Создаваме мостови на соработка помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, премиерот Мицкоски од ОАЕ. Договараме летови со Ер Арабија, наскоро лет Дубаи – Скопје, ќе потпишеме неколку договори за економска соработка, вели Николоски од ОАЕ. Министерот Трипуновски информира дека договорот помеѓу земјоделците и откупувачите донесе околу 30 милиони евра во струмичкиот регион од извозот на пролетната зелка.
Перински во Аеродром, соработката меѓу централната и локалната власт е двигател на вистински промени. Македонија забрзано се трансформира.