-Франција е наш искрен пријател и поддржувач. Се заблагодарив и за француската поддршка за исполнување на нашата стратешка цел – членството во Европската Унија. Министерот Баро ја реафирмираше цврстата поддршка на Франција за нашиот пристапен процес, истакнувајќи дека неговата земја ќе продолжи да се залага за проширување на Унијата и активно да придонесува кон остварување на оваа наша цел- рече Муцунски.
Во фокусот било зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете држави, а министерот исто така се заблагодарил за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани, соопшти министерот.