Руски војници ликвидирале група платеници од Португалија во близина на Покровск (ДНР), соопшти денеска командантот на 60-от руски гардиски баталјон на 51-та армија. „Наидовме на многу португалски платеници не од САД, како што често се случуваше. Најдовме ознаки и некои документи кои го потврдуваат тоа, но тој веќе е уништен“, рекол рускиот офицер, пренесува РИА Новости.
Според соопштението на руската војска, странските платеници работат без идентификациски знаци, се вооружени со оружје на НАТО и се многу добро обучени, за разлика од припадниците на редовните единици на вооружените сили на Украина.