МАКТЕЛ

    

“Мрежа за заштита од дискриминација”: Насилството, дискриминацијата и незнаењето во формалното образование се новото „нормално“ што го промовираат Владата, Парламентот и Претседателката на државата

      

За неполна седмица мнозинството пратеници изгласаа трет штетен закон во образованието без јавна дебата – спротивен на интересите и потребите на децата и младите. Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираат на усвојувањето на третиот последователен штетен закон во областа на образованието – Законот за средно образование. Со најновите измени на законите за основно и средно образование се озаконува насилство и дискриминација врз децата, а младите остануваат без пристап до здравствена едукација базирана на докази. И покрај епидемијата на насилство меѓу младите, новиот Закон за средно образование не ја препознава дискриминацијата како форма на насилство и освен физичкото насилство не препознава емотивно, психичко и сексуално насилство. Законот целосно пропушта да предложи мерки за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје на младите, и покрај поразителните податоци.

Ниту една стручна или младинска организација не побара вакви измени. Загрижува што пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од парламентарната говорница отворено изразија поддршка за т.н. „загрижени родители“ – групи кои под превезот на „заштита на децата“ шират говор на омраза, дискриминација и теории на заговор, вклучително и против вакцинацијата и здравствената едукација. За илустрација – Претставници од движењата коишто беа консултирани за овие измени сметаат дека луѓето коишто се вакцинирани се ГМО и веќе не се луѓе и со тоа не уживаат човекови права. Истите групи со години оркестрираат напади врз експерти, активисти, новинари и маргинализирани заедници. Особено разочарува што првата жена-претседателка на државата ги поддржа барањата на овие радикални структури и ги потпиша указите за овие закони, иако фактите укажуваат дека тие ќе имаат долгорочни и штетни последици за младите.

   

Со тоа, Владата, Парламентот и Претседателката дејствуваат во спротивност интересите на своите граѓани, национални и меѓународни заложби и препораки што државата ги има добиено изминатава деценија од телата на Обединетите Нации за почитување на човековите права, со заложбите преземени во рамки на Целите за одржлив развој – особено Целта број 5 за унапредување на родовата еднаквост – како и со националното законодавство за заштита од дискриминација и Националната развојна стратегија на државата. Сите три закони беа донесени по скратена постапка, без јавна расправа и без вклучување на експерти и млади – што претставува сериозно загрозување на демократијата и човековите права. Со исклучување на здравствената едукација, и со бришење на темите поврзани со родова еднаквост, сексуално и репродуктивно здравје, државата не само што ги негира реалностите со кои се соочуваат младите, туку свесно ги препушта на дезинформации, стигматизација, насилство и дискриминација. Ја потсетуваме Владата која декларативно изразува грижа за младите и промовира популациона политика, дека незнаењето за сексуалното и репродуктивно здравје во практика – ја намалува возраста на стапувања во први сексуални односи кај младите, ја зголемува стапката на малолетничка бремености и раѓања, стапката на небезбедни абортуси кај малолетниците, сексуално преносливите инфекции, и ги зголемува здравствените ризици и неплодноста кај популацијата. Потсетуваме на алармантните податоци кај нас кој треба да ги загрижат сите родители, наставници и граѓани:

  • Податоците за насилство дискриминацијата и здравјето кај младите се алармантни и треба да ги загрижат сите родители, наставници и граѓани на оваа држава:
  • Насилството е нормализирано во Македонија, се почести се случаите на вознемирување, сексуално насилство, малтретирање и силување кај младите извршено од малолетници, како во училиштата, така и  во јавните простори;
  • Стапката на просечно стапување на прв сексуален однос кај младите во Македонија изнесува 15 години односно 16 години за девојчињата. За споредба со земјите каде здравствената едукација е интегрирана во училишните програми, младите го одложуваат влегувањето во прв сексуален однос, некаде дури и до 19 годишна возраст;
  • Стапката на тинејџерска бременост во 2023 година изнесува 13.4 на 1000 девојки на возраст од 15-19 години;
  • Младите на возраст од 15 до 18 години се најмногу изложени на насилство за разлика од другите возрасни групи во државата и младите кои ѝ припаѓаат на ЛГБТИ задницата се и до четирипати почесто малтретирани во училиште од хетеросексуалните врсници.
  • Дополнително, 15-годишници со хомосексуална и бисексуална ориентација страдаат два или повеќе пати почесто во споредба со своите хетеросексуални врсници, честопати со повеќе психосоматски симптоми (74%), чувства на тага и безнадежност (47%) или со сериозни самоубиствени мисли (30%).
  • Само во периодот од 2021-2023 се документирани 82 случаи на насилство во образованието врз ЛГБТИ млади, при што образованието е втора област по ред со најмногу документирани случаи на институционално насилство врз ЛГБТИ, после здравството.

Оттука, нашите барања остануваат непроменети:

  • Владата и Парламентот да ги реобмислат законите во образованието кои директно им штетат на здравјето на младите.
  • Отворање на широка дебата со младите, младинските организации, стручните здравствени организации и кои работат на заштита на правата на маргинализираните заедници, и подготовка на измени на Законот за основно образование, Законот за средното образование и Законот за учебници за основно и средно образование базирани на докази и наука, и во согласност со меѓународните документи за заштита на човекови права со кои суштински ќе се покаже вистинска грижа за младите.
  • Да обезбедат соодветни средства за спроведување на Законот за млади и да се инвестира во младинските центри во кои ќе се креираат безбедни простори за младите, обезбедат психолошки и здравствени услги за младите ширум државата.
  • Одржување на надзорна расправа за предизвиците и препреките во имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
  • Итно и неодложно спроведување на подзаконски акти за заштита на децата од насилство и дискриминација во училишта.  
  • Уште еднаш бараме од Претседателката Сиљановска-Давкова да не го потпишува Указот за Законот за средно образование и покрај тоа што со потпишувањето на претходните два закони ги погази своите декларативни и кампањнски заложби за родовата еднаквост и недискриминација.

  

Најново

(ВИДЕО) Митева: ДПИ продолжува со надзор, до сега извршени 297 надзори во однос на исполнувањето на минимално техничките услови, издадени се 360 прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 3 милиони денари

Sase Ivanovski

Трипуновски од Ресен: Сите земјоделци од понеделник да ги пријават настанатите штети од ниските температури, за да се обесштетат

Sase Ivanovski

МФ: Исплатена втората транша од 74 милиони евра за поддршка на домашните комплании, средствата префрлени од Буџетот кон Развојната банка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Претрес во фабрика за производство на канабис во медицински цели во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен поради констатирани неправилности

Sase Ivanovski

Општина Карпош: ЈАКИМОВСКИ ЗАТВОРИ ГРАДИЛИШТЕ ВО ВЛАЕ

Sase Ivanovski

Неверојатна историја: Валхала, нарачана од кралот Лудвиг I од Баварија – Грандиозен неокласичен споменик

Sase Ivanovski

“ФИРМА” од Роланд Шимелфенинг во Драмски театар

Sase Ivanovski

ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО ТУШЕВИТЕ, РЕЧЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА ПРЕКРАСНА КОСА

Sase Ivanovski

Агустин Ескобар, извршен директор на Сименс во Шпанија, заедно со неговата сопруга и трите деца, се идентификувани како жртви на денешната трагична хеликоптерска несреќа во реката Хадсон

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Дневна доза здравје – Ублажување на болка со ,,пациент контролирана аналгезија,,

Sase Ivanovski

Ѓорчевски до обвинителката: Не знам што сакате да постигнете со прашањата за становите

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: ГАЗИ БАБА ЗА СПОРТОТ! – Вечерва се оддржа првиот тематски настан на тема “Гази Баба за спортот” на кој беа презентирани постигнатите резултати на општина Гази Баба во областа на спортот во мандатниот период 2021 – 2025 година

Sase Ivanovski

Марина Сити Тауерс во Чикаго, дизајнирани од Бертранд Голдберг и завршени во 1964 година, се иконски по нивните уникатни цилиндрични форми кои наликуваат на пченкарни корни

Sase Ivanovski

ПРОДАЛ ФАЛСИФИКУВАН КУЈНСКИ СЕТ, ПА БИЛ ПРОТЕРАН Романец измамил жител на Пробиштип за 970 евра

Sase Ivanovski

Левица со критика за Тошковски: Секој кој потфрлил, премолчел или прикривал – мора да одговара!

Sase Ivanovski

БРОЈКАТА НА ЖРТВИ МОЖЕШЕ ДА БИДЕ МНОГУ ПОГОЛЕМА За Мехмедовиќ е клучно што беа испратени пациенти во странство

Sase Ivanovski

ОБВИНИТЕЛКАТА САКА ДА ГО ДИСКВАЛИФИКУВА ТАТКОТО НА ВАЊА КАКО СВЕДОК Го праша каков ученик бил, а тој рече дека нему и на Шекеринска сакале да им ги сецираат мозоците за да видат што има во нив

Sase Ivanovski

ЃОРЧЕВСКИ БАРАЛ ДА БИДЕ СТАВЕН НА ДЕТЕКТОР ЗА ЛАГИ Убиениот Панче сакал да наполни бензин во кантичка, но бил одбиен на бензинската во Велес

Sase Ivanovski

Таткото на Вања во судница: Дента кога ја грабнаа Вања им порачав на децата да се облечат топло затоа што на вести пишуваше дека ќе биде најстудениот ден во годината

Sase Ivanovski

Ѓорчевски: Тргнав кон Блаце, но се вратив назад, уште од почеток почувствував дека полицијата се сомнева во мене

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ексклузивно: Јованка Броз – засега непознато сведоштво

Sase Ivanovski

Граѓаните аплаудираа во знак на поддршка на лекарите пред ГОБ Свети Наум Охридски

Sase Ivanovski

Митева: Владеењето на правото е врвен приоритет на Владата, ќе бараме одговорност

Sase Ivanovski

Принова во ЗОО Скопје: Се роди белоглав мршојадец

Sase Ivanovski

Митева: СДС и ДУИ работеа спротивно на волјата на граѓаните, нема толеранција за корупција

Sase Ivanovski

Протестен марш на иницијативата „Кој е следен“, бараат правда за жртвите во сите досегашни трагедии

Sase Ivanovski

Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Протест поради глувците во ОУ „Панајот Гиновски“ – учениците 4 дена без настава, директорката молчи

Sase Ivanovski

Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата

Sase Ivanovski

Полиција влезе во Медицинскиот факултет во Ниш, студенти добија покани за информативен разговор

Sase Ivanovski

Тошковски: Организаторите во измамата со брзи кредити по итна постапка ќе бидат спроведени пред суд

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Д-р Даниловски со критика за претседателот на Македонското научно здружение за аутизам: Иако ниту еден исказ не Ви е точен, нема родител што ќе го вакцинира своето дете, откако ќе го чуе ова од Вас

Sase Ivanovski

Конфискуваната луксузна гардероба на Боки 13 конечно е проценета на 595.640 евра, се уште не е продадена ниту гарнитурата на Јанева

Sase Ivanovski

МБАПЕ МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ПСЖ Не му простува ниту едно евро

Sase Ivanovski

БОМБА НА ПЛУСИНФО: МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ПРЕД РАСКОЛ? Партениј молчи пред Велигден, Пендаровски потврди дека посредува меѓу МПЦ-ОА и Цариград

Sase Ivanovski

СИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ЌЕ ДОБИЈАТ ПРАВОПИС 2.600 примероци стоеле во депоа 7 години

Sase Ivanovski

И СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ОПРАВДА ПРЕСУДАТА НА СУДИЈАТА ФЕРАТИ Толку е правдата за прегазената Теодора

Sase Ivanovski

На денешен ден 10.04.1957 година ликвидиран е Анте Павелиќ, соработникот на Адолф Хитлер

Sase Ivanovski

Како очекувањата на нарцисистот ТЕ ОБЛИКУВААТ (Теорија на очекување)

Sase Ivanovski

„Умот е универзум сам по себе.“ – Мишел Сифре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во хаотичен сообраќај како нашиов, вакво управување е и преопасно, освен што е спротивно на законите…

Sase Ivanovski

Муцунски учесник на дискусијата на тема: „Дали ЕУ – САД алијансата е надвор од поправка?“ во рамки на Делфи Економскиот Форум што се одржува во Грција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трагедија во Њујорк: Хеликоптер со семејство од Шпанија се урна во Хадсон – сите загинаа

Sase Ivanovski

(Видео) Шест загинати во хеликоптерската несреќа во Њујорк

Sase Ivanovski

ДУИ: Горчлива иронија е фотографијата од Коцевски и Тошковски кои потпишуваат меморандум за борба против корупцијата

Sase Ivanovski

Османи за Богојески: Државата преку еден човек ја понижи цела една заедница со јазик полн со омраза

Sase Ivanovski

Жител на Кондово се заканувал дека ќе убие татко и дете

Sase Ivanovski

ФЗОМ презема серија мерки за зголемување на безбедносните стандарди, со посебен фокус на заштитата на личните податоци и унапредување на ИТ безбедноста

Sase Ivanovski

Роберт Кенеди: САД ќе ја знаат причината за епидемијата на аутизам до септември

Sase Ivanovski

Рекордни вредности на златото и швајцарскиот франк

Sase Ivanovski

Дебарца ќе се обновува од Ленинова до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“

Sase Ivanovski

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за случајот со дрогата и кучката Цеца

Sase Ivanovski

Директорот на Психијатрија Демир Хисар, Жан Лозановски, вознемирувал и политички дискриминирал докторка примариус пред пензија

Sase Ivanovski

Трајко Славески: ДОМАШЕН ТЕРОРИЗАМ

Sase Ivanovski

360° season 11, show 53 – Владата најми адвокати – под лупа договорот за хеликоптерите

Sase Ivanovski

Вин Вин 10.04.2025

Sase Ivanovski

Руски шпиони „платиле тинејџер да ја запали Икеа“

Sase Ivanovski

Apple пренесе 600 тони ајфони во САД за да се обиде да ги надмине тарифите на Трамп додека клиентите се обидуваат да обезбедат уреди пред евентуални зголемувања на цените

Sase Ivanovski

Како хрватската полиција разби меѓународна наркогрупа

Sase Ivanovski

Поповски на тема – Америка против сите – може ли да го издржи притисокот?

Sase Ivanovski

Соединетите Американски Држави денеска во ОН побараа отстранување на мисијата на УНМИК од Косово

Sase Ivanovski

ОВОШТАРИТЕ НА ГОЛЕМА МАКА ПОРАДИ ПРОЛЕТНИТЕ МРАЗОВИ Преживеаните родни пупки прашање е дали ќе го задржат плодот

Sase Ivanovski

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

Sase Ivanovski

Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Sase Ivanovski

МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

Sase Ivanovski

Заменик-министерот Ристески: Ме касна куче, ама не земав пари

Sase Ivanovski

Додик: Нема да поднесам оставка, ниту да ја напуштам Република Српска

Sase Ivanovski

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во Ријад, заедничко соопштение ќе биде објавено денес

Sase Ivanovski

(Фото+видео) ХАОС: При бетонирање на нова, се сруши ѕид на постојна зграда во Ѓорче Петров!

Sase Ivanovski

Се посветува повеќе внимание за тоа кој ги организира протестите, отколку да се фокусираат на барањата, рече претставничката на граѓанската иницијатива „Кој е Следен“

Sase Ivanovski

Преку 300 луѓе лани загинале на Австриските Алпи, најмногу жртви во последната деценија

Sase Ivanovski

Трамп се сомничи за кривично дело инсајдерско тргување?

Sase Ivanovski

Во петок технички консултации меѓу САД и Украина за минерали

Sase Ivanovski

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми се во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Sase Ivanovski

Насилник од Кондово се заканувал дека ќе убие татко и дете поради видеоснимка

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата одвојува повеќе средства за Армијата од стандардите на НАТО, прв повик за програмата „Дигитална Европа”, 38% струја од соларни и ветерни централи до 2030 година

Sase Ivanovski

Костовски: Вандализирана новата детска градинка во Бутел 1 

Sase Ivanovski

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

Шукова: За Кочани мора да има неселективна правда, сите да бидат опфатени со истрагата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја уништи државата со 3 милијарди нов долг – сега глумат финансиери

Sase Ivanovski
Вчитувам....