Во рамки на работната посета на Турција, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска остварив средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На средбата ги потврдивме одличните и традиционално пријателски односи меѓу двете земји, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво. Заеднички ја поздравивме досегашната економска соработка и разговаравме за унапредување на односите во областите од заемен интерес, со посебен акцент на економската соработка и можностите за нејзино продлабочување – како од надворешно-трговски, така и од инвестициски аспект.
Во фокусот на средбата беше и Заедничката политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу владите на двете држави, која денес беше потпишана од страна на претседателите на владите. Овој Совет ќе има за цел унапредување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес – на билатерално, регионално и глобално ниво.
View this post on Instagram