-2.2 C
Скопје
21/02/2025 21:55
МАКТЕЛ

    

МОН ги објави конкурсите за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети

      

На конкурсите можат да аплицираат македонски граѓани кои во академската 2025/2026 година ќе се запишат на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката, согласно Шангајската листа. Министерството за образование и наука (МОН) неделава ги објави конкурсите за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети според Шангајската листа, за академската 2025-2026 година. Станува збор за финансиска поддршка за граѓаните на Македонија што ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите универзитети во светот.  Мерката се спроведува веќе 15 години, а од годинава се воведени одредени модификации на условите за корисниците по стекнувањето на дипломата, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска. „Целта на измените е да се обезбеди ефективност на оваа мерка која, чини многу пари, ако се има предвид дека студирањето на најдобрите универзитети е исклучително скапо и на годишно ниво исплаќаме до 40.000 американски долари само за покривање на уписнината, а дополнително се покриваат и трошоците за живот, сместување и превоз на нашите студенти“, рече Јаневска.

На конкурсите можат да аплицираат македонски граѓани кои во академската 2025/2026 година ќе се запишат на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката, согласно последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет. Кандидатот треба да има соодветно претходно образование и соодветен просечен успех кој е наведен во конкурсот и да не е корисник на каква било стипендија од друг давател во моментов. За стипендистите останува обврската по стекнувањето на дипломата, да се вратат во Македонија и да работат двојно повеќе време од времето на студирањето. „Има неколку новини во конкурсот. По враќањето, стипендистите треба да се пријават во МОН и за прв пат, да се регистрираат на посебен дигитален регистар (e-registar.mon.gov.mk), што го воведуваме оваа година, а кој ќе биде споделен со државните органи, универзитетите и стопанските комори, во насока на полесно наоѓање соодветен работен ангажман. Ако на студентот не му биде понуден ангажман во рок од шест месеци, не му престанува обврската да работи во државата“, информираше Јаневска.

   

Ако пак студентот, во рок од три месеци по дипломирањето се вработи во некоја компанија од Fortune top 500 листата во странство, тогаш надвор од Македонија може да остане најмногу до три години, со цел, како што рече министерката, стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што почнува да му тече обврската да работи во својата држава двојно повеќе време од времето на студирање. „Доколку кандидатот одлучи да не се врати во државата, односно не ги исполни обврските од потпишаниот договор, ќе мора да ги врати средствата, онолку колку што министерството му исплатило за студирање и тоа најдоцна во рок од две години по завршувањето на студиите. Во минатото се бараше враќање на десеткратно поголем износ, што всушност беше неприменлива договорна одредба“, додаде министерката. Осврнувајќи се на дигиталниот регистар на стипендисти во странство, Јаневска посочи дека целта е во него да се пријават сите завршени и тековни студенти во странство кои користат стипендија од МОН, за да може државата да има увид во состојбата на секој стипендист. Регистарот содржи податоци за студентот, видот на студиите, периодот на студирање, работен статус, контакт податоци и слично и секој ќе треба најмалку еднаш годишно да ги ажурира своите податоци доколку има каква било промена. Студентот може да одбере неговиот профил да биде видлив и така полесно ќе се вмрежува со други студенти, со научни и образовни установи и со работодавачи. „Веќе сме во комуникација со многу од студентите да се пријават во регистарот и бидејќи тоа може да им донесе само корист, очекувам соработка и постапување. А задоволство ми е да споделам и дека Министерството за образование и наука веќе започна соработка со неколку дипломирани студенти, кои имаат желба и со голем ентузијазам работат на развој и промоција на својата држава“, рече министерката. Конкурсите за стипендии за студии во странство можат да се најдат на следниве линкови: за додипломски студии, за постдипломски студии, за докторски студии. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи

Sase Ivanovski

МВР: Од почетокот на февруари издадени над 18.000 налози за сообраќајни прекршоци, 1.500 возачи не поседувале возачка дозвола

Sase Ivanovski

Големата идеолошка конфузија: Левичари – надесно равнајс!?

Sase Ivanovski

Бројот на заболени од шуга пораснал за 46 отсто за една година

Sase Ivanovski

Протест на вработени во Филхармонија, бараат директорот да се избере според критериумите, наместо со партиски договор

Sase Ivanovski

Внатрепартиски избори во СДСМ на 16 март, Венко Филипче е единствен кандидат

Sase Ivanovski

Контраспин: ВЛЕН со спинуван одговор до ДУИ за Албанците во безбедносниот сектор

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Sase Ivanovski

Меџити: Правичната застапеност на Албанците е уставна категорија, му се допаѓало тоа на Минчев или не!

Sase Ivanovski

ДОМ: Обновлива енергија – ДА, НЕ на плодна земја!

Sase Ivanovski

Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска на средба во ССК – МСП се двигателот на нашата економија, поддршка за нивните инвестиции со поволните средства на Владата од унгарскиот заем

Sase Ivanovski

Со замрзнати руски средства ќе се обновува Украина, Москва се согласила но поставила услови

Sase Ivanovski

Сушење алишта во домот – научниците сметаат дека тоа може да биде опасно!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најопасното сирење на светот: Се создава со ларви, забрането е 60 години, а луѓето го јадат со векови

Sase Ivanovski

Дали комичарот станува трагичар?

Sase Ivanovski

Скопјани не го даваат дивиот паркинг кај Народна банка, ги откорнаа столпчињата да си обезбедат влез

Sase Ivanovski

Зоните на „Градски паркинг“ го освојуваат Скопје, ќе се шират низ Карпош, Аеродром, Чаир и Гази Баба

Sase Ivanovski

Американските разузнавачи скептични- немаат информации дека Путин планира мир

Sase Ivanovski

Конфликтот со Трамп му го зголеми рејтингот на Зеленски кај Украинците ?

Sase Ivanovski

Динамо Загреб добива нов стадион вреден 175 милиони евра

Sase Ivanovski

Папата Франциск ќе ја напушти должноста?

Sase Ivanovski

Турчин измамил друг турски државјанин во Штип – му ги сменил лирите со 3.500 фалсификувани евра

Sase Ivanovski

Векна леб не треба да чини повеќе од 20 денари, велат фармерите

Sase Ivanovski

Русија ќе прогласува победа, веќе е договорен датумот за прослава

Sase Ivanovski

(ФОТО) Нина Бадриќ со порака од Тајланд: „Животот не е краток, туку нас доцна ни текнува да живееме“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Бразил: Загинаа 12 студенти при судир на автобус и камион

Sase Ivanovski

Сиљановска од европските лидери повторно бара “креативно решение” за нас

Sase Ivanovski

Малолетничка нападната во ходник од станбена зграда

Sase Ivanovski

Хамас: Телото на Шири Бибас веројатно по грешка идентификувано и предадено на Израел

Sase Ivanovski

Ниту сум потпишала, ниту има договор за вработувања по етничка припадност – вели министерката за финансии по изјавата на Меџити

Sase Ivanovski

Свиркач од МВР што му давал податоци на Палчо бил избркан од работа

Sase Ivanovski

Во руските напади во Украина денеска убиени се 12 цивили

Sase Ivanovski

Порошенко до Зеленски: Престани да се однесуваш како да си на стадион

Sase Ivanovski

Хезболах подготвува величествен погреб за убиениот лидер

Sase Ivanovski

Полицаец испукал куршум од службениот пиштол, се повредил во раката

Sase Ivanovski

Левица на средба со рускиот амбасадор: Односите меѓу двата братски народа, не смеат да бидат заложници на геополитичките игри на западните центри на моќ

Sase Ivanovski

Кои цени ги намалија маркетите? Основа за пресметка на маржите се изгор цените од 1 февруари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Серафимовска-Борозан: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Sase Ivanovski

Американците и Русите се состанувале во Швајцарија со месеци и разговарале за Украина

Sase Ivanovski

Уапсени 20-годишник и малолетник, при претрес полицијата пронашла дрога и нож

Sase Ivanovski

Фатен бегалец од затворот Гевгелија

Sase Ivanovski

НБРМ: Раст на станбените и автомобилските кредити во јануари

Sase Ivanovski

Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во земјата на чудата, вработувањата се одвиваат според потребите и врз основа на квалитетот

Sase Ivanovski

Како голобрадо момче пеев со најголемите Ју ѕвезди, ама и денес по 55 години на сцената, јас уште сакам да се докажувам, вели Перо Христов

Sase Ivanovski

Палевски снимен во дворот на Манев вечерта пред убиството на Панче, со Видевски имале слушалки во ушите и микрофони на облеката

Sase Ivanovski

Индијци ќе работат во Македонија: Плата до 650 евра за хигиеничари, плочкари и ѕидари!

Sase Ivanovski

Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

Sase Ivanovski

Продолжуваат измамите со лажни сообраќајки – кумановка остана без 2.000 евра

Sase Ivanovski

СДСМ: Изјавата на Меџити е потврда дека ВРЕДИ во договор со Мицкоски подготвува масовна партизација на институциите

Sase Ivanovski

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во Република Српска

Sase Ivanovski

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Sase Ivanovski

Претседателката Беса Адеми и судијата Африм Фидани во трка за шеф на Врховниот суд

Sase Ivanovski

Венко Филипче – единствен кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март

Sase Ivanovski

Лавров: Помошта за Украина се дава врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Нема потреба од промена на химната

Sase Ivanovski

Од почетокот на месецов полицијата напишала 18.132 казни

Sase Ivanovski

СКАНДАЛ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС стана најголем анти – трампистички лидер во регионот, дали отстапија од курсот на државата утврден уште во 90тите, што е следно да играа на “Расцвјетале јаблани и круши”?

Sase Ivanovski

Проектот „Безбеден град“ е почеток на ефикасност и правда

Sase Ivanovski

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица?

Sase Ivanovski

Прес-конференција, Маја Серафимовска -Борозан, Форум на жени на СДСМ

Sase Ivanovski

Од почетокот на месецов, заклучно со вчера – издадени 18.132 платни налози за прекршоци во сообраќајот

Sase Ivanovski

СДСМ: Комедија е ВМРО-ДПМНЕ да го обвинува СДСМ за скршнување од прозападниот курс

Sase Ivanovski

Герасимовски: Бизнис информаторот обезбедува лесен пристап до општинските услуги за компаниите и инвеститорите

Sase Ivanovski

Лефков: Од дипломатската офанзива на Владата и премиерот Мицкоски единствени добитници  се граѓаните

Sase Ivanovski

Костовски: ДПМНЕ прави упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар

Sase Ivanovski

Костовски: Луѓето живеат лошо, со сет мерки СДСМ сака да го спаси животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Советниците и сивите еминенции на СДС контра САД, менува ли СДС курс по паметот на Левица?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ордановски кој важи за близок до СДС со шокантни навреди до Трамп, дали по Апасиев и Филипче скршнува од прозападниот курс на земјава?

Sase Ivanovski

Јаневски: Ние како општество можеме да направиме одреден придонес кон заштита на животна средина која е наш заеднички дом

Sase Ivanovski

Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

Sase Ivanovski

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со членовите на НУ Камерен Оркестар на Битола

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставнички на ,,Македонија 2025″

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши во Катар, се сретна со министерката за меѓународна соработка, г. Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад

Sase Ivanovski

Слободан Унковски: Ни требаат „Бушава азбука“ и Министерство за јазик за да си го одбраниме идентитетот

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: не го гледам како конкуренција во трката за нов скопски гардоначалник министерот за локална самоуправа Златко Перински

Sase Ivanovski

Општина Центар: Безбедни улици се создаваат со акција-Прогласување на зони на смирен сообраќај

Sase Ivanovski

СДСМ: Централната комисија утврди еден кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март

Sase Ivanovski

СДСМ, Битиќи: Имаме поголеми цени на исти производи од Германија, значи некој профитира на грбот на народот

Sase Ivanovski
Вчитувам....