16.8 C
Скопје
15/04/2025 14:39
МАКТЕЛ

    

МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГОТ ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ

      

Со одлука на Владата, Петар Богојески е именуван како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус +) и треба да ја преземе функцијата на 15 мај 2025 година. Мрежата за заштита од дискриминација бара повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, поради неговите изјави со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како и постапки кои се спротивни на европските вредности. Програмата Еразмус+ се стреми кон промоција на еднакви можности и пристапност, инклузија, диверзитет и правичност во сите активности кои ги поддржува. Програмата исто така ги цени националните агенции како клучни во поддршката на проекти кои овозможуваат што е можно поголема инклузивност и застапеност на различноста. За постигнување на овие цели, постои Рамка за мерки за инклузија и Стратегија за инклузија и прифаќање различности.[1]

Сметаме дека назначување на човек кој со своето однесување на социјалните медиуми секојдневно ги гази овие принципи и ги презира луѓето кои ги почитуваат, не само што не е основано, туку претставува и навреда на Програмата која постои повеќе од 35 години и која постојано вложува во развојот на младите. Истовремено сме и крајно загрижени од реакцијата на Министерката за образование која на укажувањата на повеќе чинители во општеството, вклучително и на Министерот за европски прашања изјавува дека неговата работа ќе се следи со поголем фокус.[2]   Од друга страна, јавноста подолго време ја има можноста да го следи работењето на именуваниот директор – преку неговите изјави и коментари на социјалните мрежи. Мрежата за заштита од дискриминација интегрално ги пренесува искажаните изјави и однапред се извинува за цитирање на зборови коишто не се соодветни за било каква комуникација, особено не од страна на именувани функционери.

   

Искажани ставови и начин на комуникација Преку неговите социјални мрежи (во прилог), именуваниот директор Петар Богојески има употребено вознемирувачки говор, навреди, говор на омраза и/или поттикнување на дискриминација, нетолеранција и/или насилство кон следниве заедници:

  1. Македонци – Во коментари кон неговите следбеници кои искажале спротивно мислење од неговото, има изјавено „нема попросто од македонче!“, „па пола од Македонците немаат прочитано една книга во животот и мислат дека Букефал бил крал!“ и „Нема позабеган народ од нас“. Во други преписки, се обраќа до граѓаните со зборовите „овци“, „магаре“, „стока јаничарска“, „стоко една“, „дебил“, „стоко неписмена“ итн.
  2. Албанци – При обраќање до албанското малцинство, неретко го користи зборот „шиптар“ и има изјавено „шиптар може само коза да ебе! За друго не го бива“.
  3. Жени – При онлајн препукување со негови следбеници, има реферирано на нечии сопруги, мајки, вујни итн. При преписка со следбеничка за промена на грбот, има изјавено „на грбот ништо, на вас ви фали почитувана госпоѓо. Ама тоа е Божја работа, не сте вие виновни.“ Поради контекстот, конкретната преписка можете да ја најдете во прикачените фотографии.
  4. Лица што живеат со ХИВ – Во преписки со следбеници за изглед на луѓе што се поддржувачи на друга идеологија, има изјавено „оф завалијата со ХИВ68“, „незнаат да читаат…загреота се! Ги потепа ХИВ68“, „сериозно е ова пореметување поради ХИВ68“ и „не може фајде со зараза од ХИВ 68“.
  5. Политичка основа: Во други наврати, преку својот профил, именуваниот директор Петар Богојески упатува навреди кон неистомисленици („, „има ли поглупо нешто од левичар“, , „абе вие на зајко измеќарите со јованка и до Дубаи отидовте! Баве тоа шутрачаааната“).
  6. Користење на навредлив и вознемирувачки говор: Во преписка со следбеник, којшто исто користи вознемирувачки говор, именуваниот директор Петар Богојески изјавува „ти провери ги тоа твоите околу тебе чиви копилиња се! Да не испадне комшијата замешан?“. На прашање на следбеник дали поставеното прашање е наградно, Богојески одговара со „да! Ќе добиеш патување во Газа.“

Претходни постапки Богојески е обвинет за ширење на говор на омраза, особено преку социјалните мрежи. Во август 2024 година, Коалицијата „Вреди“ поднесе кривична пријава против него за објави на Фејсбук кои се сметаат за поттикнување на национална, расна и верска омраза.[3] Активисти од повеќе граѓански здруженија (Селма Ризвановиќ Мандал – Здружение на жени ЕДУ НИСА Скопје, Аделаид Каришиќ – Бошњачки Истражувачки Центар Скопје, Изета Бабачиќ – Здружение на бошњачката жена Диванхана Скопје, Мерсиха Смаиловиќ – Здружение на граѓани ЛЕГИС Скопје, Мухамед Шукурица – Форум на Бошњаците во Македонија и Јусуф Чоловиќ – Здружение на граѓани НАФАКА) до Министерството за внатрешни работи поднесоа пријава за говор на омраза и закани до Петар Богојески, државен советник во Министерството за одбрана.[4] Поради свои искажани ставови, Богојески доби и отказ од страна на Министерството за одбрана.[5]

Ширење дезинформации На 3 декември 2023, Богојески одржа прес пред МВР и Обвинителството, објавувајќи опасна, етнички обоена дезинформација за грабнувањето на Вања Ѓорчевска, со која ги разгоре социјалните мрежи. Тој тврдеше дека властите прикриваат убиство, наведувајќи дека „осомничените биле пуштени на слобода од полициска станица“ и прашувајќи „дали се веќе пренесени на Косово?!?“ Токму поради ваквите шпекулации дека случајот има етничка позадина, од Јавното обвинителство во своето соопштение од 3 декември 2023 година нагласија дека сите петмина осомничени за убиството се Македонци.[6]

***** Ваквите ставови и начин на комуникација немаат простор во јавниот дискурс, особено не од страна на именуван функционер. Нема простор ниту за  минимизирање на искажаните ставови на Богојески од страна на претставници на Владата, изјавувајќи дека „неговата работа посебно ќе се следи, поради реакциите во јавноста, но засега не може ништо да се комeнтира“. Агенцијата со којашто треба да раководи Богојески има мандат да „ја зајакнува улогата на доживотното учење во создавање на чувство за европско граѓанство засновано на разбирање и почитување на човековите права и демократијата и охрабрување на толерантноста и почитта кон другите народи и култури“. Целта на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е да работи на промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Северна Македонија. Националната агенција со остварување на овие програми придонесува во развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи заштита на средината за идните генерации а особено размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката. Ставовите и изјавите на Богојески се спротивни на вредностите кои ги промовираат европските програми како Еразмус+, што го прави несоодветен за водечка позиција во институција која има за цел промовирање на европски вредности, инклузивност и меѓукултурна соработка.

Имајќи го предвид горенаведеното, Мрежата за заштита од дискриминација бара повлекување на именувањето на Петар Богојески од функцијата директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.


[1] https://erasmus-plus.ec.europa.eu/about-erasmus/history-funding-and-future

[2] https://alsat.mk/mk/i-pokraj-brojnite-reaktsii-vo-javnosta-za-imenuvaneto-na-bogojeski-za-prv-chovek-na-programata-erazmus-ministerkata-za-obrazovanie-ne-gleda-prichina-za-negovo-razreshuvane/

[3] https://24.mk/details/koalicijata-vredi-so-krivichna-protiv-petar-bogojeski

[4] : https://lokalno.mk/graganski-zdruzhenija-podnesoa-prijava-protiv-bogojeski-za-shirene-govor-na-omraza-protiv-boshnachkata-zaednitsa/)

[5] https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%98%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%B0%D0%B7-%D0%BE%D0%B4-%D0%BC%D0%BE-%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%B5-%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D1%82/a-61388178

[6] https://vistinomer.mk/bura-od-dezinformacii-go-poplavi-ubistvoto-na-vanja/

  

Најново

Сеопфатен глобален патоказ за спротивставување на војната, национализмот и авторитаризмот – сега достапен во печатена форма и онлајн

Sase Ivanovski

Конференција на ХЕРА: Младите се гласни, бараат образование без табуа, засновано на факти!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Братот на Венко Филипче, додека СДС беше власт, заедно со Вице Заев направи фотоволтаична централа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Националната конференција на ХЕРА: „Преку инклузивно образование до еднаквост – Патот кон младинско општество!“

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска на панел дискусија за финансиска писменост кај младите – Финансиски едуцирано население носи економски развој и е подготвено за користење нови финансиски инструменти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Миле Талески: СДСМ бара оставка од Тошковски за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Планинарскиот клуб „Љуботен“

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Диџеј Тони Зен, театарска претстава и живи статуси денеска на ул. „Македонија“, дојдете на галерија под отворено небо

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да не ја интересира минатото од нивното седумгодишно владеење, затоа што тоа е изворот на проблемите и кај нив и во државата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски во посета на ОАЕ, се прошируваат можностите за соработка и инвестиции, зголемени приходи во Царина за 13,6 милиони евра

Sase Ivanovski

Вистиномер: Фројдовската грешка на „српското сценарио“ во Северна Македонија

Sase Ivanovski

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисока цени за пазарот, институциите мора да реагираат!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Борбата против корупцијата и криминалот се видливи, Царинската управа со рекордни приходи

Sase Ivanovski

СДСМ: СДСМ: Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка а тој не!

Sase Ivanovski

Вистиномер: ЕМА не тврди дека вакцините против ковид се штетни, туку дека штитат од сериозна болест и смрт

Sase Ivanovski

Вистимомер: Путин, а не Европа, ја продолжува војната во Украина

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на МЗ Галичник

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништиле тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап

Sase Ivanovski

6 ЧАСА IMOLA PEUGEOT 9X8 СЕ ВРАЌА ВО EMILIA-ROMAGNA

Sase Ivanovski

Герасимовски: Од 15 до 20 април, приклучете се на акцијата за одложување кабаст отпад во Центар

Sase Ivanovski

Вистиномер: Објава манипулира со етничката припадност на осомничените за пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајно лош перформанс

Sase Ivanovski

Народниот правобранител ќе го презентира годишниот извештај, Зибери најави сопствена иницијатива за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Таравари и сопартијците денеска ќе се договорат за настапот на Алијанса за Албанците на локалните избори

Sase Ivanovski

Сообраќајот низ земјава се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Sase Ivanovski

Камион-цистерна удрил во карпи пред патарината кај Велес

Sase Ivanovski

Трамп го „казнува“ Харвард со 2,2 милијарди долари поради одбивање политички барања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Левица: Радијата да имаат третман како телевизиите – порталите по еден вработен

Sase Ivanovski

Највредната американска компанија ќе биде осакатена од Трамп

Sase Ivanovski

Белата куќа предлага драстични кратења на Стејт департментот и финансирањето на ОН, НАТО и други групи

Sase Ivanovski

Кремљ вели дека не се можни моментални резултати откако Трамп побара напредок од Украина

Sase Ivanovski

СДСМ прифаќа формирање анкетна комисија со опфат и на други трагедии покрај кочанската, вели потпретседателката Костова

Sase Ivanovski

Запалени салон на Тесла и седиштето на Републиканската партија

Sase Ivanovski

Катерина Ставреска добитничка на меѓународната титула „Инспиративен лидер“ на Global Business Conclave 2025 во Лондон

Sase Ivanovski

Зошто синдромот на ненадејно жалење на Трамп покажа дека виши раководители на организации “C – Suiters” се стремат кон неразуменост

Sase Ivanovski

„Њузвик“ проценува дека Гренланд може да ја чини Америка 2,2 милијарди долари

Sase Ivanovski

НАТО размислува за нова цел: 3,5 отсто за одбрана и дополнителни 1,5 отсто за цивилна подготвеност

Sase Ivanovski

Официјално: Модриќ стана еден од сопствениците на поранешeн премиерлигаш!

Sase Ivanovski

ДОНАЦИИТЕ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ НЕ СЕ ОДАНОЧУВААТ На сметките на Црвен крст легнаа 1,96 милиони евра

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ ЧАДОР, УТРОBO ДОЖДОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОРОЕН Попладне се очекува намалување на врнежите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кети Пери ја бакна земјата – женскиот екипаж во ракетата на Џеф Безос по 11 минути се врати од вселената

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Студенти вечерва ја блокираа српската државна телевизија РТС: „Работи против сите нас“

Sase Ivanovski

Меџити: Граѓаните ќе ја ценат нашата работа во Владата, локалните избори се блиску

Sase Ivanovski

Шестгодишно девојче попладнето исчезна во Куманово, синоќа е пронајдено во Гази Баба

Sase Ivanovski

Зеленски: Русија отворено одбива прекин на огнот

Sase Ivanovski

К-15 и пријателите – Епизода 4

Sase Ivanovski

Кина престана да извезува ретки минерали за сите, не само за САД, зачувувајќи ги критичните материјали за технологијата, автомобилите, воздушната и одбраната

Sase Ivanovski

Карвил: Трамп „го прекрши кардиналното правило во американската политика“

Sase Ivanovski

ЗА ИЛИ ПРОТИВ – ГОСТИН: МИХАЈЛО МАНЕВСКИ

Sase Ivanovski

Трамп повикува на депортирање на некои граѓани во Ел Салвадор, тестирајќи го американскиот закон

Sase Ivanovski

Лекарите пронајдоа нешто застрашувачко во мозокот на оние кои пијат алкохол…

Sase Ivanovski

Факултетот за архитектура и урбанизам (FAU-USP) на Универзитетот во Сао Паоло, дизајниран од Жоао Виланова Артигас и Карлос Каскалди, ги отелотворува храбрите принципи на Паулиста школата, завршена во 1968 година…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дефиниција за трпение…

Sase Ivanovski

Во 1998 година, нигерискиот измамник Емануел Нвуд направи една од најхрабрите измами во историјата – тој продаде непостоечки аеродром на бразилска банка за неверојатни 242 милиони долари

Sase Ivanovski

Лирим Дулови: Обвинител во заштита на системот на смртта

Sase Ivanovski

Цветковиќ: Министерството за образование не го води ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту министерката Јаневска

Sase Ivanovski

Канадскиот прстен во Лар, Германија, изграден во 1962 година, е пример за модернистичкиот архитектонски стил

Sase Ivanovski

Македончиште, Александар Волкановски после победата прославува со неговиот татко Тоде Волкановски родум од Беранци Битола Македонија

Sase Ivanovski

Демант на Градоначалникот Трајковски- политичка инсинуација е дека ми е пронајдено и одземено оружје

Sase Ivanovski

Првата буква од генетскиот код беше пробиена на 27 мај 1961 година околу три часот по полноќ од Маршал Ниренберг (на сликата) и Хајнрих Матаи – неговиот пост-докторски колега – во Националниот институт за здравје

Sase Ivanovski

Костова: Гледаме селективна истрага за Кочани, каде е одговорноста на функционерите во МВР?

Sase Ivanovski

Бугарија чека одговор од Македонија за тунелот од Коридорот 8

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Ја посетивме „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби која е направена од прилепски мермер

Sase Ivanovski

Улично куче изгриза дете на плоштадот во Битола, има повреди на челото

Sase Ivanovski

Бугарија ќе ја зајакне армијата со првите 33 возила „Страјкер“ што ќе пристигнат годинава

Sase Ivanovski

Трамп: Путин, Бајден и Зеленски се виновни за војната во Украина

Sase Ivanovski

Јавно промовирани кандидатите за програмскиот совет на МРТВ

Sase Ivanovski

Минибус со патници падна во Дунав по судир со друг автомобил во Романија, во тек е спасувачка операција

Sase Ivanovski

Судот го прифати супервештачењето за случајот Веапоска, ќе се презентира извештајот на 16 мај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИНИБУС СО ПАТНИЦИ ПАДНА ВО ДУНАВ Први снимки од страшната несреќа во Романија

Sase Ivanovski

УНГАРСКО „НЕ“ ЗА ОБУКА НА ВОЈНИЦИ НА ЕУ ВО УКРАИНА Будимпешта спрема нова сопка за Брисел

Sase Ivanovski

ТРАМП ДА ДОЈДЕ ДА ВИДИ ШТО ПРАВИ ПУТИН Зеленски сака посета пред да падне договор меѓу Русија и САД

Sase Ivanovski

ПРОТЕРУВАЊЕТО НА ХРВАТИТЕ ОД СРБИЈА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ Пленковиќ го обвини Белград за организирам систем, не за случајност

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ГО ПОКАНИ ШЕИКОТ МУХАМЕД БИН ЗАЈЕД АЛ-НАХЈАН ВО МАКЕДОНИЈА Силна дипломатска офанзива за блиски односи со ОАЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Возач јури со автомобил на велосипедска патека на мостот „Гоце Делчев“

Sase Ivanovski

Шабан Салиу заврши во притвор – за другите звучни имиња од истрагата во Кочани куќен притвор или мерки за претпазливост

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Русија: Мајка уби три деца со секира, најмладата жртва имала само седум месеци

Sase Ivanovski

Комисија за стручен надзор ќе го разгледува случајот со смртта на пациентот Ангелковски на Кардиохирургија

Sase Ivanovski

„Размисли двапати, нацисту“ – Медведев со остра порака до германскиот канцелар Мерц

Sase Ivanovski
Вчитувам....