Институтот за биометриски истражувања од Скопје е осмата по ред ваква научно-образовна институција која се затворена со одлука на Министерството за образование и наука (МОН). Министерката Весна Јаневска за „Алсат“ изјави дека нема да толерира никакви неправилности во образованието, без оглед дали тие се во основното, средното или високото образование.Набројувајќи ги недостатоците и неправилностите на веќе затворените институти, министерката Јаневска најави дека наскоро се очекува затворање на уште пет вакви институции.
Јаневска најави дека нема да има толеранција ниту за факултетите кои издаваат дипломи исклучиво за лична корист. Таа порача и дека треба да има промени во студиските програми кои се многубројни, од кои некои се и застарени. Според министерката, сите овие измени ќе продолжат и по донесувањето на новиот Закон за високо образование. Законот за високо образование е во завршна фаза и се очекува да биде одобрен годинава. Со него се предвидени построги критериуми за функционирање на институтите, но и на универзитетите.