Денес на одвоени средби ги примив амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер. На средбата со амбасадорката Филипиду заеднички констатиравме дека постои заемен интерес за негување на добрососедските односи, во функција на одржување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот преку негово целосно интегрирање во Европската Унија. Потврдивме заложби за натамошно интензивирање на билатералната соработка, особено во областите на инфраструктурното поврзување, енергетиката, одбраната, културата и туризмот.
Со амбасадорот Памер изразивме заедничко задоволство од одличните билатерални односи и силната динамика во политичкиот дијалог меѓу двете земји во изминатиот период. Се заблагодарив за континуираната австриска поддршка во процесот на исполнување на европските приоритети и нашите заложби за интеграција во ЕУ. Разговаравме и за економските и трговските односи, при што ја потврдивме заедничката заложба за нивно понатамошно продлабочување.
View this post on Instagram