Украинските сили 14.043 пати го прекршиле тридневното примирје што го објави рускиот претседател Владимир Путин за време на одбележувањето на 80-годишнината од Денот на победата над фашизмот, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„И покрај прогласувањето прекин на огнот, украинските вооружени сили продолжија да спроведуваат воени операции против руските војници. Регистрирани се вкупно 14.043 прекршувања на примирјето“, соопшти Министерството за одбрана, пренесува ТАСС. Според руското Министерство за одбрана, по должината на целата линија на борбен контакт, украинските единици извршиле 4.011 напади од цевчеста артилерија, тенкови и минофрлачи врз позициите на руските војници, вклучувајќи 62 со употреба на повеќецевни ракетни системи.