На професорот Бачев му беше искажана благодарност со личното врачувањето на благодарница за неговото учество на конференцијата.

Набиена агенда и разговори со влијателни личности во регионот – Претседателот на Единствена Македонија, професорот Јанко Бачев беше единствениот поканет учесник од Македонија на Меѓународната конференција во Република Српска посветена на БРИКС. Бачев во рамките на тридневниот престој во Бањалука оствари средба со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме и нашето остварување на стратешките интереси врзани со одбрана на македонските национални интереси. Воедно изразивме согласност и општ е впечатокот од средбата дека довербата и уважувањето меѓу двата народи, српскиот и македонскиот, се најцврстиот мост на пријателство кој може да се изгради. Се бориме за секој интерес на Македонија“ – вели Бачев додавајќи дека претседателот Додик е голем пријател на Македонија и македонскиот народ.
На маргините на конференција за БРИКС, професорот Бачев имаше разговор со амбасадорот на Руската Федерација во БиХ, Игор Калабухов за време на свечената церемонија при отворањето на конференцијата.
„Амбасадорот Калабухов е жива енциклопедија и одличен познавач на регионот со оглед на неговото 30 годишно дипломатско присуство на просторот на поранешна Југославија“ – потенцира Бачев.
Програмата на свеченото отворање беше заокружена со изведба на српски, македонски и руски народни песни во интерпретација на етносот „Траг“, кои придонесоа за празничната и пријателска атмосфера на оваа меѓународна научна манифестација.
Претходно професорот Бачев се задржа во разговор со колегата Жељко Будимир, професор по политикологија на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Бањалука и министер за научно технолошки развој и високото образование во владата на Република Српска.
„Му предочив на министерот некои идеи за соработка од интерес за Република Македонија и Република Српска. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на битни прашања за нас“ – истакна Бачев.
Професорот Бачев учествуваше на големата научна конференција посветена на БРИКС каде го изложи својот труд насловен како “Политичкото значење на БРИКС за Македонија – можности и перспективи за воспоставување на поблиска соработка со цел заштита на македонските национални интереси”. Под модераторство на Милана Бабиќ претседателка на здружението „Сусрет“ во експертскиот дел уште зборуваа: Жељко Будимир, министер за научно технолошки развој и високо образование во владата на Република Српска и професор по политикологија на Факултетот за политички науки, Сулов Димитриј Вјачеславович заменик директор на рускиот Центар за сеопфатни европски и меѓународни студии, Ахмед Бин Сулајем генерален директор за општа трговија Дубаи и претседател на берзата за злато и дијаманти Дубаи, Јакушев Николај Олегович научен соработник во руската Федерална буџетска установа за наука, Драгана Митровиќ професорка на Факултетот за политички науки Белград, Ногеира Батиста поранешен потпретседател на ММФ и на Новата банка на БРИКС, Дантас Алексис Торибио професор на Економскиот факултет во Бразил, Ентина Екатерина Генадијевна универзитетски професор и извршна директорка на А.М. Горчаков, Котова Анастасија Романовна раководител на проектот за јавна дипломатија на “Горчаков” Јана Зубчук уредник на порталот ТВ БРИКС.
Во вториот дел особено интересно беа обраќањата на младинската тркалезна маса каде млади истражувачи од повеќе земји на БРИКС изложија многу интересни проектни трудови во рамките на младинската секција на БРИКС. Вклучувањето на млади истражувачи и меѓународни експерти придонесе за создавање на основа за одржлива и инклузивна соработка во духот на мултиполарноста и меѓусебното почитување.
На професорот Бачев му беше искажана благодарност со личното врачувањето на благодарница за неговото учество на конференцијата.
Конференцијата ја организираше Литературното здружение „Сусрет“ со поддршка на рускиот фонд за јавна дипломатија „Александар Горчаков“, Претседателскиот фонд на Република Српска, Министерството за научен и технолошки развој и високото образование на Република Српска, Центарот за социо-политички истражувања на Република Српска, Амбасадата на Руската Федерација во БиХ, Руската куќа во Белград, како и партнерски организации и академски институции од Русија, Кина, Бразил, ОАЕ и неколку балкански земји.