Билатерална средба со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, во рамки на Минхенската безбедносна конференција. Утрово, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, заедно со делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, остваривме билатерална средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. На средбата ги потврдивме традиционално пријателските и партнерски односи меѓу двете земји, кои се одвиваат без отворени прашања, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво. Изразивме задоволство од динамичното партнерство во рамки на НАТО Алијансата, како и благодарност за континуираната и недвосмислена поддршка за нашиот европски интегративен процес, со очекување дека таа поддршка ќе остане силна и во наредниот период.
Разговаравме за натамошно продлабочување на односите во повеќе сектори, со посебен акцент на економските и трговските врски, каде што постои потенцијал за нивно дополнително јакнење. Посебно внимание беше посветено на тековните регионални прашања и потребата од координиран пристап во нивното адресирање, како и на реформските процеси кои се од значење за напредокот на државата во ЕУ.
View this post on Instagram