Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска од 12 часот напладне, противпожарната бригада гасне пожар во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема површина.
-РЦУК – Скопје известува дека БППЗ од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал. Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија- велат од Центарот. Според ЦУК, најмногу горела сува трева и отпаден материјал, а во гаснењето на пожарот учествуваат седум противпожарни возила и 20-тина пожарникари.