- Ефект кој воодушевува: сината Kolibri, зелената Tropikal и сивата Graphik кај популарниот SUV ќе ги привлечат Вашите погледи.
- Уникатен изглед: новите бои го нагласуваат смелиот, карактеристичин дизајн на
- Eлектифициран изглед: новата Mokka е поостра, помодерна и подигитална.
Вредности (комбинирано) за Opel Mokka Hybrid според WLTP: потрошувачка на гориво 4.9 l/100 km, емисија на CO2 110 g/km; CO2 ознака: A Вредности (комбинирано) за Opel Mokka Electric според WLTP: потрошувачка на енергија 15.4-15.6 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km CO2 ознака: A
Модерна, компактна и со дополнителен стилски елементи – ова е Opel Mokka. Популарниот SUV на Opel отсекогаш имал моќен карактер, а неодамна е збогатен уште повеќе. Ова не се должи само на изострениот дизајн, туку и на трите дополнителни нови бои на каросеријата кои сега се достапни за Mokka. Тие навистина го истакнуваат овој компактен SUV. Металик боите: сината Kolibri и зелената Tropikal, обете создадени ексклузивно за Mokka, како и еднобојната сива Graphik гарантираат дека новата Mokka ќе продолжи да привлекува внимание. Особено кога непогрешливите бои формираат карактеристичен контраст со опционалниот покрив обоен во црна Karbon и опционалниот црн капак на моторот.
„Новата Opel Mokka е привлечна, смела и самоуверена во секој поглед. Особено впечатливите бои совршено му прилегаат на овој каркатер. Затоа ги дизајниравме новите бои сина Kolibri, зелена Tropikal и сива Grafik Grey и ги додадовме во нашата понуда. Купувачите сега можат да изберат смели бои за нивната Mokka кои исто така ја изразуваат нивната личност“, изјави Nikola Kalabic, раководител на тимот за управување со тековните SUV возила.
Живописни бои: новите завршни обработки го нагласуваат смелиот карактер на Mokka
Opel Mokka се осмелува да биде различна од прв поглед. Самата боја сина Kolibri, како стандардна, ја прави новата Mokka апсолутно привлечна! Купувачите можат да ја изберат темно сината боја за секоја верзија на Mokka без дополнителни трошоци. Ако сакате да бидете малку подискретни а подеднакво карактеристични, можете да се одлучите за сивата Graphik, која ги истакнува контурите на новата Mokka. За оваа и за сите други бои се доплаќаат 650 евра (цени за германскиот пазар). А купувачите кои сакаат да ја пренесат идејата за одржлива мобилност во свеж, нов изглед со нивната Mokka можат да се одлучат за зелената Tropikal. Бојата го симболизира пристапот „Greenovation“ на Opel и во исто време ја буди желбата за спортско, ефикасно управување.
Новата Mokka е ефикасна и штеди ресурси во многу аспекти. Намерно се откажуваме од хромирани елементи и дизајнерски апликации на каросеријата, додека во ентериерот се користат ткаенини и навлаки направени од материјали со рециклирана содржина. На пример, достапна е навлака за седишта изработена од новиот материјал ReNewKnit™. Го пренесува висококвалитетниот изглед на кожа и е полесна за рециклирање. Купувачите на Mokka можат да изберат да возат без емисии со целосно електричната Mokka Electric или привремено со Mokka Hybrid со 48 V технологија. Новиот дигитален инфозабавен систем го заокружува модернизираното искуство при возењето со Mokka. Невообичаена, оригинална и секогаш високо ефикасна, покрај напредните технологии и изборот на погони, карактеристичните нови бои исто така придонесуваат за ова искуство со Mokka.