34.8 C
Скопје
17/06/2025 13:57
МАКТЕЛ

   

МПЦ, ИЗВИНЕТЕ ШТО ПОСТОИМЕ!

      

Кога една моќна институција, како што е Македонската православна црква и другите верски организации, ќе ги мобилизираат своите челници, но и своите членови против една мала и веќе длабоко маргинализирана заедница, како ЛГБТ заедницата, тогаш тоа е битка чиј резултат е погубен. Кога оваа војна ја отвораат религиски лидери, во контекст како македонскиот, веќе и официјално докажан како најхомофобичен амбиент во Европа според последното Европско општествено истражување, тогаш не можам да не се прашам дали има макар и искра доблест меѓу оние чија обврска е грижа за слабите и помирување.

Законот за родова еднаквост воопшто не е во собраниска процедура, а законот за матична евиденција е предложен во редовна постапка и сѐ уште не е ставен на дневен ред во Собранието Како да не се доволни досегашните трибини, филмски проекции и медиумски настапи против жените и ЛГБТ луѓето, па сега, на неколку дена по Парадата на гордоста во Скопје, се организира протест против родовата еднаквост и правното признавање на родот. Замислете да се организираше парада или атеистички протест во време на велигденски или рамазански пости, како што се организираат хомофобични дефилеа во месецот на гордоста. Нејсе, барем една од двете спротивставени страни е пристојна и се грижи да не предизвикува општествени кризи и поделби. Штета што тоа не е страната на професионалните верници.

   

Повикот за протест е кус и неаргументиран, но содржи и лажни информации. Па така, се повикуваат луѓе да излезат на протест против два закона – законот за родова еднаквост и законот за матична евиденција, кои, според повикот, се внесени во собраниска процедура по скратена постапка, инсинуирајќи дека е тоа обид на мала врата да се протнат наводно погубни и опасни политики. Малку е невообичаено една верска институција да лаже, но ете и тоа се случува.

Законот за родова еднаквост воопшто не е во собраниска процедура, а законот за матична евиденција е предложен во редовна постапка и сѐ уште не е ставен на дневен ред во Собранието.

Покрај оваа „ненамерна грешка“, чија цел е да предизвика чувство на итност кај луѓето, другиот аргумент на МПЦ е дека законите се опасни за децата и семејствата, иако ниеден од овие закони не задира во правата на децата, ниту во односите во семејствата. Манипулацијата е сега целосна, имате луѓе што сте ги преплашиле дека нивните најмили се во опасност и дека опасноста е толку блиску што веќе утре може да ве преплави.

Човек не може, а да не забележи дека овие стратегии се блиски до милитаристички структури и лоши политичари и да се праша зошто побогу ги употребуваат верски институции.

Правото на протест е демократско право. Ако на МПЦ или на верниците некој им го ускрати тоа, јас прва ќе се борам против таквата неправда. Сепак, како некој што се родил, живеел и ќе умре во оваа земја, имам право, но и обврска да ги коментирам општествените случувања. Чувствувам длабока разочараност, но и страв поради неодговорното однесување на верските лидери придружени од некои политичари и антиродовите организации.

Оваа опортунистичка синергија во Струмица ги обединува сите центри на моќ, Струмичката епархија и нејзината фондација Елеуса, локалната власт и најголемите бизнис-сопственици на локално ниво во организиран поход, особено против трансродовите луѓе, кои во оваа општина се едвај двајца или тројца. Па така, постојано се организираат трибини на кои се зборува како оваа заедница и граѓанското општество, кое ја поддржува, е закана за жените и децата, никогаш не објаснувајќи во што се состои таа закана.

На последната ваква трибина, поранешната пратеничка Лилјана Поповска беседеше загрижена за жените, додека истата таа беше дел од владејачкото мнозинство што го донесе рестриктивниот закон за прекин на бременост во 2013 година. Така Лилјана им го сврте грбот на сите жени што ги претставуваше во Собранието.

Чувствувам длабока разочараност, но и страв поради неодговорното однесување на верските лидери придружени од некои политичари и антиродовите организации

Дополнително, грижата за децата е, исто така, прилично неискрена, имајќи предвид дека во целата операција е вклучен и карван на проекција на филмот „Што е жената?“ низ градовите во Македонија, чиј режисер Мет Волш самиот се декларира како теократски фашист и чии ставови за педофилијата и возраста на децата да дадат согласност за стапување во сексуална врска се благо речено вознемирувачки. Така, идеолошките кинофили им го свртеа грбот и на нашите деца, чии права наводно ги бранат.

Па, ако ниту жените, ниту децата се загрозени, тогаш логично е да се прашаме зошто МПЦ протестира. Одговор, за жал, нема, но можам да го претпоставам. На МПЦ им пречи тоа што постоиме. Пречи тоа што сме живи, тоа што дишеме, тоа што градиме заедница, градиме семејства и градиме пријателства што се потпираат на љубов, поддршка и на прифаќање.

Затоа што одбираме да веруваме, но не и да коленичиме пред институциите, па макар и верски. Затоа што одбираме да го менуваме светот, а не да го одржуваме оној во кој тие имаат моќ, простор и привилегии. Затоа што одбираме да ја градиме иднината заедно со работниците, обесправените, обезмоќените, замолчените, а не со олигарсите и елитите. Просто затоа што на маргините успеавме да најдеме политички потенцијал и почнавме бавно, но трпеливо да го градиме.

Ова се мрачни времиња, времиња кога посилниот е секогаш победник, но ниедна сила и ниедна привилегија не е вечна. Ќе дојдат подобри времиња, затоа што сакаме и знаеме да ги донесеме. Токму затоа, МПЦ, извинете што постоиме, но тоа ниту можеме, ниту сакаме да го промениме.

   

Најново

Пивоваров: МВР не треба да го довери системот за пасоши и лични карти на надворешна фирма, туку на својот силен кадар, а за минатото да лоцира одговорност

Sase Ivanovski

Данела распали по скопските градоначалници, му дојде редот и на Орце: Одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за УСЈЕ кое го загадува Скопје?

Sase Ivanovski

МФ достави барање до 21 меѓународнa финансискa институциja и банка за пројавување интерес за финансирање на брзата пруга

Sase Ivanovski

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран: Дали САД ќе му помогнат на Израел да ја уништи непробојната нуклеарна тврдина Фордо?

Sase Ivanovski

Багеји: Парламентот на Иран подготвува закон за напуштање на Договорот за неширење на нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Сопругот на Татјана Димитровска не бил донатор на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Уважена жалбата на Мојсоска, Владата има рок од 15 дена да ги достави патните трошоци и кириите на пратениците

Sase Ivanovski

Претседателот на „Иван Михајлов“ се сретна со бугарскиот министер за надворешни, Георгиев: За мене е чест да бидам суден како Бугарин кој ја брани бугарштината во Македонија

Sase Ivanovski

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, громови и појава на град!

Sase Ivanovski

Радев: Против Љубчо Георгиевски се покренува ново, уште поапсурдно обвинение

Sase Ivanovski

Иран: Каде да бегаат цивилите?

Sase Ivanovski

Седум години од потпишувањето: Што е имплементирано од Договорот од Преспа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава против директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за „несовесно работење во службата“ и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“

Sase Ivanovski

ДАВИД И ГОЛИЈАТ ПО ТЕРИТОРИЈА И БРОЈ НА НАРОД, НО КОГА СТОЈАТ САД ЗАД ТЕБЕ ДРУГА Е ПРИКАЗНАТА: Како се споредуваат Израел и Иран во воена сила?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКЕДОНСКА СВАДБА ВО КОРЧА, АЛБАНИЈА

Sase Ivanovski

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ ќе добие еден градоначалник во скопските општини

Sase Ivanovski

Израелски пилот: Со години се подготвувавме за нападот врз Иран

Sase Ivanovski

Царината спречи обиди за шверц на цигари и тутун, над 𝟧.000 алатки за тетовирање, мотоцикл

Sase Ivanovski

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините

Sase Ivanovski

„Анима мунди“: Лисиците се дел од природата, не се опасни и не напаѓаат луѓе

Sase Ivanovski

Битиќи: Владата ја крие вистинската состојба со јавниот долг

Sase Ivanovski

Мицкоски: Стигнуваат различни пораки од Софија, старите рекле „помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат“

Sase Ivanovski

Битиќи за договорот со Обединетото Кралство: Не поддржуваме затворена книга од шест милијарди евра

Sase Ivanovski

Сиљановска: Време е и политички да станеме дел од Европа

Sase Ivanovski

Најмалку 14 лица убиени во руски напад врз Киев во најголемиот напад од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Вучиќ: Доаѓа време за одговорност

Sase Ivanovski

Битиќи: Владата не презема ништо за високите цени

Sase Ivanovski

Иранските ракетни напади врз Израел продолжија во текот на ноќта

Sase Ivanovski

Левица со трет обид за надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

ДУИ за Договорот од Преспа: Европската перспектива на земјата е замрзната

Sase Ivanovski

Шестмина уапсени за тепање и дрогирање штитеници во дом за стари лица во Бугарија

Sase Ivanovski

Националната галерија на Македонија на 19.6.2025 година (четврток), во објектот Чифте амам во 20 часот ќе ја отвори групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“

Sase Ivanovski

Герасимовски: Примени првите практиканти, од јули нов повик за пракса во општината

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Улиците во Прилеп изрешетани со дупки – каде завршија 54 милиони денари за нивно асфалтирање?

Sase Ivanovski

Гаши во официјална посета на Азербејџан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трагедија во Бразил: Двегодишно дете случајно ја уби мајка си со пиштолот од таткото

Sase Ivanovski

Италија од септември ги забранува мобилните телефони во средните училишта

Sase Ivanovski

Четворица затвореници загинаа во пожар во затвор во Уругвај

Sase Ivanovski

Израелска армија тврди дека го убила новопоставениот началник на Генералштабот на иранските вооружени сили

Sase Ivanovski

Зеленски: Најновиот напад врз Киев беше најтешкиот од почетокот на војната, Русија користеше повеќе од 440 дронови

Sase Ivanovski

Русија собори 147 украински дронови во текот на ноќта

Sase Ivanovski

Висок британски советник тврди: Сојузниците во НАТО не се подготвени за војна

Sase Ivanovski

„Оне Хоспитал“ Тетово заминува во стечај, докторите без денар

Sase Ivanovski

Трамп вели дека чека да воведе санкции против Русија со надеж дека ќе се постигне договор

Sase Ivanovski

Седници на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и на Комисијата за одбрана

Sase Ivanovski

Седум години од потпишување на Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Мицкоски денес ќе ја посети Битола: Започнува реконструкцијата на киното „Партизан“

Sase Ivanovski

Сања Митровска: „The Founder Games“ – каде што стартапите стануваат ѕвезди

Sase Ivanovski

Без вода повеќе улици во општина Центар

Sase Ivanovski

Ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Sase Ivanovski

Се заработува и до 50 евра, но слабо јунаци за работа на нива

Sase Ivanovski

СКОПЈАНИ СÈ УШТЕ ЧЕКААТ ХАРТИЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ Градот ветуваше брза испорака, но решенијата ги нема ни по 3 месеци

Sase Ivanovski

Сончево и топло, попладне во западните делови дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Стратегија или заблуда?

Sase Ivanovski

Уставот мора да се смени

Sase Ivanovski

Заедно кон целта

Sase Ivanovski

Капацитет за апсорбирање омраза

Sase Ivanovski

НАМЕСТО ЕВРОПЕИЗАЦИЈА НА БАЛКАНОТ, ГЛЕДАМЕ БАЛКАНИЗАЦИЈА НА ЕУ Време е да се обединиме, а не да се блокираме

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЗДРАВКО ЧОЛИЌ НЕИЗМЕРНО ГОРД Помалата ќерка Лара блесна на матурата во фантастична креација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасувачка акција кај Задар: Потона брод, сите патници спасени

Sase Ivanovski

СТРУМИЦА ЈА ЧЕСТВУВА СВОЈАТА СПОРТСКА ЛЕГЕНДА – БЛАГОЈ ИСТАТОВ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Реакцијата на одбојкарите на Иран кога дознаа дека Израел ја бомбардира нивната земја

Sase Ivanovski

Преговорите со Вашингтон се бесмислени, тврди Иран

Sase Ivanovski

АНКЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕСУДНИ Вреди сѐ уште нема утврдени кандидатури за локалните избори

Sase Ivanovski

Никогаш не сме ставиле вето, рече Радев пред Сиљановска Давкова: „Бугарија не ве блокира“

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Започна ноќната офанзива на Иран врз Израел

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ бележи пад од 100.000 гласови од ланските избори

Sase Ivanovski

Иран издаде предупредување за евакуација на израелски новински ТВ-канали

Sase Ivanovski

Доказите за селективност при повратот на ДДВ владејачките партии ги имаат во своите штабови, вели Фатмир Битиќи

Sase Ivanovski

Руски генерал предупредува : Во тек е трета светска војна, Русија веднаш треба да мобилизира милион луѓе

Sase Ivanovski

Во Хрватска има недостиг од 284 матични доктори, повеќе од сто гинеколози и педијатри

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Трамп: Ако Русија не беше исклучена од Г7, немаше да има војна во Украина

Sase Ivanovski

Министерот за одбрана Кац го ублажува тонот: Израел нема намера да им наштети на жителите на Техеран

Sase Ivanovski

Трамп нуди „последна шанса“ за договор со Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – ЕУ која ќе потроши 150 милијарди евра за вооружување – ќе земе ли нешто Македонија?

Sase Ivanovski

Камион со 250 милиони пчели се преврте во САД

Sase Ivanovski

Болката од трагедиите не познава граници – Кочани и Гетеборг обединети во солидарноста

Sase Ivanovski

Почеток на нова ера: Гигантот „МАН“ сега прави електрични камиони, на иста лента со „дизелашите“

Sase Ivanovski

Русите тврдат дека уништиле украински штаб со Искандер

Sase Ivanovski

Трамповата деловна организација ја лансираше својата мрежа за мобилна телефонија „Трамп Мобајл“

Sase Ivanovski
Вчитувам....