Одличен ден за државата и за македонските граѓани. Денес, заедно со претседателот на Владата, @hristijan_mickoski и британскиот амбасадор во државава Метју Лосон, одржавме прес-конференција на која ги презентиравме деталите од новиот Меѓувладин договор за стратешка соработка со Обединетото Кралство.
Овој значаен документ претставува потврда за одличните билатерални односи меѓу двете земји и поставува цврста рамка за понатамошно унапредување и зацврстување на политичката, економската и трговската соработка. Во фокусот на договорот е најавениот инвестициски циклус со вредност од пет милијарди фунти – односно околу шест милијарди евра – кој ќе биде насочен кон развој на клучни сектори како што се одбраната, безбедноста, инфраструктурата, железницата, транспортот и здравството.
View this post on Instagram