6.8 C
Скопје
03/03/2025 18:52
МАКТЕЛ

    

Наместо да превенира насилство, новиот Закон за полиција го загрозува пристапот до заштита и превенција

      

Член 31-а: (1) Полицискиот службеник за кој е поведена постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, односно за кој е добиено известување од надлежниот центар за социјални работи дека сторил семејно насилство, раководителот на организациската единица во која работи го упатува на задолжителен психијатриски и психолошки преглед односно советување со психолог (психолошко советување). (2) Наодот од психијатрискиот и психолошкиот преглед, односно советувањето со психолог (психолошко советување) со задолжителен наод и мислење за способноста на полицискиот службеник да биде распореден на работно место со овластување за носење и употреба на службено оружје, се доставува до Министерството.

   

Слика 1: Членовите 31 и 31-а од постоечкиот Закон за полиција Според Член 7 од Предлогот за изменување и дополнување, горенаведениот Член 31 би требало да биде променет и да гласи (Слика 2): Полицискиот службеник е овластен да носи оружје и други средства за присилба. Во случај кога е пријавено односно кога е добиено сознание за сторено кривично дело со употреба на оружје од страна на полициски службеник, организациската единица надлежна за внатрешна контрола во Министерството презема мерки согласно закон и изготвува извештај во кој се произнесува во однос на прашањето дали е потребно времено да се одземе од полицискиот службеник службеното оружје и муницијата. Во случај на времено одземање на оружјето и муницијата од ставот 2 на овој член, полицискиот службеник времено се распоредува на соодветно работно место во Министерството без овластување за носење и употреба на службено оружје.

Слика 2: Член 7 од Предлог законот за полиција Одземањето на оружјето и муницијата трае до правосилноста на одлуката донесена во постапката која се водела против тој полициски службеник за кривичното дело поради кое му е одземено оружјето. Дополнително, Член 8 од Предлог законот гласи: Членот 31-а се брише. Додека согласно актуелниот закон, оружјето и муницијата му се одземаа времено на полицискиот службеник за кој е започната постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, сега се предлага оружјето да се одземе доколку кривичното дело е сторено со употреба на тоа оружје. Понатаму, согласно актуелниот закон, кога Министерството ќе добие известување од надлежниот Центар за социјална работа дека полицискиот службеник извршил семејно насилство, времено му се одземаат оружјето имуницијата до правосилноста на одлуката на надлежниот суд за привремена мерка за заштита. Но, со промените кои се предлагаат, „семејното насилство“ (а со тоа и „социјалните центри“) потполно се отстранува како дополнителна околност и се појавува „внатрешна контрола на министерството“ или комисија која изготвува извештај во однос на прашањето дали на колегата/колешката треба времено да му/ѝ се одземе оружјето. Полицискиот службеник дополнително се прераспределува на соодветно работно место без овластување за носење и употреба на оружје. Членот 31-а, пак, во кој се споменуваат „семејното насилство“ како посебна категорија, “социјалните центри“ и психолошкото и „псхијатриско советување“ потполно се брише. Ваквите предлог промени се исклучително вознемирувачки имајќи предвид дека ги релативизираат вербалното и психичкото насилство, како и физичкото насилство кое не е сторено со оружје. Покрај отстранувањето на „семејното насилство“ од Законот, ваквата легислатива е дополнително ризична за жртвите на семејно насилство бидејќи не предвидува превенција на насилство сторено со оружје и муниција, туку иронично подразбира оружјето да се одземе ОТКАКО ќе биде извршено насилство. Ова е потполно спротивно на глобалните политики за превенција на фемициди и родово-базирано насилство, и воопшто на превенцијата на било какво насилство (и можни смртни последици).

Сара Миленковска, истражувачка и проектна координаторка во Коалиција Маргини, смета дека ваквата промена би дала зелено светло за насилство и јасна порака дека жртвите кои не се безбедни дома, нема да бидат безбедни ни кога би пријавиле во полиција бидејќи полицијата секогаш ќе си ги штити „своите“: „Во време кога родово-основано насилство станува норма во секојдневието и медиумите, со сегашниот Предлог закон за полицијата сѐ повеќе активно се ограничуваат механизмите за пријава, заштита и превенција. Целосното бришење на досегашните одредби кои предвидуваа одземање на оружјето на полицаец сторител на семејно насилство, и задолжителното психијатриско и психолошко советување за сторителот, со цел проценка на способноста за употреба на огнено оружје од страна на полицискиот службеник, создава простор за дополнителна ранливост на жртвите од насилство. Односно, не само што се креира простор за насилство, туку оваа промена придонесува и кон веќепостоечката култура на неказнивост. Речиси секогаш кога ќе се извести за уште еден фемицид, коментарот гласи: Како дојдовме до ова? Е, па, токму оваа промена на законот е она што им овозможува и ги поттикнува насилниците-полицајци да не се плашат од законот, да не бидат казнети и да поседуваат оружје што можат да го користат и како алатка за заплашување и за вршење на семејно насилство. Додека сите меѓународни конвенции и стандарди препорачуваат зајакнување на законите со цел да се заштитат жртвите од насилство, со овој чекор се прави уназадување на механизмите на заштита и креирање на некоја форма на одговорност. Ваквите промени, ја ставаат моќта во рацете на насилниците наместо да им ја одземат,“ смета Миленковска.

Маја Атанасовска од Здружението на млади правници, пак, објаснува дека согласно информациите достапни на ЕНЕР, измените во Законот за полиција се вршат за законот да се усогласи со Законот за внатрешни работи. Законот за внатрешни работи не го уредува процесот на одземање на службено оружје до правосилност на пресуда, но го уредува процесот на психолошко советување на сторител на семејно насилство: „Сакаме да апелираме дека при усогласување на законите, мора да се внимава во законот да се остави траг – односно да се потенцира согласно кој закон ќе се регулира одредено прашање. Исто така, неопходно е да се внимава да не се носат одредби кои се косат со одредбите од други закони кои се на сила. Во спротивност, креираме правна несигурност при спроведување на законот,“ објаснува Атанасовска. Таа потенцира дека од правен аспект, измената на членот 31 е од суштинско значење од неколку аспекти: „Сметаме дека измените не се направени во духот на потребите на жртвите на семејно насилство, а исто така и спротивно на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Согласно овој закон, во случај на насилство врз жени или семејно насилство, доколку сторителот има оружје, полицискиот службеник веднаш го одзема оружјето, со цел да се превенира идно несакано дејство. Измените во законот за полиција го ставаат полицискиот службеник – сторител на семејно насилство во повластена положба во однос на другите сторители, бидејќи оружјето нема да се одземе веднаш, туку ќе се цени, како и за секое друго насилство, дали било спроведено со огнено оружје и дали постои потреба да се одземе оружјето. Дополнително, Центарот за социјални работи има законска обврска, согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, да го извести МВР доколку сторителот е полициски службеник, или друго вработено лице со службено оружје. Оттука, сметаме дека оваа одредба апсолутно не смее да се избрише.

Што се однесува до членот 31-а од Законот за полиција, истиот овој член постои и во Законот за внатрешни работи (член 155-а). Членот, заедно со членот 31 дава една целина за постапување во случај кога имаме сторител полициски службеник, и упатува дека сторителот ќе добие соодветно советување пред да го добие назад службеното оружје. Оттука, сметаме дека е најдобро истата да не се избрише од овој закон. Сепак, имајќи предвид дека одредбата во Законот за внатрешни работи останува, обврската за постапување останува, бидејќи во Законот за полиција се наведува дека за сѐ што не е регулирано со овој закон, ќе се применуваат одредбите од Законот за внатрешни работи. Но сметаме дека ќе биде многу подобро, многу попрегледно и покорисно доколку, наместо да се избрише целата постапка, се остави една одредба која укажува дека сторителот- полициски службеник ќе биде упатен на психолошко советување согласно член 155-а од Законот за внатрешни работи,“ образложува Атанасовска. Најпосле, важно е да се потенцира дека сето ова се случува во контекст во кој полициски службеници во повеќе наврати се пријавувани за семејно и родово базирано насилство. Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изрази длабоко несогласување и загриженост за предложените измени на Законот за полиција и итно повлекување на истите, потенцирајќи дека овие измени воведуваат несигурност и дополнителни бариери кои сериозно ја влошуваат безбедноста на жртвите: „Наместо итна и недвосмислена заштита, тие добиваат неизвесност, дополнителен товар да го докажуваат сопственото страдање и чувство дека институциите повеќе се грижат за правата на сторителот отколку за нивната безбедност … Ова не е само законска измена, туку порака дека жртвата мора да се бори на два фронта – против насилникот и против институциите што треба да ја заштитат, но сега ѝ наметнуваат дополнителни бариери. Наместо да почувствува сигурност, на жртвата ѝ се вели дека нејзиниот збор не е доволен, дека дури и ако преживее насилство, ќе мора да се докаже како „доволно загрозена“ за да добие заштита. На овој начин, законот наместо да биде нејзиниот штит, станува уште една пречка што ќе мора да ја надмине за да преживее.“ Во светло на вакви предлог закони, се потврдува впечатокот на активист(к)ите за родова еднаквост дека полицијата, државата и институциите одбиваат да бидат нивни соборци во борбата против родово заснованото насилство, но и дека дополнително ги доведуваат под ризик и онака ранливите категории. При пишувањето на оваа реакција, се обративме до МВР со прашање за аргументите позади ваквите предлози и целта поради која би се вовеле тие промени во Законот за полиција. До моментот на објавување на овој текст од таму не стигна никаков одговор.

  

Најново

Наместо да вложуваат во злато, Македонците продаваат накит за да платат рата за кредит

Sase Ivanovski

Денко Малески: Трамп ја спасува Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НА КАВГА СО ИВАН, вечерва ќе гостува Дарко Костадиновски, претседател на уставниот суд на Македонија. во 21.30 на Јутјуб: Зошто правдата одамна не живее во Македонија?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС имаа 7 години власт да ги покачат платите, наместо тоа ја качија инфлацијата на двоцифрена и испумпаа милиони од буџетот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Голем е очајот во СДС кога вадат сметки од пред 8 години, ако имало нешто додека беа на власт со зурли и тапани ќе го обелоденеа

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Центар: Герасимовски со младите на Центар во кампања за совесно возење и промоција на субвенции за возачки дозволи

Sase Ivanovski

МТСП, Лимани: Да започнеме секој со индивидуален влог, а да целиме кон заедничко добро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Мартин Костовски: Неморал и аздисаност, СДСМ објави сметки од гозбите на Кочоска и Мицкоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поддржува 500 евра минимална плата

Sase Ivanovski

Двајца тешко повредени при судир на „опел“ и мопед во Куманово

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претрес во Куманово, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Дали Сокол работел по насока на СДС, па затоа молчи Филипче и не смее да се огради?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Сања Лукаревска: Поднесуваме закон за покачување на платите до 15.000 денари за 400.000 работници

Sase Ivanovski

Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите

Sase Ivanovski

Герасимовски го подобри животот на пензионерите: Над 10 милиони денари за пензионерите за три години

Sase Ivanovski

ВО ТЕКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 136 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Гостивар, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Напад со пиштол и нож во Хаифа, еден загинат и четворица повредени

Sase Ivanovski

Левица бара владејачкото мнозинство да го прифати предлогот за намалување на цените на патарините

Sase Ivanovski

Њујорк тајмс: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Sase Ivanovski

ЗАПОЧНА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПОСТ Каква е ползата што не јадеш месо ако го јадеш брата си?

Sase Ivanovski

КАС: Трошоците за изградба на Косово растат

Sase Ivanovski

Приватното вселенско летало слета на површината на Месечината

Sase Ivanovski

ВТОРА МЕЃУВЛАДИНА СЕДНИЦА СО УНГАРИЈА Ќе се потпише акциски план за размена на експертиза на теми за интеграција во ЕУ

Sase Ivanovski

ТРИУМФ НА „АНОРА“ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ОСКАРИТЕ Кој сѐ го освои најпрестижното филмско признание

Sase Ivanovski

САД ЌЕ БАРААТ ОСТАВКА НА ЗЕЛЕНСКИ ПРЕД ДОГОВОРОТ ЗА МИР ВО УКРАИНА? Трамп се среќава со неговите врвни советници за идните чекори

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО

Sase Ivanovski

Ова е Калајџијата Мехмед! Мајстрор Мехмед (Мехмед Уста) започнал да го учи занаетот на 5 години, денес е искусен мајстор во својот занает, иако има само 11 години!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол СДС и Филипче што не се оградуваат од него?

Sase Ivanovski

Релиќ со нов бронзен медал на турнир во Бугарија

Sase Ivanovski

Кралевски: ФФМ како да беше приватизирана од индивидуалци или можеби политичка партија

Sase Ivanovski

Легендата на НБА, Шек: Моите финансии четирикратно се зголемија откако го забележав Џеф Безос и почнав да инвестирам во работи што „ги менуваат животите на луѓето“

Sase Ivanovski

По 12 години повторно авиоповрзување на Скопје и Амстердам

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со максимална температура до 14 степени

Sase Ivanovski

Американски носач на авиони пристигна во Јужна Кореја

Sase Ivanovski

Награди „Златна Малина“: Ова се најлошите филмови за 2024 година

Sase Ivanovski

КОД 2025 – Измами со лажни несреќи, директор на Шутка пуштал затвореници, ДКСК и тајни

Sase Ivanovski

Туск: 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси

Sase Ivanovski

Во првите 40 дена на функцијата, Трамп потпиша рекордни 79 извршни наредби

Sase Ivanovski

Зеленски: Ако САД се подготвени, ќе потпишеме договор

Sase Ivanovski

Орбан: Европејците одлучија дека сакаат да ја продолжат војната во Украина

Sase Ivanovski

Numbeo: Ова се земјите со највисоки нето плати

Sase Ivanovski

ПОДГОТВЕН СУМ ЗА СПОГОДБА СО САД Зеленски рече дека ќе го потпише договорот за ретките минерали

Sase Ivanovski

Одлучното „не“ на Мелони за европските воени сили во Украина

Sase Ivanovski

Туск: Западот мора да се спротивстави на руската „уцена и агресија“

Sase Ivanovski

Билд: Тајни американско-руски преговори во Швајцарија за повторно отворање на Северен тек 2

Sase Ivanovski

Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно

Sase Ivanovski

Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа

Sase Ivanovski

Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа

Sase Ivanovski

Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори

Sase Ivanovski

Ивана Кнез за лажниот живот на инфлуенсерите

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Европа мора итно да се вооружи, мора да се подготвиме за најлошото

Sase Ivanovski

Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно

Sase Ivanovski

Апасиев распали по директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски

Sase Ivanovski

Тричковски: Браво за Зеленски Трамп беше театрален, а Ванс безобразен

Sase Ivanovski

Во Сплит запалена кукла со ликот на Александар Вучиќ

Sase Ivanovski

Во Србија има село кое го носи името на Владимир Путин

Sase Ivanovski

Ќе се обновува стара моликова шума на Пелистер, а паднатите дрва ќе се отстрануваат

Sase Ivanovski

Мадона во автобус, Њујорк, 1979

Sase Ivanovski

Детектор анкета: Расте поддршката за дигитализација во Македонија

Sase Ivanovski

Огромното минерално богатство на Украина стана централно во неодамнешните разговори за прекин на огнот меѓу САД и Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинеските автомобили ја нападнаа европската индустрија – што значи тоа за Македонија?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Контраспин: Бадемово млеко за пратеничката Петровска, срамот за министерката Димитриеска-Кочоска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БиХ или не БиХ: Вучиќ, Орбан и Русија можат да го дестабилизираат регионот бранејќи го Додик?

Sase Ivanovski

ЈО: Ако возите брзо, со алкохол во себе или поминете на црвено, итно ќе бидете кривично гонети

Sase Ivanovski

Порталб: На универзитетите цвета купопродажбата на оценки, никој не презема мерки

Sase Ivanovski

Контраспин: Владата сепак работи со компас и стратегија во надворешната политика

Sase Ivanovski

Одговорноста кај првите луѓе во правосудството е само дел од вистината за ниската доверба

Sase Ivanovski

Израел ја прекина помошта за Газа за да изврши притисок врз Хамас да прифати нов предлог за прекин на огнот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците во министерот Трипуновски и Владата гледаат вистински партнер

Sase Ivanovski

БОГАТИТЕ СРБИ И РУСИ ГО ЗАПОСЕДНАА ЦРНОГОРСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ – кој друг има јахти на нивниот брег

Sase Ivanovski

НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ – НАЈЧЕВСКА: Оваа изјава на Кочовска ни кажува дека жената нема капацитет да ги процени своите постапки

Sase Ivanovski

ОДРЖАА ЛЕКЦИЈА ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТ – во што е тајната на добивката од 31 милиони евра на УСЈЕ Титан

Sase Ivanovski

Чајот од мајчина душица е „мелем“ доколку имате болки во грлото: Ќе ви помогне полесно да ја надминете настинката

Sase Ivanovski

МУКАЕТОВ ПО 12 ГОДИНИ ЗАМИНА ОД ФУНКЦИЈАТА Александар Стефанов е нов претседател на Ракометната федерација

Sase Ivanovski

Како зборуваше Саша Поповиќ за Лепа Брена: Се појави со кадрава коса, пеги, како Џенис Џоплин…

Sase Ivanovski

Да го прекинам молкот на политичарите

Sase Ivanovski

ВИДЕО+ФОТО „Слободен печат“ на протести во Ниш: Молк, солзи, смеа и за милион години од студентите

Sase Ivanovski

Украден пиштол од шкафот на полицаец во ОВР Крушево

Sase Ivanovski

Туск: Европа полека согледува колкав парадокс е тоа што 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги одбранат од само 140 милиони Руси

Sase Ivanovski
Вчитувам....