Денеска, на маргините на Делфи економскиот форум во Грција, остварив средба со мојот колега – министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис. Средбата претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значително унапредување на дипломатските односи. Притоа, упатив искрена благодарност за навремената и висококвалитетна медицинска помош што Грција ја обезбеди за дел од повредените во трагедијата во Кочани – силен гест и одраз на искрено пријателство меѓу две соседни земји. Ја нагласивме заедничката подготвеност и потребата од понатамошно унапредување на билатералната соработка – преку интензивиран политички дијалог, приоритетно поврзување во инфраструктурата и енергетиката, како и нова динамика во економијата, културата и туризмот.
View this post on Instagram