Средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, денеска остварив средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. На средбата ги потврдивме добрите билатерални односи и конструктивната соработка меѓу двете земји, а разговаравме и за унапредување на политичкиот дијалог и економската соработка. Во оваа насока, во име на Владата, потпишав два меморандуми – за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи.
Разменивме мислења и за актуелните геополитички случувања во светот, а ја нагласивме важноста од интензивирање на контактите меѓу бизнис-заедниците и стопанските комори на двете земји, со цел поголема економска поврзаност и реализација на нови инвестиции.
View this post on Instagram