34.8 C
Скопје
17/06/2025 14:32
МАКТЕЛ

   

Моралната одговорност не се мери на избори

      

Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае разликата меѓу политичка, морална и кривична одговорност. Како лидер на опозицијата илјадници пати јавно побарал оставки и одговорност за „велепредавствата на државните и национални интереси“, за корупција и организиран криминал, за трагедии кои се случиле за време на претходната власт. Денес кога од него се бара оставка Мицкоски за истите обвинувања гледа со поинакви очи. Небаре е антидржавен чин опозицијата, медиумите или јавноста да бараат одговорност од власта. Во врска со трагедијата во Кочани и прозивките за одговорност за ова злосторство кое однесе 62 жртви и 200 повредени млади луѓе, меѓу кои и малолетни деца, премиерот итарпејовски ја преквалификува во подготвеност за негова и на владата политичка одговорност само под услов, ако ВМРО-ДПМНЕ загуби на локалните избори.

Значи, ако ВМРО-ДПМНЕ изгуби на комуналните избори премиерот ќе прифати политичка одговорност и ќе поднесе оставка на функцијата премиер, ако пак победи, како што пресметал Мицкоски, „народот“ со својот избор на градоначалници и советници по општините ќе одлучи дека премиерот, неговите надлежни министри и владата немаат никаква одговорност. Локалните избори ќе биле кантарот што ќе ја мери ѓутуре одговорноста на премиерот и на владата за трагедијата во Кочани. Ајде малку да ја разјасниме оваа манипулација на премиерот Мицковски и неговата тешка, но „оправдана“ навреда на примитивизмот и простаклукот, но и стравот во јавноста кои му овозможуваат речиси без реакции ваков јавен дилетантски пропаганден настап. На локални избори не се гласа за политичката, а уште помалку за моралната одговорност на премиерот и на владата во врска со трагедијата во Кочани. Победа, или пораз на локални избори како алиби дали нема, или има политичка, или морална одговорност за трагедијата во Кочани е во суштина бегање од одговорност. Есапот на Мицкоски кажува дека победата ја опростува одговорноста. Така ќе пресудел народот.

   

Се пере ли совеста на комунални избори

А, што кажува совеста за најголемата трагедија во земјата. Се пере ли таа со резултати од комунални избори. Одговорноста на премиерот и надлежните министри, а со тоа и на целата влада по трагедијата во Кочани беше првиот неминовен морален чин. Се разбира, ако се има совест.
Морална оставка се поднесува веднаш од две клучни причини. Прво, тоа е израз за длабоко сочувство кон семејствата и кон сите граѓани на Македонија. И второ, оставка на премиерот и на владата го отвара патот за непристрасна истрага на сите кои имаат кривична одговорност. Е, тогаш, на предвремени парламентарни избори јавноста ја дава оценката дали оставките од морални мотиви овозможиле праведна судска разврска за кривичната одговорност на сите виновни без оглед на партиската припадност. А пред сѐ, одговорноста на тие што биле должни да ја спречат трагедијата, а тоа не го направиле.

Оправдувањата со поранешните трагични несреќи кога на власт била денешната опозиција не можат да бидат аргумент денес за избегнување на морална и секоја друга одговорностза трагедијата во Кочани. Власта во своја одбрана најчесто се брани со автобуските сообраќајни несреќи кај Ласкарци и во Бугарија и со пожарот на модуларната амбуланта за време на пандемијата од корона вирусот. Дали тоа треба да ги амнестира од одговорност денешните власти. Секако НЕ. Ботовите на власта и самите одговорни функционери, вклучувајќи го и премиерот, кои ги споменуваат овие случаи како адут постојано пласирани во јавноста како оправдување со цел релативизирање на кочанската трагедија намерно премолчуваат што тогаш тие бараа како опозиција, и што тогаш пишуваа и објавуваа сите македонски медиуми без исклучок како силна осуда и поддршка за одговорност и поднесување на морални оставки и покренување на истраги за кривична одговорност со судски пресуди.

Кога „нашите“ се на власт

Разликата е во тоа што денешната опозиција е многу поумерена и помалку гласна и чујна во јавноста. Медиумите, за разлика од кочанскиот случај, за претходните несреќи бараа целосна одговорност, оставки и непристрасна истрага во сите случаи. Денес медиумите ни од далеку не можат да се споредат со жестокоста на осудата на трагедиите кои се случија за време на владеењето на претходната власт. Трагедијата во Кочани и тоа што се случува после тоа се бескруполозна предизборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Срамно се обвинуваат тие што бараат одговорност. Не се поштедени ни родителите и најблиските на загинатите и повредените. На јавните личности за критиките за немање морална одговорност и прозивките за оставки вообичаено во сите случаи им се лепи етикетата дека се работи за партиско-политички мотиви и некрофилија. Се сатанизираат сите кои бараат одговорност и ги истражуваат причините кои доведоа до кочанскиот крематориум.

Конечно, за поразот на претходната власт имаа влијание трагичните настани, иако имаше и судски пресуди со повеќегодишни затворски казни. Дали некој се сеќава какви беа реакциите на тогашниот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски. Многу пожестоки отколку сегашните на опозицијата. Но, како и да е, грешките на претходните власти не можат да бидат оправдување на владата и на институциите на системот кои ги имаат сите механизми во рацете не само да обезбедат правда и секаква одговорност за затаената превентива во кочанската трагедија. Кај голем дел од јавноста сѐ уште се прифаќаат лажните и манипулативни пораки во стилот што направите вие за седум години, а како противодговор на тоа што направивте вие за 11 години. А, вистината е во одговорот на прашањето што направивте вие, а што тие, за 34 години и се така со лаги и манипулации со децении да се држат граѓаните во заблуда дека несреќите, неуспесите, криминилот и корупцијата, и непочитувањето на законите се вина само на политичките противници. Тоа е можно само кај катастрофално партизираната и партиски клиентелистичка држава, каде луѓето се будат и заспиваат со приспивни пропаганди и манипулации кои предизвикуваат повеќедецениска пандемија на заборавност.

Во Македонија веќе нема потреба од политички притисок врз надлежните институции на системот, било да се работи за обвинителствата и целокупниот правосуден систем, било за притисок и влијание врз медиумите. Со промена на власта автоматски се менува политичката и професионалната припадност. Накај каде дува ветерот натаму и се наведнуваат партиските прелетувачи. Си знаат и обвинителите и судиите и академиците, писателите, универзитетските професори и набедените интелектуалци, јавни личности, носечките медиуми и нивните уредници и газди што и како треба да се работи кога „нашите“ се на власт. Секоја чест на малубројните исклучоци. Затоа сме таму кај што сме. (nezavisen.mk)

Ерол Ризаов

   

Најново

(ВИДЕО) Директно со Градоначалникот на Oпштина Илинден – Александар Георгиевски

Sase Ivanovski

Иран „гледа“ шпиони насекаде: Лица со маски, капи и очила за сонце на нишан на властите

Sase Ivanovski

БРАВО! Герасимовски: Ниту еден општински денар за кафеани и патувања – парите одат за семејства во социјален ризик

Sase Ivanovski

Работното место не е кафеана, сè повеќе газди посегаат по тестови за алкохол

Sase Ivanovski

Трамп: Рокот за апликацијата TикТок најверојатно повторно ќе биде продолжен

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова распали среде Тирана: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби

Sase Ivanovski

Ракетните напади на Иран врз Израел стануваат сè поскапи и неодржливи

Sase Ivanovski

Злато за Елена Петрова: Македонската велосипедистка доминираше на Гран Фондо 2025 во Нови Сад!

Sase Ivanovski

Уапсен велешанецот кој со метален предмет удрил по глава 8-годишно девојче и онесвестено го влечел по улица

Sase Ivanovski

Два танкери се судрија и се запалија во близина на ОАЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Очекувам од бугарските евро пратеници да ги повлечат амандманите за ЕУ извештајот за Македонија во кои бараат македонскиот идентитет да се дефинира како сегашен

Sase Ivanovski

Маск ги објави резултатите од тестот за дрога

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Инвестираме 100 милиони евра во Битола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Решен е проблемот со карпата која висеше над делницата Фариш – Дреново од експресниот пат Прилеп – Градско, на крајот на месецов ја пуштаме во употреба и таа делница

Sase Ivanovski

МАРЈАН ИЛИЕВСКИ НОВ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА Нов четиригодишен проект за македонската кошарка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Не сум задоволен со брзината со која се гради клучката на влезот во Битола

Sase Ivanovski

СИНОТ НА СОРОС СЕ ОЖЕНИ СО СОВЕТНИЧКА НА ХИЛАРИ КЛИНТОН Наместо подароци, двојката ги замолила гостите да донираат

Sase Ivanovski

ДОКТОРОТ ЈА ПРИЗНА ВИНАТА ЗА СМРТТА НА МЕТЈУ ПЕРИ Му дал фатална доза лекови и го убил

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: На 10-ти јули летово ќе пуштиме во употреба 40 километри од автопатот Кичево – Охрид, остатокот ќе се заврши до крајот на идната година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Автопатиштата кои ги гради Бехтел и Енка, поточно Битола – Прилеп, Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево брзо напредуваат, секаде има отворен фронт и се гради брзо

Sase Ivanovski

ПЛАТИВМЕ НАВРЕМЕ 50 МИЛИОНИ ЕВРА, ВРАТЕТЕ НИ ГИ БРЗО! Бизнис заедницата си ги бара парите од укинатиот солидарен данок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Дебакл на економските политики на власта – Македонија на дното на Европа!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Вистината за Кочани – ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс?

Sase Ivanovski

Експлозии во централниот и северниот дел на Техеран, во нападот уништен штабот за вонредни ситуации на иранската војска

Sase Ivanovski

Пивоваров: МВР не треба да го довери системот за пасоши и лични карти на надворешна фирма, туку на својот силен кадар, а за минатото да лоцира одговорност

Sase Ivanovski

Данела распали по скопските градоначалници, му дојде редот и на Орце: Одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за УСЈЕ кое го загадува Скопје?

Sase Ivanovski

МФ достави барање до 21 меѓународнa финансискa институциja и банка за пројавување интерес за финансирање на брзата пруга

Sase Ivanovski

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран: Дали САД ќе му помогнат на Израел да ја уништи непробојната нуклеарна тврдина Фордо?

Sase Ivanovski

Багеји: Парламентот на Иран подготвува закон за напуштање на Договорот за неширење на нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Сопругот на Татјана Димитровска не бил донатор на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Уважена жалбата на Мојсоска, Владата има рок од 15 дена да ги достави патните трошоци и кириите на пратениците

Sase Ivanovski

Претседателот на „Иван Михајлов“ се сретна со бугарскиот министер за надворешни, Георгиев: За мене е чест да бидам суден како Бугарин кој ја брани бугарштината во Македонија

Sase Ivanovski

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, громови и појава на град!

Sase Ivanovski

Радев: Против Љубчо Георгиевски се покренува ново, уште поапсурдно обвинение

Sase Ivanovski

Иран: Каде да бегаат цивилите?

Sase Ivanovski

Седум години од потпишувањето: Што е имплементирано од Договорот од Преспа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава против директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за „несовесно работење во службата“ и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“

Sase Ivanovski

ДАВИД И ГОЛИЈАТ ПО ТЕРИТОРИЈА И БРОЈ НА НАРОД, НО КОГА СТОЈАТ САД ЗАД ТЕБЕ ДРУГА Е ПРИКАЗНАТА: Како се споредуваат Израел и Иран во воена сила?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКЕДОНСКА СВАДБА ВО КОРЧА, АЛБАНИЈА

Sase Ivanovski

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ ќе добие еден градоначалник во скопските општини

Sase Ivanovski

Израелски пилот: Со години се подготвувавме за нападот врз Иран

Sase Ivanovski

Царината спречи обиди за шверц на цигари и тутун, над 𝟧.000 алатки за тетовирање, мотоцикл

Sase Ivanovski

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините

Sase Ivanovski

„Анима мунди“: Лисиците се дел од природата, не се опасни и не напаѓаат луѓе

Sase Ivanovski

Битиќи: Владата ја крие вистинската состојба со јавниот долг

Sase Ivanovski

Мицкоски: Стигнуваат различни пораки од Софија, старите рекле „помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат“

Sase Ivanovski

Битиќи за договорот со Обединетото Кралство: Не поддржуваме затворена книга од шест милијарди евра

Sase Ivanovski

Сиљановска: Време е и политички да станеме дел од Европа

Sase Ivanovski

Најмалку 14 лица убиени во руски напад врз Киев во најголемиот напад од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Вучиќ: Доаѓа време за одговорност

Sase Ivanovski

Битиќи: Владата не презема ништо за високите цени

Sase Ivanovski

Иранските ракетни напади врз Израел продолжија во текот на ноќта

Sase Ivanovski

Левица со трет обид за надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

ДУИ за Договорот од Преспа: Европската перспектива на земјата е замрзната

Sase Ivanovski

Шестмина уапсени за тепање и дрогирање штитеници во дом за стари лица во Бугарија

Sase Ivanovski

Националната галерија на Македонија на 19.6.2025 година (четврток), во објектот Чифте амам во 20 часот ќе ја отвори групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“

Sase Ivanovski

Герасимовски: Примени првите практиканти, од јули нов повик за пракса во општината

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Улиците во Прилеп изрешетани со дупки – каде завршија 54 милиони денари за нивно асфалтирање?

Sase Ivanovski

Гаши во официјална посета на Азербејџан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трагедија во Бразил: Двегодишно дете случајно ја уби мајка си со пиштолот од таткото

Sase Ivanovski

Италија од септември ги забранува мобилните телефони во средните училишта

Sase Ivanovski

Четворица затвореници загинаа во пожар во затвор во Уругвај

Sase Ivanovski

Израелска армија тврди дека го убила новопоставениот началник на Генералштабот на иранските вооружени сили

Sase Ivanovski

Зеленски: Најновиот напад врз Киев беше најтешкиот од почетокот на војната, Русија користеше повеќе од 440 дронови

Sase Ivanovski

Русија собори 147 украински дронови во текот на ноќта

Sase Ivanovski

Висок британски советник тврди: Сојузниците во НАТО не се подготвени за војна

Sase Ivanovski

„Оне Хоспитал“ Тетово заминува во стечај, докторите без денар

Sase Ivanovski

Трамп вели дека чека да воведе санкции против Русија со надеж дека ќе се постигне договор

Sase Ivanovski

Седници на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и на Комисијата за одбрана

Sase Ivanovski

Седум години од потпишување на Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Мицкоски денес ќе ја посети Битола: Започнува реконструкцијата на киното „Партизан“

Sase Ivanovski

Сања Митровска: „The Founder Games“ – каде што стартапите стануваат ѕвезди

Sase Ivanovski

Без вода повеќе улици во општина Центар

Sase Ivanovski

Ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Sase Ivanovski

Се заработува и до 50 евра, но слабо јунаци за работа на нива

Sase Ivanovski

СКОПЈАНИ СÈ УШТЕ ЧЕКААТ ХАРТИЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ Градот ветуваше брза испорака, но решенијата ги нема ни по 3 месеци

Sase Ivanovski

Сончево и топло, попладне во западните делови дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Стратегија или заблуда?

Sase Ivanovski

Уставот мора да се смени

Sase Ivanovski

Заедно кон целта

Sase Ivanovski
Вчитувам....