Оваа инвестиција е потврда дека инфраструктурна офанзива се одвива со силна динамика и паралелно на повеќе локации во Аеродром, таа креира нови содржини кои сериозно го менуваат ликот на општината, напиша градоначалникот Муцунски.
Лисиче и Островска добиваат нов плоштад и современ спортски центар, проект кој целосно се реализира со средства на Општина Аеродром. Градоначалникот Тимчо Муцунски и Претседателот на Советот Дејан Митески утрово беа посета во посета на Лисиче каде уште еднаш заеднички потврдија дека активностите за изградба на новиот модерен и повеќенаменски спортски центар на Островска се реализираат согласно предвидената динамика.
– Се радувам за овој нов проект затоа што граѓаните на Лисиче го заслужуваат тоа и истиот е наше ветување дадено пред нив. Оваа инвестиција е потврда дека инфраструктурна офанзива се одвива со силна динамика и паралелно на повеќе локации во Аеродром, таа креира нови содржини кои сериозно го менуваат ликот на општината – напиша градоначалникот Муцунски во својата објава.
Уредувањето на овој дел предвидуваат изградба на плоштад, поставување нова подлога, нови спортски реквизити, модерно осветлување и комплетно уредување на околниот простор. Станува збор за проект кој по завршување ќе донесе нова локација на кој ќе спортуваат, ќе го поминуваат своето време и ќе се гордеат жителите на Лисиче.