Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо, кажа Ангелов. Мухамед Аљи, досегашен вработен во Дирекцијата за заштита и спасување е нов директор на Центарот за управување со кризи, соопшти денеска доскорешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов. Ангелов отсега ќе ја извршува функцијата директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
„Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо, но исто така верувам дека е подготвен да даде сè од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со кризи. За заменик-директор на ЦУК е именуван Трајче Јовановски кој работи во ЦУК од 2008 година, кој досега беше помошник-раководител на сектор за аналитика, процени и стратешко планирање“, информира Ангелов. Извор: Новинска агенција МЕТА