На покана на министерот за надворешни работи на Украина, Андри Сибиха, и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, денеска престојував во еднодневна работна посета на Лавов, каде што – како единствен министер од Западен Балкан – учествував на Министерскиот состанок на основната група за формирање на Специјалниот трибунал за злосторство на агресија против Украина и на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.
На состаноците беше потврдена силната поддршка за Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, како и за иницијативата за воспоставување правна одговорност за актите на агресија. Во таа насока, ја реафирмирав принципиелната поддршка на нашата држава, повикувајќи на итен и безусловен прекин на огнот од страна на Русија и на заеднички ангажман за постигнување праведен и одржлив мир. Во рамки на посетата, заедно со останатите колеги министри, оддадовме почит на украинските херои на гробиштата „Lychakiv“ во Лавов.
View this post on Instagram