба да се посвети на мерките чие реализирање започна позитивно до крајот на 2024 година, но покажуваат ризици од отстапување во првиот квартал на 2025 – како што се стапката на инфлација и поголема наплата на средства во државниот буџет. Како и подобро усогласување на владините приоритети со очекувањата и реалните потреби на граѓаните.

Образование: највисок степен на реализација

Од 37 мапирани мерки, реализирани се 9, а 26 се во тек, што укажува на силна динамика на активности. Ветувањата кои се реализирани или се во процес на исполнување вклучуваат зголемување на буџетот за образование (на 3.79% од БДП), ревизија на Концепцијата за основно образование, поддршка за успешни училишта, како и проширување на мерките за образовна инклузија. Иако е направен почетен чекор во реформата на високото образование, реализацијата на мерките во овој сегмент останува најслаба. Одредени мерки, како воведување на СТЕМ концепт и отворање центар за обука на наставници, сè уште не се преземени. Дел од ветувањата не се транспонирани во стратешките документи на МОН, или се ревидирани и преформулирани во насока да соодветствуваат на тековните политики на МОН што укажува на потреба од поголема усогласеност меѓу Владината програма и реалните капацитети на системот. Сепак, воспоставувањето на индикатори за следење на имплементацијата е позитивен чекор кон поефикасен мониторинг.

Здравство: ограничен напредок со важни почетоци

Од 31 ветување, реализирани се 3, а 5 се во тек. Вклучуваат: зголемување на капитациониот бод за лекарите од примарната здравствена заштита, укинување на позициите економски директори, како и воведување на девет нови генерички лекови на позитивната листа по подолг временски период. Започнат е процесот на вработување на околу 1.018 здравствени работници кои досега беа ангажирани по договор на дело во јавните здравствени установи (ЈЗУ). Иако процесот е во тек, истиот се соочува со одредени административни предизвици кои го забавуваат. Исто така, започнати се и постапките за вработување на приватните специјализанти во јавното здравство. Паралелно се спроведуваат проекти за реновирање на неколку здравствени установи и набавка на нова медицинска опрема за дијагностика и третман во повеќе здравствени центри.

Сепак, предизвиците остануваат значајни: темелна реформа на примарната здравствена заштита и другите нивоа на здравствениот систем, регионализација на болниците, недостигот од здравствен кадар, дигиталната трансформација и воспоставување на одржлив систем за долготрајна нега.  Дополнително, перцепциите на граѓаните откриваат значајна неусогласеност меѓу очекувањата и реалноста. Граѓаните оценуваат ограничена достапност до специјалистичка здравствена заштита, недоволно квалитетна инфраструктура и високи лични трошоци за лекови и здравствени услуги. Овие наоди укажуваат дека мерките во здравствениот сектор мора да бидат поусогласени со реалните потреби на граѓаните, со акцент на подобрување на пристапноста, квалитетот и финансиската заштита. Целта е да се воспостави модерен, ефикасен и одржлив здравствен систем, со јасни стандарди, подобра инфраструктура и кадровски потенцијал, кој ќе одговори на очекувањата на граѓаните и ќе обезбеди квалитетна здравствена услуга на сите нивоа

Млади: институционален напредок, недоволно спроведување на конкретни мерки

Следени се 15 мерки, од кои 2 се реализирани, 8 се во тек, а 5 не се реализирани. Иако е формирано ново Министерство за социјална политика, демографија и млади, како и Центар за истражување на младински прашања – што претставува значајна институционална новина – најавените конкретни мерки, како ваучери од 250 евра за електронски уреди за студенти, М-апликација за младински стандард или проектот „Купи куќа за млади“, сè уште не се реализирани.

Од друга страна, започнати се иницијативи за реновирање на студентски домови и зголемена финансиска поддршка за млади земјоделци. Ваквите резултати упатуваат на потребата од јасни рокови, зајакнати институционални капацитети. Исто така, приоритизирањето на мерките треба да се совпаѓа со реалните потребите на граѓаните и младите, како што е поддршката од 80% за подобрување на условите за домување, 63% за мерката „Купи куќа за млади“ и 73% за финансиска поддршка на млади претприемачи, меѓу останатите.

Вкупната акција е поддржана од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС, НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Тимовите на:

Finance Think – Институт за економски истражувања и политики

Младинскиот образовен форум

Македонскиот центар за граѓанско образование

Македонското лекарско друштво

Frederik Sopen 1-1/2

1000 Skopje

North Macedonia

+389 26 156 168

   

Најново

БОГДАНОВИЌ: Деновиве актуелна тема по електронските медиуми е затворање на улиците во Дебар Маало за динамичен сообраќај и претворање на улиците во пешачки и велосипедски патеки

Sase Ivanovski

РУСИЈА Ѝ ПРЕДАДЕ УШТЕ 1.200 ТЕЛА НА УКРАИНА Москва не добила ниеден загинат руски војник за возврат

Sase Ivanovski

Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

Sase Ivanovski

406 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, МЕЃУ НИВ И 14 НУКЛЕАРНИ НАУЧНИЦИ Главниот град Техеран е честа мета на удари

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент го одобри договорот за стратешко партнерство со Русија

Sase Ivanovski

Ердоган: Турција сака да биде посредник во решавањето на спорот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

Шефот на иранската разузнавачка служба убиен во израелските напади

Sase Ivanovski

Германската полиција ќе користи алтернативни оружја против вооружени напаѓачи

Sase Ivanovski

Во завршна фаза проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Албанија и Македонија

Sase Ivanovski

Асистентот на Диди откри што му купувал на раперот за „кралските ноќи“: Кондоми, лубриканти, мед…

Sase Ivanovski

Демонстрации против Израел во Хаг и Брисел

Sase Ivanovski

Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху

Sase Ivanovski

ТАЈНАТА ЗА ДОЛГ ЖИВОТ БИЛО ДА ЈАДЕМЕ ЈАЈЦА, МРСНА МОРСКА РИБА И МНОГУ КАФЕ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СРАМОТА Е ДА СЕ РАДУВАМЕ НА БОМБИТЕ ШТО ПАЃААТ ВРЗ ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ЈА ПРАШАА НА ФЕЈСБУК ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Sase Ivanovski

Израелците соборија ирански ракети надвор од атмосферата вечерва, погледнете го видеото

Sase Ivanovski

За три до четири недели треба да заврши реконструкцијата на одделението за физикална терапија во кочанската болница, вели директорката

Sase Ivanovski

ИРАН: СОБОРИВМЕ ИЗРАЕЛСКИ Ф-35

Sase Ivanovski

НАМЕСТО ДА ГИ КРЕНЕ ТРКАЛАТА, ТОЈ СЕ ФАТИЛ ЗА РАЧКАТА ЗА ПРОДОЛЖЕНИТЕ КРИЛА: ФАТАЛНА ГРЕШКА НА КОПИЛОТОТ НА ИНДИСКИОТ АВИОН НАЈВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА НА ЛЕТОТ ЗА ГЕТВИК

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ: НАПАДОТ НА ИЗРАЕЛ НАД ИРАН ЌЕ И ПОМОГНЕ НА РУСИЈА ПОРАДИ РАСТОТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Sase Ivanovski

ВО УКРАИНА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА РУСКИОТ ВОЈНИК ОБВИНЕТ ЗА ЕГЗЕКУЦИЈА НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИЦИ, МУ СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА

Sase Ivanovski

Магдебург ја освои титулата во ракометната Лига на шампионите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

Sase Ivanovski

Доминација на македонскиот кајакар Ане Петрушевски во Европскиот куп

Sase Ivanovski

Гатузо како селектор на Италија ќе дебитира против Естонија

Sase Ivanovski

Македонските граѓани и натаму се изложени на трошоци за зелениот картон

Sase Ivanovski

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков од Меѓународната научна конференција за ЕУ во Дубровник: Патот до ЕУ не е лесен, да покажеме дека припаѓаме во Европа

Sase Ivanovski

Ројтерс: Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Sase Ivanovski

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетници ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Sase Ivanovski

Полицајци нападнати во кафуле во 3 часот по полноќ

Sase Ivanovski

Проданоски: Владата направи меѓународни чекори што оваа држава не памети за толку краток временски период

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Општината обезбеди нови ПП апарати за сите училишта и градинки

Sase Ivanovski

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Sase Ivanovski

Дмитриев: Русија би можела да стане посредник меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Интервју со Наташа Бојчева, ветеринарка: Бричењето на крзното во лето може да му наштети на кучето

Sase Ivanovski

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни, едното го изела, другото е повредено

Sase Ivanovski

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОРАКА ДО МЛАДИТЕ МАЖИ: 10 ЛАГИ ЗА ЖЕНИТЕ КОИ НЕ УЧАТ ВО ФИЛМОВИТЕ, ПЕСНИТЕ, МЕДИУМИТЕ…

Sase Ivanovski

Мицевски: Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски

Sase Ivanovski

НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули

Sase Ivanovski

(Видео) СДСМ: Без одговорност на Тошковски и Јанев – нема правда за Кочани

Sase Ivanovski

Кирков: Хоророт во Скопје ЗОО и натаму продолжува

Sase Ivanovski

ОЈО ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Алиу открил 57 предизвици во здравството, фокус на онкоболните пациенти

Sase Ivanovski

Алиу најави: Секој граѓанин над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи

Sase Ivanovski

ИРАН ГО ЗАМОЛИЛЕ КИПАР ДА ПРЕНЕСЕ ПОРАКИ ДО ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ИДФ: Бараж ирански ракети пресретнати во северен и централен Израел

Sase Ivanovski

Индекс: Јадранoт преполн со „ничии“ банкомати што наплаќаат огромни провизии

Sase Ivanovski

Татковците во Македонија слабо си играат со децата

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше аеродромот Мехшед во североисточен Иран

Sase Ivanovski

ВИДЕО Нетанјаху го посети нападнатиот град, толпата му ја пееше „Биби, крал на Израел“

Sase Ivanovski

Албанската Влада го усвои договорот со Србија за социјално осигурување

Sase Ivanovski

Жителите на „Марко Крале“ во Бутел со денови се гушат во смрдеа од ѓубре

Sase Ivanovski

ПУТИН ЧУВСТВУВАЛ ДЕКА КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ТРЕБА ДА ЗАВРШИ Трамп се согласил, но му рекол дека и војната во Украина треба да заврши

Sase Ivanovski

ТЕХЕРАН ЌЕ ЈА ПОЧУВСТВУВА СИЛАТА НА ИЗРАЕЛСКАТА РАКА Нетанјаху најави жестока одмазда, Израел нападна објект на иранското Министерство за одбрана

Sase Ivanovski

Мерц: Не смее да му се дозволи на Иран да има нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Затворска казна за четворица обвинети за пожарите во близина на Атина во 2018 година – задоволство кај семејствата на жртвите

Sase Ivanovski

Нордиските и балтичките земји идни лидери на ЕУ

Sase Ivanovski

Петрушевски: Апсењата на ЈО во случајот Кочани се на база на документацијата од МВР, обврска да постапува и презема дејствија е исклучиво на ЈО

Sase Ivanovski

Реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: Целиот имот на Филипче е уредно и транспарентно пријавен во анкетните листови

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач од дебарско, управувал возило со 2,69 промили алкохол во крвта 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поранешниот претседател Стево Пендаровски учествуваше на 20тиот јубилеен Глобсек форум, кој се одржува во Прага, Чешката Република, под наслов “Управување (со) хаосот: Време е Европа да истапи напред”

Sase Ivanovski

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс, граѓаните бараат правда и затвор за убијците на животни

Sase Ivanovski

Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања

Sase Ivanovski

Шестата Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“

Sase Ivanovski

Таксист му зел 7.800 денари на Швајцарец од Центар до Средно Водно

Sase Ivanovski

Ѓоргиевски се жали: Властите во Македонија испраќаат порака до сите Бугари дека секој го очекува ова

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицевски со коментар на барањата на СДСМ за кривична и политичка одговорност на Тошковски, Јанев, Мицкоски: СДС за одговорност прво нека се обрати кај Филипче, Заев, Спасовски, Ахмети, сега има правда која се темели на наоди на институции кои работат слободно

Sase Ivanovski

Уште се трага по убиецот на американската претставничка од Минесота и нејзиниот сопруг – ФБИ понуди награда

Sase Ivanovski

ОНКОЛОГИЈА ЛИЧИ НА СЀ, ОСВЕН НА БОЛНИЦА Министерот Алиу најави крај на тендерските доцнења и на чекалниците без столчиња

Sase Ivanovski

РУСИЈА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ УКРАИНА СО 200 ДРОНОВИ И РАКЕТИ Киев цела ноќ соборувал „кинжали“, „искандери“ и беспилотни летала

Sase Ivanovski

Митева и Лефков: Направивме увид на одмoралиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

Sase Ivanovski

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Sase Ivanovski

Направиле покрив на училиште во Богданци што при земјотрес може да им падне на глава на учениците

Sase Ivanovski

Кочани ни е во фокусот – ќе почнам оттаму, вели новиот министер за здравство

Sase Ivanovski

Герасимовски: Есенва симболот на Центар ,,КК Работнички” ќе игра во нова современа сала

Sase Ivanovski

Каракачанов: Додека Владата на Мицкоски е на позиција, Бугарија треба јасно да изјави дека во случај на уште еден антибугарски настан, ќе стави вето

Sase Ivanovski

Расте бројот на жртви во Израел по иранскиот напад, лидерите на Г7 на итен состанок во Канада

Sase Ivanovski
Вчитувам....