Министерството за образование и наука ја информира јавноста дека на ниту еден студент кој користи субвенциониран студентски оброк, нема да му биде прекинато правото доколку истовремено е корисник и на семејна пензија по основ на починат родител. Студентите корисници на субвенциониран студентски оброк, кои истовремено користат и семејна пензија, нема да го изгубат правото остварено преку Министерството за образование и наука. Предизвикот настанат на почетокот на овој месец, кој засегна 181 студент, ќе биде надминат во текот на денешниот ден и студентите ќе ги добијат средствата кои им следуваат согласно закон.
Потсетуваме дека Министерството за образование и наука на барање на Националното студентско тело од месец април го прошири опсегот на оваа мерка, така што повеќе работниот статус не е ограничувачки критериум за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, а истото можат да го користат и студенти од втор циклус на студии.